- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 592
- Поени од реакции
- 79
![](http://media.a1.com.mk/media/vesti200/sali-berisa.jpg)
Бериша истакна дека „главен приоритет ќе биде производство на електрична енергија од постојните извори на вода“.
Албанскиот премиер, Сали Бериша планира да се откаже од плановите, кои беа објавени минатата година, за изградба на голема нуклеарна централа, пишуваат весниците во Тирана.
Нуклеарката треба да ги задоволува потребите на земјата со електрична енергија, како и оние на соседните земји, како Италија.
Изградбата не би требало да започне да се гради поради случајот со нуклеарната катастрофа во Фукушима и одлуката на германскиот канцелар Ангела Меркел да се затворат сите атомски централи во Германија во рок од 11 години.
Бериша истакна дека за Албанија „главен приоритет ќе биде производство на електрична енергија од постојните извори на вода“.
Албанија е единствената земја во регионот, која би можела сто проценти да произведува и извезува електрична енергија од водните централи, изјави Бериша.
Тој побара од Европскиот фонд за поддршка на заеми поволни услови за инвеститорите за изградба на водни електрани.
Нашата цел е да се имаме 444 водни ветерници во целата земја, рече Бериша и додаде дека досега се потпишани 220 договори за изградба на хидроцентрали под концесија, а 36 централи веќе се градат.