- Член од
- 18 октомври 2010
- Мислења
- 1.824
- Поени од реакции
- 6.093
Најискрено, неможам да ви опишам колку сум среќна што не само што беше мирен протестот, туку немаше никаква политичка позадина. Дали имало активисти од опозиција нит знам нит ме интересира, немаше политички транспаренти, целото иссвиркување беше наменето за полицијата. За што всушност и си беше најавен протестот, само ептен приврзаниците на власта сакаа да прикажат дека е опозициски (што мене ми е нелогично, завчера завршија изборите, и што би постигнале сеа, предвремени избори?!) Небитно.
Значи убаво си тргнавме, цело време се надодаваа луѓе, и стигнавме во близина на МВР. И таму редови полицајци, и позади нив, пази молим те, оклопни возила, као ние незнам што ќе праиме овде. И почнавме свирења и скандирања против полиција, оние - џандари педери, убијци, и слично. Ама бидејќи не ни дозволија да одиме до пред зградата на МВР, тие со мегафоните, (мислам од Хелшински комитет дека беа) предложија да продолжиме мирно по улицата, што и се деси, малце се разделија две групи, ама после се споивме пак. И по улицата стигнавме до зградата на премиерот, и нормално и тука наредено џандари, ама немаше оклопни возила И замислете, никој не го ни спомна премиерот, нити па влада, имаше свирење и истите скандирања против полицијата (со ова против полицијата се мисли на противправната самоволна употреба на брутална сила од страна на полицијата) неколку минути и толку, си продолживме накај стара железничка, па низ улица Македонија, и веќе на плоштад беше ептен расцепкана масата, пошто не не собираше сите одеднаш (цел плоштад е зафатен). Од таму продолжија една група накај суд, понатака незнам.
Значи се виде, дека ако сакаме, сами може да се организираме и да покажеме дека не е битно која е власта, ама нека си ги држи кучињата на ланец.
РИП Мартин!