Пак го читам Шпигел за суштинските причини за кризата. Едни ја лоцираат причината во неверојатниот систем на мито и корупција во Грција, во расипништвото, во неефикасниот даночен систем и затајувањето данок. Други пак основаната причина ја гледаат во себичноста на богатите, посебно условувањето од страна на Германија.
Факт е дека капиталот на грчките милионери и милијардери се наоѓа во Западна Европа (Лондон, Цитрих, Лихтенштајн, итн.) и се проценува на 550-600 милијарди евра (од нив се платија црните пари за изборите во Македонија, за петата колона во медиумите и разни НВО). Тоа е речиси два пати поголема сума од грчкиот долг.
Какпиталот во овие центри се враќа преку ново препрограмирање на долговите. Поентата тука е дека самиот систем е затворен круг во кој финансискиот крвоток за прерасподелба на боготството и селењето на капиталот се штитат преку нови извори на задолжување на најголоемиот дел на грашаните. Тоа е најважниот услов за кризата во Грција и во ЕУ. Овој принцип што владее во ЕУ има практична и долгорочна поддршка као општ модел на владеење преку контрола на системот на прераспределба -- една од најбитните карактеристики на фашистичките системи.
Меѓутоа дојде време на наплаќање на сметките, а без глобално вреднување и реакција не е можно ни глобално решение кое што сега се манифестира во ЕУ, а понајмногу во Грција заради тоа што е најкорумпирана. Грција е задолжена како целина и не може да смета на капиталот на индивидуалци или разни општествени групи, па затоа новата влада го терети додатно секој Грк да плати 1% до 5% од годишните примања за државата да избегне банкрот. Тоа значи додатно намалување на ионака ниските примања кај огромно мнозинство на населението, а додатно зголемување на богатството и моќта на најбогатите Грци.
Очигледно е дека "некој" целел Грција да ја доведe во оваа состојба, а исто така и останатите земји во ЕУ, но Грција како најкорумпирана и со најкорумпирана владеачка класа била најподатлива за таковиот развој на ситуацијата.
http://www.spiegel.de/fotostrecke/fotostrecke-69540-3.html