Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Oд извесен Марко наумов

текстот го напишал тука

http://www.facebook.com/home.php?sk=group_134130019998246

Во оваа група е изворот на текстот, односно Зоран Божиновски.

И стварно е жално и срамно да се меша политика при ваква трагедија, а без трошка срам се користи баш за такви цели.
 
епа баш поради тоа...сега бил тигар...утре ќе биде некој алфа...и секој пат ли ќе се излегува со ставот-не осудувајте цела екипа поради ЕДЕН

Моето мислење ќе остане такво,зашто знам кои и што се прави во единицата...

Секако дека го осудувам ова што тој некој си Игор го направил,кој според информациите е некој си џамбаз близок до Урко/... и да сакаат,неможат да го избркаат од единицата (знаеме поради што)... и на крај,се се сведува на една работа,а таа е строго забранета на форумов :)
 
Кои криминалци бе Гиго? што тропаш глупости коа нема везе... според постапките на ЕДЕН неможеш да осудиш цела ЕКИПА!
Епа штом такви нешта прават тие се криминалци.А тоа штом веќе еден го направил тоа целата единица веќе го добива тоа име сега и тигрите како ЕБР се криминалци.Бидејќи ЕБР го демолираа клубот и тогаш го сменија командантот.ПОЛИЦИЈА-КРИМИНАЛЦИ
 
Според текстот што е во постот на Syn специјалецов бил испратен на задача од страна на Урко затоа што вика дека е еден од најдоверливите негови луѓе.Со тоа уште еднаш се докажува тоа што го кажав неколку пати т.е дека ЕСЗ Тигар нема никаква врска со настанот.
На ТВ е доста лошо прикажана веста и џабе се прља името на ЕСЗ,а според мене е така само за да не се спомне дека Игор е човек на Урко кој е обезбедување на ...

Нека почива во мир дечкото и виновник за неговата смрт нека биде казнет соодветно со законите на Р.М
 
Дечкото кој го направил тоа се пријавил сам што зборува дека сепак имал совест и доблест да признае што направил. Според Иво Котевски момчето кое е починато има дебело криминално досие во полиција па сиостемот го препознал според отпечатоците. Сега најмногу ме интересира кој ќе одговара за давање на лажни информации прво околу идентитетот на загинатиот? Потоа зошто сега очевидецот вели цитирам “ вчера бев кај Даниел и видов дека е стварно жив“ , а извесниот Даниел го нема никаде да се појави... Многу мистерија има тука
 
Не е сосема во темата ама и тогаш полицијата поднесе тужби за настаните пред амбасада на Грција за протест организиран на плоштад (неколку стотици метри раздалеченост) и секако одма политички се направија работите иако постојат јасни докази за спротивното (документи, слики, видеа, сведоштва ....) - ИСТ е случајот и со овие протести ...

Проблемот е во непрофесионалното однесување на медиумите кои со својата верност кон одредени структури го перат мозокот на граѓаните!
Овој пат очигледно не баш им успеа ... и се случува ова што се случува ...
Се надевам дека сето ова ќе прејде во масовен протест. Петок е совршен термин, и таман има време да се организираat паралелни протести низ цела држава. Проблем е што ниту едно здружение или некој влијателен човек (а партиски необоен) не се нафаќа и нема да прифати да биде задолжен/о за организација. Оставени сме сами на себе, со 50 ден. во џеб да се организираме, ама тоа не значи дека не можеме. Останува да ја шириме веста, а и малку провокација до стариве што ги имаме по дома, е повеќе од потребна. На крај краева, не ли им' е гајле за своите чеда?
Како и да е, после ова, дефинитивно треба да се премине на протест и бојкот против медиумите. Тие се најголемите виновници и најмоќните средства за креирање поделби меѓу нас и за вадење од контекст на било кој настан покренат од граѓаните. Што и да направиме, додека некој медиум има моќ да ни' препише било каква лажна цел, а да помине несанкциониран, нема да има никаква промена. Нормално, мирни протести (барем за сега :p)
 
Да да, знам, т.е. за ФА знам, за Комитиве освен еден другар што видов друг не, моменталните гарнитури од горе не ми се добро познати, само овие отидоа апла у први борбени редови па почнаа од толпата да им удираат преписки дека се дојдени само за да направат инцидент, што е уште една констатација која се потпира на неинформираност !

Почивај во Мир Мартине, никогаш нема да бидеш заборавен, а за вас/нас, обичните граѓани, запамтете, во Неделата вечер беше Мартин, денес може да биде вашето дете, син, ќерка, брат ,ВИЕ ...
Во секоја земја за ваков настан на државата и се случува народ, ова е убиство од лице вработено во МВР, ова е убиство направено од оној кој се грижи за ред и мир во државата, оној кој е обврзан да го чува уставниот поредок на оваа земја, ова убиство е направено од ДРЖАВАТА ! Тоа го потенцираше и мајката на Мартин, ова не смее да биде заборавено, ова не смее да биде преќутено, со вашите тастатури и мауси буквално ништо не можете да направите, сите оние кои сакаат јавно да го изразат својот револт тоа можат да го направат за време на закажаните протести.

Замислете апсурд, замислете апсурд во 21 век, повеќе од 24 часа МВР како институација која ПРВА доаѓа на место на злостор не лаже дека детето нема модринки а се испоставило дека било изгазено крвнички, ЗОШТО ? Вечер и Сител кои први СЕ дознаваат 24 часа молчат и не известуваат буквално ништо во врска со овој настан, ЗОШТО ? Таткото на убиеното дете бил молен да не кажува, ЗОШТО ?
Па дали сте свесни само колку се вреѓа интелигенцијата на овој народ со ова ? Ма баталете политики, ова било карактеристика и во минатото, но Мене и Тебе, како граѓани на оваа држава ни е должност да издејствуваме ова да не биде карактеристика во иднината, потенцирам, со тастатурата и маусот ништо не правите, ќе поминат 2-3 дена и Се ќе биде заборавено што е најлошото можно сценарио во моментов, најлошото можно сценарио до следниот ваков настан што не смее да се случи, не смееме да дозволиме да се случи.

Е ДОСТА БЕШЕ, ДОСТА, се гледаме на нареден протест ...
Ова убиство ниту е нарачано од некоја државна институција,ниту некој владин,полициски претставник го нарачал туку е дело на некој искомплексира,дебилна,кретенска,злонамерна личност и затоа воопшто не смее ,не треба да се третира како убиство од државата.Кога истрагата ќе докаже дека некој претставник од влада,полиција го нарачал убиството тогаш може да зборуваме за убиство.Неможеш да бараш колективна одговорност за некое дело коешто го извршил поединец.Друго е кога би имало студентски,работнички протести и владата нареди полицијата да тепа крвнички и бесмилосно.Тогаш можеш да бараш одговорност од државата,министерката,полицијата,а вака не.Тигарот што убил тој ќе си ја сноси вината и ќе си одговара пред законите затоа што тоа е негова постапка,а не на никој друг.
 
Епа штом такви нешта прават тие се криминалци.А тоа штом веќе еден го направил тоа целата единица веќе го добива тоа име сега и тигрите како ЕБР се криминалци.Бидејќи ЕБР го демолираа клубот и тогаш го сменија командантот.ПОЛИЦИЈА-КРИМИНАЛЦИ

Незнаеш што збориш детееее!
 
тие тепачите се Алфи,не Тигри. има разлика,и тоа голема, затоа така пишав/
Нема врска Блаже грешиш ТОА Е ТИГАР И СЕ ВИКА ИГОР СПАСОВ.И што, зборуваш додека не си припадник на таа единица не знаеш ништо за неа само така зборуваш демек нешто знаеш.Не го велам тоа за тебе туку за сите други и за мене самиот.
--- надополнето: Jun 7, 2011 6:51 PM ---
Незнаеш што збориш детееее!
Знам бе детеееее
 
Мали ај смири хормони ... ќе летнеш тазе на бан!

I niso ne rekov loso samo TOA E RELNOSTA. Ne e bitno koj e dali e alfa ili tigar bitno e toa sto deteto go ubija i na svite ni jasno deka e ova e policska drzava i se dodeka e taka ima da se slucuva ova.
 
Според мене не треба никакво распуштање на единицата Алфи затоа што дадоа и доста добри резултати во борбата со криминалот.Поради нивна заслуга многу криминалци и се најдоа зад решетки.Кога се воведоа како единица криминалот се намали за 50% до 2011 година.Потребна е само една добра ревизија кој треба да биде таму ,а кој не.Треба едно сечење на нивните крилја да знаат до кај им се надлежностите и да не ги преминуваат границите.
 
Најмногу ме боли зашто го молеле таткото да не кажува и да МОЛЧИ?!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom