МПЦ и грегоријанскиот календар

  • Креатор на темата Креатор на темата Атеист
  • Време на започнување Време на започнување

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Возраст
62
Локација
Скопје
Зошто МПЦ не го прифаќа грегоријанскиот календар?
Уште поинтересно прашање, зошто кај православните верници има толкав отпор за промена на календарот, а самите се држат до него во „световниот“ живот?
 
1. Не го мешај световниот од црковниот живот кај верните: Црквата иако не е створена за овој и ваков Свет, Црквата битисува во овој и ваков Свет.
2. Опасноста од превземање на „другиот„ календар е опасност која Светие Оци ја посочуват веќе 200 г. по ред. Проблемот е следен: не во тоа што некој просто ќе го земе календарот, туку од последиците од тоа превземање. Кои се последиците, јасно е по примерите со Романија, Бугарија и Грција, кои како праволавни, ги слават истите празници како и другите помесни Цркви, но со две недели разлика! Кај тие Цркви, се јавија расколи, ради отпорот кон промените кои го даваа дел од тие Цркви. Уште поголема опасност се состои во тоа што превземањето на календарот е само мал чекор кон унијатството на Источната православна Црква со Римската: Римската тековно наоѓа модуси како да ја потчини православната Црква, со тоа што постојано подметнува евтини финти, кои Источната Црква сега-за сега лесно ги препознава и одбива.

Тековно, Света Гора, руската (со сето нејзнино влијание), српската и македонската помесна Црква го почитуваат постојниот минеј (верскиот календар).
 
Значи очиглдно или не разбра што прашав или не го знаеш проблемот.
Ај вака ти како православен христијанин да те прашам, на кој ден ја славиш нова година? На кој ден го прославуваш 1ви мај? Погледи во црковното календарче. Дали постот е до божиќ? Што јадете на 31ви декември и на 1ви јануари?
 
Она кое е очигледно, вели дека не си го разбрал мојот одговор. Тоа што верните/Црквата го користат и световниот календар, тоа не е проблем: ако погледнеш во малото календарче кое го издава МПЦ, ќе видиш дека деновите низ годината, се водат двојно, како „стар„ (црковен) и „нов„ (световен) стил. Празниците во и од Црквата се само нејзнини празници, кои немаат блага врска со световните празници. Така, верните не ја слават нит Нова година нит 1-ви мај, оти тоа се световни а не црковни празници. На 31 дек. и 1 јан., Цкрквата, т.е. верните, постат Божикен пост, а не световни лумперајки...На 31 дек. и 1 јан. не се случило ништо што ја засега Црквата, а на 7 јан. е Божик, денот на Христово раѓање.
 
Јустијанскиот календар е погрешен но што е интересно воопшто не е догматично ако МПЦ го промени календарот, во христијанските канони е запишано дека тој проблем е оставен на науката и дека секоја црква си одлучува кој календар ќе го користи, и нема потреба од унифицирање. (Пример Грците и Бугарите го користат грегоријанскиот календар.
Најверојатно МПЦ не го менува од традиционални причини, зошто и онака голем дел од верниците се повеќе инспирирани од традиционализмот отколку спиритуализмот па не сакаат да ги изгубат како муштерии да се изразам во бизнис сленг:).
 
Она кое е очигледно, вели дека не си го разбрал мојот одговор. Тоа што верните/Црквата го користат и световниот календар, тоа не е проблем: ако погледнеш во малото календарче кое го издава МПЦ, ќе видиш дека деновите низ годината, се водат двојно, како „стар„ (црковен) и „нов„ (световен) стил. Празниците во и од Црквата се само нејзнини празници, кои немаат блага врска со световните празници. Така, верните не ја слават нит Нова година нит 1-ви мај, оти тоа се световни а не црковни празници. На 31 дек. и 1 јан., Цкрквата, т.е. верните, постат Божикен пост, а не световни лумперајки...На 31 дек. и 1 јан. не се случило ништо што ја засега Црквата, а на 7 јан. е Божик, денот на Христово раѓање.
Точно заради болдираното и го поставив прашањето. А дека е така околу нова година, мало морген. Појди по кафаните на 31-ви декември и ќе видиш. На големо верните јадат свињетиња и се налеваат со алкохол до лудило. Ти можда не си во тие, ама огромен број е.

Убаво што посочи за црковниот и световниот каледар. тоа и првенствено ми беше прашањето, во него не е на 7ми божиќ, туку на 25ти декември. Значи треба црквата да прифати календар што целиот свет го користи, а не „католички календар“ како што посочи претходно. И таквата промена нема врска со никакво унијатство, оти тоа е како што и самиот кажа, световен календар а не католички календар.
 
1. Лично, не одам по кафеани во посните периоди, а уште помалку славам Нова година. Тиа шо са по кафеаните, ионака се световни луѓе, кои са надвор од Црквата и кои Црквата не ги занима-ним световноста им е животна опсесија.

2. Дали е Божик на овој или оној датум, тоа свештенството најдобро го знае. Ако Црквата одредила да се слави 7 јан. а не 25 дек. тоа за и во Црквата е закон. Што се случува надвор од Црквата, тоа е чисто световна работа, начин на живеење и однесување, кои не се во склад со вероучението.

3. Тоа што Светот слави свои празници на свои датуми, тоа е чисто световна работа.

4. Тоа со прифаќањето на „другиот„ календар, има и тоа како јака врска со унијатството-ради него постои отпорот во Црквата, оти чекот по чекор, најпрво преку каледнарот а после и преку наметнување на папскиот примат, Источната Црква би станала потчинета во однос на Римската.
 
1

Мене ми изгледа дека џабе везам на темава кога ме игнорираш како да сум Памела Андерсон со раскопчано тесно деколте до иконата на Арханџел Михаел
 
Гледам дека многу работи не ти се јасни. Ќе одам по твоите точки

1. Лично, не одам по кафеани во посните периоди, а уште помалку славам Нова година. Тиа шо са по кафеаните, ионака се световни луѓе, кои са надвор од Црквата и кои Црквата не ги занима-ним световноста им е животна опсесија.
Световни луѓе My ass. 90% Од нив се искажуваат како религиозни и православни. Ако така ги гледаш кои се верници кои не во државичкава ни покрај тебе и поповите (којзнае и они колку се „несветовни“) ќе најдеш уште 3ца православни, а можда ни толку.
А пак ти колку си „несветовен“ друго прашање.....
2. Дали е Божик на овој или оној датум, тоа свештенството најдобро го знае. Ако Црквата одредила да се слави 7 јан. а не 25 дек. тоа за и во Црквата е закон. Што се случува надвор од Црквата, тоа е чисто световна работа, начин на живеење и однесување, кои не се во склад со вероучението.
Колку не си знаеш за својата вера. МПЦ никогаш и никаде не одлучила да се слави на 7ми јануари рождеството христово туку е на 25ти декември, види го календарчето.
3. Тоа што Светот слави свои празници на свои датуми, тоа е чисто световна работа.
Ко демек ти не ги славиш????
4. Тоа со прифаќањето на „другиот„ календар, има и тоа како јака врска со унијатството-ради него постои отпорот во Црквата, оти чекот по чекор, најпрво преку каледнарот а после и преку наметнување на папскиот примат, Источната Црква би станала потчинета во однос на Римската.
Повторно ќе ти кажам, разликата во календарите е од „световна“ причина. За да можеме да се разбираме луѓето во цел свет, кој датум е, е прифатен грегоријанскиот календар. Не го измислија католиците. Друга работа е што папата Грегорије бил католик. Од цел свет е прифатено и во муслимански и будистички и во хиндуистички........ За да се разбираме за кој ден се работи.
 
Де бе па и Ти, па то Памела на срце ми лежи, каква игноранција, разбираш...:cool:

А каде сум Те игнорирал, дај посочи, може стварно тоа да сум го направил.
 
Ако за некоја година се прифати грегоријанскиот календар од МПЦ, ме интересира каква песна ке гуслаш тогаш.
 
Мики не можеме да се разбереме тоа е поинаков пристап, Brain Damage / Eclipse и се е црно отаде месечината за тебе, јас ќе се подиставам да му напрам малку место на DBack зошто гледам сега се има логирано и е расположен за шамарење:) да не ме заплеска и мене во нервозата.
 
Јас немам отпор спрема новиот календар, жива глупост е да живееш по нов, а да славиш црковни празници по стар. Прво славиш нова година па божиќ. Се надевам дека бргу ќе дојде денот кога ќе го прифатат новиот календар.
 
Ако за некоја година се прифати грегоријанскиот календар од МПЦ, ме интересира каква песна ке гуслаш тогаш.

Совршено ми е јасно дека Македонија, ако некад дојде пред ЕУ, ќе биде јако притисната за да го прифати „другиот„ календар. Што ште бде, ште видиме...

1. Тоа што некој вербално или на „папир„ вели дека е православен, тоа не е мој проблем, туку негов.
2. Колку сум јас (не)световен, тоа не е Твој проблем, туку мој и личен.
3. МПЦ е помесна Црква па затоа се поведува по одлуките кои целата Вселенска Црква ги има донесено. МПЦ сама од себе, нема воведено новотарии.
4. Јас лично, не се замарам нит со 8-ми мрат, нит со 1-ви мај, нит со Нова година, а тие денови, како неработни, добро ми доаѓаат за да ги завршам моите приватни работи и нтереси.[/quote]
5. Црквата се раководи по црковне и а не по световни интересеи и за таа цел, го користи „стариот„ стил на сметање на годината.

И денес постојат и поинакви календари, како на пример: муслиманите имаат своја Нова година, кинезите исто така, а тие не се раководат според оптшо пифатената нова година на 31 дек./1 јан.
 
Совршено ми е јасно дека Македонија, ако некад дојде пред ЕУ, ќе биде јако притисната за да го прифати „другиот„ календар. Што ште бде, ште видиме...

1. Тоа што некој вербално или на „папир„ вели дека е православен, тоа не е мој проблем, туку негов.
2. Колку сум јас (не)световен, тоа не е Твој проблем, туку мој и личен.
3. МПЦ е помесна Црква па затоа се поведува по одлуките кои целата Вселенска Црква ги има донесено. МПЦ сама од себе, нема воведено новотарии.
4. Јас лично, не се замарам нит со 8-ми мрат, нит со 1-ви мај, нит со Нова година, а тие денови, како неработни, добро ми доаѓаат за да ги завршам моите приватни работи и нтереси.
5. Црквата се раководи по црковне и а не по световни интересеи и за таа цел, го користи „стариот„ стил на сметање на годината.
1. Колку заради броењето на православните во Македонија кој ти тврдеше дека е незнам колкав
2. Искрено ама баш к.р не ме заболе за твоите проблеми. решавај си ги како знаеш и умееш
3. Ич нема воведено новотарии. Освен што самата МПЦ е новотарска (да не речам секта)
4. Приватни работи да, световни
5. црковните и световните работи онаму кај што се среќаваат, треба да се усогласат. инаку нема да се разбираме, по црквата денес е 27ми мај
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom