Успешна кариера во Македонија?

Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
хехех како си ме насмеал..Не ме Зезај ти е омилена фраза и Тапа муабет хехехехехехеххе АЈт
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.814
Поени од реакции
11.435
Мисловна именка.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
кој е тапа муабет бе????Како може шумарски инжењер да работи како кравар.Оди види дали го има тоа во Германија.
E тука си во право. Зато сите македончиња ко ќе одат Германија, само директори работат...
Колку и да ја познава струката и ич да не ја познава за него има работа со тек на времето ќе се научи, ако се научи ќе напредува ако не ќе биде поттрчко цел живот на некој што се научил ама нема да биде Говедар!
Шо те гледам смешен...Ко прво, Германија не е Македонија. И неможи секој да заврши факултет. За тие што ќе завршат, пеки, има тест период да поработи некаде. И тоа од факултет ја наоѓаат работата. Ама немој да мислиш дека тие таму се будали и не знаат да те одценат колку вредиш. За 3 дена ќе имаат слика дали имаш шанса да напредуваш или не. А ако не те бива дека бидиш „поттрчко“ до крајот на животот (од калибарот нишај врата земај плата) малку морген.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Proud_89 и tresokurec седете мирни и дискутирајте на темата, а не да се препукувате. Ако видам уште едно оф - топик мислење ќе бришам одма.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
4
Поени од реакции
3
Да, факт е дека луѓе со солидно образование кај нас често работат нешто што не им е по струка, но дали е тоа така затоа што навистина не може да се најде работа во Македонија? Дали врските имаат пресудна улога? Или во поново време кога секој сака што е можно повеќе да заработи, сепак внимава на тоа кој вработува и колку е истиот квалификуван?
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Зашто да не? Не сме убер затуцана земја со опаѓачка образовна прогресија, сепак се наоѓаат и правите луѓе на соодветни места и без партиска книшка или врски. Никако не го негирам фактот дека скоро секаде книшчето си владее, како и кај нас, ама па и не гледам ептен песимистички на градење кариера тука. Ако си добар и се трудиш, задолжителен е просперитетот.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Немој да мислиш дека во Германија се е розево!
Јас имам чистачка Германка, плус цело време враќаме азиланти од таму. И исто сите викаат , во Германија не е розово. Или обратно беше, не ми текнува сега.
--- надополнето: Jun 8, 2011 10:31 PM ---
Дали врските имаат пресудна улога?
Да
--- надополнето: Jun 8, 2011 10:32 PM ---
Не сме убер затуцана земја со опаѓачка образовна прогресија, сепак се наоѓаат и правите луѓе на соодветни места и без партиска книшка или врски.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
14
Поени од реакции
3
Да, факт е дека луѓе со солидно образование кај нас често работат нешто што не им е по струка, но дали е тоа така затоа што навистина не може да се најде работа во Македонија? Дали врските имаат пресудна улога? Или во поново време кога секој сака што е можно повеќе да заработи, сепак внимава на тоа кој вработува и колку е истиот квалификуван?
...еееј, се развила темава... Врските како врски се пресудни во јавна администрација или слично... Можеби и на други места... Но, квалификациите како такви се пресудни за работењето, за секојдневното извршување на обврските и за напредување во компанијата...
--- надополнето: Jun 9, 2011 10:00 AM ---
...а за тоа со говедарот и слични приказни: па не секој е правилно квалификуван во сопствената струка. Да земеме пример ете, од економијата- само таму имам право да образложувам- моја струка е- ти имај колку сакаш завршено образование- ако не си соодветен за работното место - и да те примат- нема долго да работиш на истото. Знаењето е клучно. Е сега, за некои видови образование има гаранција дека знаеш- кај професионалното образование е така- ако се сертифицираш за одредена работа на глобално ниво- ти МОРА да го имаш знаењето. Пример, ако студираш или имаш завршено ACCA (Association of Chartered Certified Accountants) ти го имаш знаењето, а да си полноправен член го имаш и искуството за да работиш одредена работа. Исто и со CIMA (Chartered Institute of Management Accountants). А кој ти гарантира што знаеш да работиш ако си завршил на Економски-Скопје (како јас, на пример) или на ФОН или Европски... На работодавците им одговара да знаат што ти знаеш, и да не проверуваат што знаеш. Е, ако те земат да работиш, направат грешка во проценката- а ти не знаеш- губат и време и пари- затоа те земаат на пробно неколку месеци... За подобрите позиции не можеш веднаш да си топ- не се станува директор преку ноќ... Па, освен ако немаш вујко владика, ама господин господин некој :)
--- надополнето: Jun 9, 2011 10:02 AM ---
... и стварно ме погоди темава, нешто паметно да видам на форумов, иако сум нов...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
За секого има место под сонцето... само прашање е дали личноста ќе ги засука ракавите и ќе работи за да се докажи (некогаш и за џабе, да неречам без заработувачка) или ќе дреми со коментарот дека нема работа во Македонија. Никој од дома нема да ти речи бујрум ќе те туриме директор. Се се стекнува со труд.

Друга работа... што мислите, сите ќе работите по професијата? Дај боже да е така, ама не е. И не е тоа само кај нас, секаде во светот е така. И пак се вртиме на погорното... боље ишта него ништа, рекле комшиите на север и се во право. Колку информатичари, економисти, правници има што завршиле па кој работи таксист, кој земјоделец...

Вработи се на некое друго место, а во меѓувреме барај работа во банка... И не ме гледај мене, јас можеби имам вујко владика, па со една песна ги решава проблемите. Гледај ти што можеш да постигниш. А со седење дома, напредокот во кариерата ти е 0.

И нешто околу болдот: немојте да си мислите дека со едно парче хартија (сродно со тоалетна) можете да се сметате за ПРЕквалификовани. Оти животното школо се брои. Што ти пишале во индексот, никој нити ќе те праша нити ќе го интересира.
Edna rabota e ziva vistina...nikoj nema od doma da dojde i da ti ponudi rabota...jas baram, i ke baram, a vo meguvreme ne sedam doma, volontiram, odam na praksa, znachi se nadevam na se zivo i divo, networking i se ostanato, i baram i ke baram i znam deka ke najdam...ali preku vakvoto mi e koga ke mi kazat: ej abe ne apliciraj- toa mesto ti e veke popolneto....ali kaji da e imam feeling deka ke vi se pofalam vo skoro vreme deka se pronajdov sebesi , na pozicija kakva sto sakam ( samo se plasam da ne e nadvor od MKD :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
kaji da e imam feeling deka ke vi se pofalam vo skoro vreme deka se pronajdov sebesi , na pozicija kakva sto sakam ( samo se plasam da ne e nadvor od MKD :)
Битно е да се пронајдиш... иако некогаш за тоа треба да подостариш. Инаку, каде ќе се пронајдиш и не е така битно. Што ако е надвор од Македнонија? Ако сакаш да се вратиш по 3 - 4 години, ќе се вратиш со одлични препораки. Тогаш искуството нема да ти биде никаква препрека.

Мада мое мислење е дека ако заминиш од тука, ќе се вратиш... на одмор еднаш на 5-10 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom