Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
С

Спенсер

Гостин
Зашо алфиве не им прават ништо на едни двајца мои комшии од Ѓорче, близнаци, рекетари? (Дарк Кинг и БСМ ќе ме сфатат за кои се работи, не мора имиња)
Џену,распрашај се случајно да не се некои си братучеди на некој висок функционер :) онака,чисто информативно...

НАЛОГ т.е. Наредба се чека :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Пред да ме заколете, може да добијам информација дали постои интернет петиција? Барав не успеав да најдам. Благодарам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не знам што се чудиш околу идентификацијата, немал лична карта или било каков друг документ. Единиствениот начин да го идентификуваат биле преку отисоци од прсти кои ги имале со оглед на тоа што имал проблеми со законот претходно.
Кога вади човек лична карта му се земаат отисоци, така да секој полнолетен граѓанин на Р.М. има датотека со лични отисоци на прсти во МВР.

Не ти е ова Америка буразеру па само на тие со досие да имаат датотека со отпечатоци, си помешал лончина скроз.....
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25

Не се обидувам да извртам ништо, само ја согледувам ситуацијата онаква каква што е. На самиот почеток, односно во првата изјава со која се појави Котевски/МВР, беа наведените искази.
Fail. Котевски изјави дека случај воопшто нема пријавено.
Но сето тоа се смени откако ги добија резултатите на вештакот.
Fail. Дури нареднио ден котевски ја смени изјавата. После изјави на сведоци.
Значи првата изјава можеби беше грешка или беше според дадените извештаи на полициските службеници кои вечерта биле таму, а кои сега е веќе сосема јасно се обиделе да се покријат меѓу себе. Но после МВР веднаш се поправи кога имаше официјални информации од вештакот. ЗАТОА ТРЕБА ДА СЕ ЧЕКААТ И СЛЕДАТ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ, А НЕ ДА СЕ ПОДГРЕВА АТМОСФЕРАТА СО ШПЕКУЛАЦИИ.
Big Fail. Мвр се најде во небрано и се покри со доброволно пријавување демек.

Ако некој треба да даде оставка -- а јас сум цврсто против оставка бидејќи нема основа за такво нешто -- тогаш тоа е Јанкуловска (која се уште не е назначена за министерка) и тоа од морални причини. А никако заради шпекулации дека МВР прикривало докази и лажело. И никако пред да се реши случајот.
Прво :) ама после fail. Прекини да го употребуваш зборот шпекулација. Се се знае а истрагата тече премногу бавно. Шпекулираат само сител и про-владините медиуми кои сакаат да ја растоварат од одговорност јанкуловска. Луѓето знаат се'. Тие само бараат одговорност и ре(рас)формирање на алфите.
И како тоа "што" за земените искази? Па тоа ти кажува дека МВР си ја врши својата работа бидејќи сите сведоци се земени во обзир речиси веднаш. Да не беше сторено тоа, ќе држеше вода твојата критика, но не е така.
99% од тука мислат дека мвр не си ја врши својата работа како што треба. Не знам зошто е така :sneaky:

И ало, семејството на Мартин е во жалост, не може да се соземе а такви како тебе не им давате мир. Ако сме стасале до ова да згасне млад живот заради политика, тогаш и ние не треба да постоиме. Како да не сваќате дека со вакви коментари и испади им стварате само поголема болка наместо да им пружиме поддршка.
Семејството на Мартин се појави на тв. и бара одговорност. Дури и посочија од кого.
И ја би те замолил, пошто сите тука бараме нешто, кое според тебе е нереално и неиздржано да не уважиш па да ги наброиш сите работи кои според тебе треба да се бараат во протестот. Чисто како точки најбитните. Баш ме интересира...!
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Која трагедија еј, кога гледав изјавата на брат му на А1, ми се идеше ова да им направам
c016d5c073591f3b0e895a818b322d09.jpg
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Извини вака ама од каде си толку сигурен дека се работи за погрешни информации. Во Понеделник во 13 ч. телото е предадено на обдукција во судска медицина, во 15 ч. излегува Иво Котевски и кажува дека поима немале што се случува и дека имале некое дете на кое му се слошило на плоштад и замолува ако некој има информации за насилство да пријави. Дали ти веруваш дека тие таму некои полицајци ги имаат тие овластувања да предаваат сами тела на обдукција сами да пишуваат извештаи до јавност и така натака? И не мора да се закануваш со банови на секој што не мисли ко тебе
Aма разликуваш ли ти воопшто погрешни од неофицијални информации???

Значи, секој полицаец кога ќе му заврши работното време, има обврска да напише извештај за тоа како му поминал денот, дали имало акции, какви, зошто, итн.

Не се навредувај, но треба да си неук за да прашаш дали сами можат да го однесат телото на обдукција. Се разбира дека не.

Полицаецот кој го убил Мартин и колегите кои го покриваат, напишале во своите извештаи дека е пронајдено тело, па затоа тој бара информации. И сето ова беше на почетокот, аман, потоа кога доби офицјални информации, Котевски се поправи.


Доинформирај се или гледај некоја криминалистичка серија што се случува, зошто и зошто треба да се чека и да не се избрзува.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Член од
9 јуни 2011
Мислења
19
Поени од реакции
5
Сега гледав на А1 кажуваа за одредени одлуки на Внатрешната контрола и неможам да си поверувам на ушите: Возеле уапсен во багажник и на крај само добиле опмена а униформиран полицаец бидејќи на шефот не му кажал дека оди на пауза го казниле со уназадување за два чина. Па кога гледав ми текна и некој други извешати од внатрешна контрола во кои се велеше дека уапсениот не бил тепан туку сам си ја удриал главата од внатрешноста на марицата ....

Утре кога ќе биде протестот?
ЗА СКОПЈЕ
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Сега гледав на А1 кажуваа за одредени одлуки на Внатрешната контрола и неможам да си поверувам на ушите: Возеле уапсен во багажник и на крај само добиле опмена а униформиран полицаец бидејќи на шефот не му кажал дека оди на пауза го казниле со уназадување за два чина. Па кога гледав ми текна и некој други извешати од внатрешна контрола во кои се велеше дека уапсениот не бил тепан туку сам си ја удриал главата од внатрешноста на марицата ....

Утре кога ќе биде протестот?
За во кој град зборуваш?
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Јас не знам што ќе се случи но ги памтам примерите од 1991 па до сега кој се многу на број слични на овој. Како ќе се изведе тоа не знам туку као што кажав никој не верува дека полицаецот ќе биде осуден. Дали тој полицац знае некој тајни, или има врски или нешто друго е во прашање може да се нагаѓа но како се одвива настаните до сега никој не верува во правда па затоа џабе протестирате.
Протестот е искажување револт, праќање порака до општеството кое го игнорира проблемот со години, ништо не е за џабе. "Стоп за полициската бруталност", јас сум свесен дека секогаш ќе постојат исклучоци во полицијата (како и кај нас, така и во странство - никој не може да биде идеален во својата професија) кај кои што нема да допре пораката, но ќе ми биде мило барем еден од оние кои што се "брутални" да се вразуми и да си ја свати вистинската должност - па можеби ќе остави пример за неговите колеги и за идните генерации кои што ќе го чуваат јавниот ред и мир.

Сепак мора да се почне од некаде бидејќи со далинско во рака само канал се менува, додека со акција - макар и да е во форма на мировен протест со слабо медиумско покривање се прават промени.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Вака идат настаните за протести:


Време​


четврток, 09 јуни · 18:00 - 21:00


Локација​

споменикот на Мајка Тереза, ул. Македонија, Скопје



Време​


Петок, 10 јуни · 18:00 - 21:00


Локација​

ГРАДСКИ ПЛОШТАД- СТРУМИЦА



Време​


Петок, 10 јуни · 18:00 - 20:00


Локација​

На фонтана, кај музејот ( СОБИРНО МЕСТО ) Од таму сите заедно ќе се упатиме низ корзо, се до МВР.(во Битола)
Време

понеделник, 13 јуни · 18:00 - 20:00
Локација
Плоштад "Слобода"- Штип




 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Сега доаѓам од протестот што се одржа денес. Не знам дали некој пишал пред мене зошто немам време да ги листам страните назад. Ќе кажам само што беше кажано таму.
Прво да информирам дека треба на стотројка да оди во програма <EDITED> утре од 10 до 12 00 <\EDITED> часот емисија за сите овие случувања....може кој сака да се јави, да праша што го интересира, да даде мислење или предлог.....
--- надополнето: Jun 9, 2011 8:25 PM ---
Инаку друго што беше заклучено е:
- Утре да се излезе со соопштение до сите медиуми, во кое јасно ќе се стави на знаење дека протестите не се поврзани со НИЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА.
- Ќе се излезе со листа на барања, мислам дека беа 11 точки. Тоа всушност ќе биде и целта на протестите во иднина.
- Ќе се направи петиција за оставка(неизбирање) на актуелната министерка за внатрешни работи. Така да еве шанса на сите кои од разни причини не можат да учествуваат на протести, да дадат придонес кон истите.
Инаку утре во Скопје кај споменикот на Мајка Тереза, настаните ќе започнат од 12 на пладне (барем така кажаа), а главниот настан т.е протестите ќе започнат од 18 00.
Од 18.30 ќе има и навивачки протести како што кажаа, така да најверојатно ќе има окрупнување на масата...
Најбитно што се кажа е дека нашите протести се НЕНАСИЛНИ, и ако евентуално се случи некаков инцидент утре од страна на навивачите, сите оние кои протестираат од наша страна да не земаат учество во такви дејствија.
И да, главното...да се излезе во што поголем број...и сите што сакаат, да ја потпишат петицијата кога истата ќе биде достапна...се надевм во најбрз можен рок.

Ќе заборавев....има информации дека на фб се појавиле некакви групи дека протестите се откажуваат и не знам што...тоа е само за да се одвратат луѓето да присуствуваат на протестите, така да тие информации воопшто не се точни. (Немам фб да проверам, само кажувам како сум информиран).

Поздрав, и утре...и во наредните денови...во што поголем број на протести
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom