Z
zmej gorjanin
Гостин
А па ја не верувам дека сам се пријавил, сигурно колегите се солидаризирале со него пошто тоа значи и олеснителна околност на суд. А пошто Иво Котевски лажеше народ треба да има санкции и за повисоки нивоа и структури во МВРОва звучи многу едноставно, но...
Пак, две сценарија:
1. Стварно сам се пријавил без никаков притисок а притоа никој не знаел дека е он виновен за настанот.
2. Ако се водиме по изјавите на сведоците(кои до сега, се што кажаа испадна точно, со мали грешки во идентитетот, иако до вчера го правеа некои како сценарио), на убиецот му помогнале негови колеги. Верувам дека според нашите закони(не сум правник) ако се изврши убиство или претепување на осомничен иако полицаецот ти е колега мора да го приведеш или да го пријавиш случајот. Кај нас од 2-3 по полноќ до 16:00 немаа никакви информации за такво лице што било убиено или нешто слично. Дали навистина сам се пријавил или бил приморан од старешината/колегите?
Ти го претстави ептен едноставно и според она што ти беше сервирано од МВР(истата институција што вчера изјави дека немало никакви знаци на насилство/надворешни повреди)
Ова се мои „теории на заговор“, некој ќе се сложи, некој не.
А за последниот дел, целосно се согласувам.
Јас се надевам дека ќе стигнам за последните саат време од протестот.