Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.400
Поени од реакции
6.021
Протестот е против полициското насилство кое се применува неправедно . Незнам што е тука тешко да се сфати?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Дали намерно повторно е извртено моето мислење? Каде спомнав дека добил право да го убие? Дали имаш сериозни психички проблеми? Дали добро го познаваш македонскиот јазик?

Не, нема право да одземе никој ничиј живот, и тоа го кажав 1000 пати Мачорке. Ама кој да прочита, нели?
Кажав дека нема да протестирам и против ОНИЕ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ А ВАШИОТ ПРОТЕСТИ ГИ ОПФАЌА И НИВ. МОЈАТА ЕТИКА МИ ЗАБРАНУВА ДА ГИ СТАВАМ ВО ИСТ КОШ СИТЕ И ДА ПРОТЕСТИРАМ ПРОТИВ СИТЕ. ЌЕ ПРОТЕСТИРАМ КОГА ЌЕ ДОБИЕ УБИЕЦОТ ОЛЕСНУВАЧКА КАЗНА.

Мене ми се приоритет социјалните случаеви, насилството во семејството и правата на животните.
Тоа ми е приоритет, за тоа протестирам и за тоа имам конечно мислење и став.
Дека социјалната служба кај нас не функционира, погрешен министер, погрешни кадри. Мислам дека ЈП КХС работи лошо, дека Коце е лош градоначалник, дека Вардариште работи погрешно.
Против тоа се борам.

Ќе се борам и против било каква олеснителна околност за тигаров и неговите соучесници.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:10 AM ---

Да, и токму поради тие полицајци КОИ ПРАВАТ ДОБРО, нема да протестирам. Нема да протестирам против полицијата глобално, можам само против одредени групи. Полицијата глобално ја почитувам.
Нема потреба да се дереш и навредуваш, и протестот не е против сите полицајци,туку против полициската бруталност и сите кои се обидоа да ја заташкаат.Ама кој да прочита нели?И претпоставувам дека на сите веќе ни стана јасно дека имаш некој близок кој е вработен во МВР,на темава си крајно субјективна
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Протестот е против полициското насилство кое се применува неправедно . Незнам што е тука тешко да се сфати?
Направете некаква програма. Зошто да излезам на протест? Објаснете. Потенцирајте. Вака, не е праведен ниту вашиот протест. Прочитав се и сешто, ама воглавно сите што протестирате се вртите околу ова:
1. Протестираме за смртта на Мартин
2. Протестираме за неколку вакви случаеви
3. Протестираме против полицијата, против Јанкулоска, против Груевски, против ВМРО, против СДСМ, против Бранко...........

Имаше од се по нешто.
ШТО Е ВИСТИНАТА?
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
Тешко.
Вмровциве нема да протестираат зошто опозицијава го партизира настанот.
Јас нема да протестирам против целата полиција, ниту ќе скандирам дека земјава е диктаторска.
Затоа нема да одам на протест.
Ние не знаеме поинаку да живееме, освен партиски.
Мартин умре, а сите се загрижија што братот Љубе бил уапсен. Опозицијата ведаш почна - ма тоа е политички, тој е невин.
Мартин умре, на сите Груевски им стана крив, цела единица Алфи, и сите полицајци во Македонија.

Јас имам плачено во многу прилики (зошто мн. јадам буреци против важни личности па лошо ме снаоѓа од нивните пушикурци) и знам колку полицијата ми има помогнато во такви случаеви.
И токму, да, на протести, и тоа мирни, кога некој мој неистомисленик се обидува да ме нападне.
Како да протестирам против овие луѓе?

Оние другите, да можам ќе ги запалам, лично ќе ги убијам. Ама не можам и не сакам да протестирам против овие првите, овие чесните.
Тоа е тоа, но со седење дома и јадење бурек на форуми не се менува ништо, освен можеби бојата на подочњаците. Доколку сакаме да живееме како што живее цел слободен свет мора прво ние да се смениме, да се научиме да размислуваме разумно и логички, да се отчлениме од партиите, да престанеме да гласаме комплетно за да мора да се реформираат партиите од корен, да сфатиме дека со 2 -3 часа дерење низ градот ништо нема да се смени, да ги гледме работите неутрално и ред други работи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Нема потреба да се дереш и навредуваш, и протестот не е против сите полицајци,туку против полициската бруталност и сите кои се обидоа да ја заташкаат.Ама кој да прочита нели?И претпоставувам дека на сите веќе ни стана јасно дека имаш некој близок кој е вработен во МВР,на темава си крајно субјективна
Ете наведов погоре како се вртат вашите ставови. Твојот е дека не се протестира против цела полиција, на некој е дека протестира против сегменти на полицијата, трет против министерката, четврт е анархист па протестира против било каква власт, петти протестира само зошто ВМРО е на власт, шести веќе не знам зошто...........

Не сум субјективна.
Само не заборавам брзо.
Не заборавам што се преживеаа нашите полицајци 2001 година.
Не заборавам колку од нив работат преопасна работа, за мизерна плата.
Не заборавам колку од нив го работат тоа што го работат, од љубов кон оваа земја.
Како што јас ништо не правам за своја лична корист, туку за користа на оваа земја.

Чуди се, смеј се, не верувај. И онака познавам едвај 10 души што мислат дека нашата земја е поважна од нашите индивидуални користи. Ама ќе сте се откажувале од државјанство македонско ради власта, читам.
Епа мене тоа ме повредува, и не сакам да бидам ставена во ист кош со оние кои не го почитуваат горе наведеното.

Ако протестите престанат да бидат политизирани, и сите знаеме за што протестираме, а не секој за што посакува, ќе се приклучам.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Протестот е против полициското насилство кое се применува неправедно . Незнам што е тука тешко да се сфати?
Тешка е да се свати бесмисленоста на протест без цел...повторувам, ако нема барања, нема што да се исполни. Како ќе измериш дали полицијата е помалку насилна? И како ќе бидеш сигурен дека нема тоа да трае месец дена и повторно да се вратат на истото?
Ви треба интелектуална поддршка, луѓе кои се познавачи на политика и право и сл., а не само народна маса.
 
T

Tetro

Гостин
Направете некаква програма. Зошто да излезам на протест? Објаснете. Потенцирајте.

Некои политички муабети
Имаше од се по нешто.
ШТО Е ВИСТИНАТА?
Вистината дома изгледа бледа. Насилството кое владее низ улиците нема да го дознаеш ниту преку Сител, ниту преку А1, ниту преку Канал 5,.... (наброј повеќе ако знаеш)...

Излези на улиците за да видиш што се случува.

Излези на улиците да ја видиш реалноста.

Вака, седејќи дома, не си ништо повеќе од политичарите, кои ја направија оваа ПОЛИЦИСКА држава.
Не сум против полицијата, но сметам дека ги има во преголем број. И ќоро и сакато ставија под државна капа, додека буџетот се топи и брзо ги снемува парите од државната капа.

До кога ќе живееме во "банана" држава? До кога?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Направете некаква програма. Зошто да излезам на протест? Објаснете. Потенцирајте. Вака, не е праведен ниту вашиот протест. Прочитав се и сешто, ама воглавно сите што протестирате се вртите околу ова:
1. Протестираме за смртта на Мартин
2. Протестираме за неколку вакви случаеви
3. Протестираме против полицијата, против Јанкулоска, против Груевски, против ВМРО, против СДСМ, против Бранко...........

Имаше од се по нешто.
ШТО Е ВИСТИНАТА?
Значи, по не знам кој пат, протестот е против полициската бруталност,не знам зошто ти е толку тешко да го сфатиш тоа,а и не знам кој би ти правел некакви програми,кога сто пати кажа дека тоа што се случи не е доволно да излезеш на протест,во ред твое право е никој не те тера со сила.Едноставно не можам да верувам,млад дечко беше крвнички убиен,сето тоа беше заташкувано додека се можеше, и на некои луѓе им требаат програми,објаснувања и потенцирања, за да сфатат зошто е протестот.Тажно
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
Вистината дома изгледа бледа. Насилството кое владее низ улиците нема да го дознаеш ниту преку Сител, ниту преку А1, ниту преку Канал 5,.... (наброј повеќе ако знаеш)...

Излези на улиците за да видиш што се случува.

Излези на улиците да ја видиш реалноста.

Вака, седејќи дома, не си ништо повеќе од политичарите, кои ја направија оваа ПОЛИЦИСКА држава.
Не сум против полицијата, но сметам дека ги има во преголем број. И ќоро и сакато ставија под државна капа, додека буџетот се топи и брзо ги снемува парите од државната капа.

До кога ќе живееме во "банана" држава? До кога?
Значи сега бараме да се намали бројот на полиција? За тоа протестираме, јас да се согласувам дека на 2мил. народ толку полиција е премногу, но дај да се одлучиме што конкретно бараме преку протестот.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:38 AM ---
Значи, по не знам кој пат, протестот е против полициската бруталност,не знам зошто ти е толку тешко да го сфатиш тоа,а и не знам кој би ти правел некакви програми,кога сто пати кажа дека тоа што се случи не е доволно да излезеш на протест,во ред твое право е никој не те тера со сила.Едноставно не можам да верувам,млад дечко беше крвнички убиен,сето тоа беше заташкувано додека се можеше, и на некои луѓе им требаат програми,објаснувања и потенцирања, за да сфатат зошто е протестот.Тажно
Што конкретно бараме од Министерката за внатрешни работи за да се елиминира бруталноста на полицијата? Мора да бидеме конкретни. Психо тест за цела полиција? Отпуштање на полицајци со историја на бруталност? Дефинирај па стисни пост немора да се повторуваш
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.400
Поени од реакции
6.021
Направете некаква програма. Зошто да излезам на протест? Објаснете. Потенцирајте. Вака, не е праведен ниту вашиот протест. Прочитав се и сешто, ама воглавно сите што протестирате се вртите околу ова:
1. Протестираме за смртта на Мартин
2. Протестираме за неколку вакви случаеви
3. Протестираме против полицијата, против Јанкулоска, против Груевски, против ВМРО, против СДСМ, против Бранко...........

Имаше од се по нешто.
ШТО Е ВИСТИНАТА?
Протест душо , не сум задоволен од нешто одам на протест . Има одговорни што треба да го решат проблемот ( а не јас програма да му понудам како би бил решен) за да се тргне народот од улица . Се додека не го решат (како знаат и умеат) народ ќе има на улица.

ти си знаеш најдобро за тебе ,нема што јас да те присилувам да излезеш ,само едно не ми е јасно -зошто го трошиш времето на темата (не сум вегетеријанец - па не пишувам во темата за вегетеријанци)? Билдање на егото е во прашање или некое ми се допаѓа плус?
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Значи, по не знам кој пат, протестот е против полициската бруталност,не знам зошто ти е толку тешко да го сфатиш тоа,а и не знам кој би ти правел некакви програми,кога сто пати кажа дека тоа што се случи не е доволно да излезеш на протест,во ред твое право е никој не те тера со сила.Едноставно не можам да верувам,млад дечко беше крвнички убиен,сето тоа беше заташкувано додека се можеше, и на некои луѓе им требаат програми,објаснувања и потенцирања, за да сфатат зошто е протестот.Тажно
Значи на излеземе и да кажеме "дај бе не бидете толку брутални"....и Јанкуловска ќе рече "важи бе помалце ќе тепаат од сега натаму џандариве" и сите ќе бидеме среќни ??

Смешно...не е ни чудо што нашиот народ е лесен за манипулирање, ни самите не знаеме што сакаме и зошто излегуваме на протест.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.400
Поени од реакции
6.021
И јас не мешам политика ,вие мешате ,барате влакно во јајце за да го оправдате неодењето на протест .
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Значи сега бараме да се намали бројот на полиција? За тоа протестираме, јас да се согласувам дека на 2мил. народ толку полиција е премногу, но дај да се одлучиме што конкретно бараме преку протестот.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:38 AM ---

Што конкретно бараме од Министерката за внатрешни работи за да се елиминира бруталноста на полицијата? Мора да бидеме конкретни. Психо тест за цела полиција? Отпуштање на полицајци со историја на бруталност? Дефинирај па стисни пост немора да се повторуваш
Барам фајде од Алфи.
Од дибеци шо немаат ни средно завршено и прават повеќе штета одколку корист на работното место.
 

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
Треба реформаторите да спроведад реформи во полицијата. Да не ги мешам у муабет но после ова ако не сменат нешто тоа значи дека не се ништо по чисти од сторителите.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.400
Поени од реакции
6.021
Значи на излеземе и да кажеме "дај бе не бидете толку брутални"....и Јанкуловска ќе рече "важи бе помалце ќе тепаат од сега натаму џандариве" и сите ќе бидеме среќни ??

Смешно...не е ни чудо што нашиот народ е лесен за манипулирање, ни самите не знаеме што сакаме и зошто излегуваме на протест.
незнам кој е повеќе изманипулиран , дали тој што оди на протест или ти што седиш дома и си ќутиш....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom