Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова звучи многу едноставно, но...
Пак, две сценарија:
1. Стварно сам се пријавил без никаков притисок а притоа никој не знаел дека е он виновен за настанот.
2. Ако се водиме по изјавите на сведоците(кои до сега, се што кажаа испадна точно, со мали грешки во идентитетот, иако до вчера го правеа некои како сценарио), на убиецот му помогнале негови колеги. Верувам дека според нашите закони(не сум правник) ако се изврши убиство или претепување на осомничен иако полицаецот ти е колега мора да го приведеш или да го пријавиш случајот. Кај нас од 2-3 по полноќ до 16:00 немаа никакви информации за такво лице што било убиено или нешто слично. Дали навистина сам се пријавил или бил приморан од старешината/колегите?

Ти го претстави ептен едноставно и според она што ти беше сервирано од МВР(истата институција што вчера изјави дека немало никакви знаци на насилство/надворешни повреди)

Ова се мои „теории на заговор“, некој ќе се сложи, некој не.

А за последниот дел, целосно се согласувам.

Јас се надевам дека ќе стигнам за последните саат време од протестот.
А па ја не верувам дека сам се пријавил, сигурно колегите се солидаризирале со него пошто тоа значи и олеснителна околност на суд. А пошто Иво Котевски лажеше народ треба да има санкции и за повисоки нивоа и структури во МВР
 
За првото и така и така, може човек и да се сомнева.
За второто, значи откако го признал делото, ти мислиш дека нема да добие казна затвор. Пеки, така нека биде...

Нема да добие ако се остави на ова, ако не се врши уште поголем притисок. Тогаш ќе немаат излез и не знам дали постои доживотна казна кај нас, ама време е да се примени.
 
Нема да добие ако се остави на ова, ако не се врши уште поголем притисок. Тогаш ќе немаат излез и не знам дали постои доживотна казна кај нас, ама време е да се примени.
Дај биди сериозен заради себе си: убиство, делото е признато. Не дека сме чудо од правна држава, ама казната ќе си ја добие.
Протестите се за да се обрати внимание на ова и вакви работи повеќе да не ни се случуваат. Не за да се издејствува повисока казна, работите не одат така.
 
Еве слика од претепаниот „криминалец“ до смрт!

image.php

 
Ова звучи многу едноставно, но...
Ако се водиме по изјавите на сведоците(кои до сега, се што кажаа испадна точно, со мали грешки во идентитетот, иако до вчера го правеа некои како сценарио), на убиецот му помогнале негови колеги.

Видиш ова го изумивме, на колегите кои му помагале треба во најмал случај да им се суди за прикривање на делото!

А вака оставија само еден да го папа.
 
Дај биди сериозен заради себе си: убиство, делото е признато. Не дека сме чудо од правна држава, ама казната ќе си ја добие.
Протестите се за да се обрати внимание на ова и вакви работи повеќе да не ни се случуваат. Не за да се издејствува повисока казна, работите не одат така.

Друг пат ќе нема така, ако некој го „опашат“ в зандана доживотно.
Така оди тоа.
 
Дај биди сериозен заради себе си: убиство, делото е признато. Не дека сме чудо од правна држава, ама казната ќе си ја добие.
Протестите се за да се обрати внимание на ова и вакви работи повеќе да не ни се случуваат. Не за да се издејствува повисока казна, работите не одат така.

Ти веруваш во своите зборови !? Јас во твоите не, ама во случаевите што се случиле да.
Ќе ти повторам само една работа и тоа е последно од мојата комуникација со тебе на темава, рекетар осуден на затвор до 2012 е убиен во кафана во 2010 заедно на маса со полицаец додека се обидувал да изнуди рекет. Прочитај го ова неколку пати во себе и види што ќе успееш да сфатиш.

Толку од мене. Поздрав и секое добро.
 
Ова треба да биде дури и поголемо од протест. Хелсиншки или некои НГО со атрибут заштита на човекови права да им најдат правен тим на семејството и да ја тераат работата до крај. Да се бара одговорност до самиот врв, инаку ќе помине протестот, тигарот ќе одлежи минимум и за година дена ете ти го на улица или во обезбеѓење на некоја партија. Вакви ситуации се тест и за правна држава и за демократски акции , за транспаретност на државни институции и за функционалност на невладин сектор. Публицитет голем треба да има ама ако остане само на тоа утре ќе уапсат некој и ете ти нови наслови. Затоа протестот е добра работа.
 
Тоа е тоа,тој што убил треба да си го добие своето,тој што е убиен нека му е лесна земјата.Веќе можете да си ги прочитате коментарите на А1 телевизија и веќе е јасно дека на ова му се даде политичка димензија што сум јако против.Значи се собираат политички поени на нечија туѓа судбина.Треба да се засрамат!
 
А,зошто бегал ако е невин и чист?;)
Зошто го бркале. Што има врска.

Ете и да бил виновен за убиство да речеме. Го фаќаш, го апсиш. Не го удираш со нога во глава и потоа со глава од клупа. Тоа е полициска бруталност. Треба да размислат и за тоа дека некогаш може да се случи да бркаат човек со срцево или некакво друго заболување. Некој може да умре и од еден единствен удар.

Работата на полицијата е да го приведе. Толку.
 
А,зошто бегал ако е невин и чист?;)

oo Господе ми се сере од такви како тебе,значи удираш на тоа дека го оправдуваш тепањето до смрт !

Бегало дете каде од страв каде од паника,ти што би направил/а да те брка некоја горила од 2 метра полна со стероиди ќе му се смешкаш ?!?
Идиот еден.
 
Ти нормален ли си бре? Го оправдуваш убиството?
Не ми вади зборови од контекст;).НЕ ОПРАВДУВАМ НИКАКВО УБИСТВО туку реков дека дечкото си ја имал мувата на капата штом бегал.А,каде е семјството на тоа дете ДА СЕ ОГЛАСИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА,НОВИНА!?Има две страни во случајов така да треба да сочекате пред да донесувате заклучоци;)
 
До колку е протестот? Знам дека веќе е почнат....
 
Не те разбираме: дечкото си ја имал мувата на капата, семејството не се огласило... и што сега? Како тоа ја намалува одговорноста за тоа што се случи?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom