Некако пробував да ги избегнувам директните конфликти со вас, се воздржував на почетокот на темата дури и климав со глава, но ок...да видиме како тоа никој овде мештанин ништо не знае.
Овде во овие постови тврдиш дека се било в ред, само се пријавуваш во амбасада и...
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-Македонците-од-дијаспората-треба-да-имаат-право-на-глас.47401/page-4#post-4073962
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-Македонците-од-дијаспората-треба-да-имаат-право-на-глас.47401/reply?quote=4073973
Сега излегува дека државните служби се виновни, дека навистина било избрзано и со непотребни трошоци...но вие упорно тврдевте дека дијаспората мора да гласа...мора Братот, но ако нема услови, како? Не, ние појма немаме, но живееме тука и знаеме како дишат институциите и какви се состојбите. Знаеме дека ќе има и давачки преку кои ќе мора да се врати секое од тие 5-6 милиони евра. Преку кредити, плукање, бензин...нешто што сепак го трошиме ние тука.
Земено во услови каде својата должност е извршувана професионално, а не обичната манипулација на партиите од Македонија во желба да ги обликуваат гласовите на дијаспорците и саботираат нивните кандидати.
Каков е тој изговор да не се прави нешто, бидејќи во државата некој не знае да си ја работи својата работа, да ги замрзнеме и сите останати процеси и да чекаме чудо да се случи.
Услови има, примери има, само треба да се сака, како што тоа е возможно за ред земји кои имплементираат гласачки систем за својата дијаспора веќе децении и секој циклус само ги усовршуваат овие процеси.
А со сите технолошки средства кои ни се денес на располагање, со кои се заштедува и време и пари, не постои разумен изговор зошто тоа да не се прави, освен тврдоглавото и калкулантско не.
И да знаевте(ме) какви се состојбите немаше по незнам кој пат, да се гласа за типови како Љубчо, кој испадна 3та политичка сила во Македонија и покрај тоа што отворено заговара поништување на нашата државност и кој никогаш не е повикан на одговорност за минатите кривични дела.
Да не ги вмешувам другите партии кои одамна немаат ништо да понудат освен она што веќе го видовме во минатото - алчност и политички очај.
Колку што сум запознат, дознав дека се борат да стопанисуваат со имотот за кој македонците во Австралија давале пари...а тој имот официјално би требало да е на МПЦ: Дали е на МПЦ или не е на МПЦ. Еве кажи ја твојата верзија без да навлегуваме во постапките и потписите на одредени свештеници. Мислам дека се работи за имотот, а не за лицето. Доколку се работи за Г. Г. Петар, зошто се спорат за имотот?
Ова укажува дека воопшто не си запознат, ниту со спорот ниту со личноста на Петар, бидејќи еден од предлозите беше постигнување на согласност само доколку Петар се замени.
Ова не е соодветна тема за овој спор, во некоја наредна прилика ќе кажам се' што имам на располагање, во најкратки црти потпишувањето на Нишкиот договор од Петар, доколку имаш претстава што означуваше, беше само еден од обидите да се стави МПЦ и нејзините епархии под туѓа контрола, заради тоа е спорот во Авс. да не се подлегне на манипулациите на Петар кој се обидува да го привласти имотот како посебна црква и во секое време може да прогласи јурисдикција под грчката или српската црква во Авс.
Од тоа стравуваат Македонците и нивната борба против Петар е идентична со нашата против СПЦ и грчката политика, бидејќи постојат силни притисоци од влијателната грчка дијаспора државата Авс. да не ги признава Македонците кои таму живеат и нивната матична држава Македонија.
па тоа се глупостите...не се од друга земја за да гласаат за свој претставник во да кажеме Африка. Доволно беше нивните гласови да се приклучат кон постоечките 120 пратеници.
Ако во Австралија се пријавиле 700 души (само Бризбејн во кварт има више македонци него сите гласачи вкупно),
зашто за Пекинг отишле 10 души комисија за која се потребни дневници, хотел, авион, трошоци...за колку гласачи? Сите тие авантури споменати и претходно, ги плаќаме ние овде. Додуша, се стишаа со казни, но велат ќе се стега уште ременот па допрва ќе ги плаќаме.
Каква врска има правото на гласање на дијаспорците со своеволието на државните власти и нивното расипништво?
Па според твојата логика и за амбасадите непотребно плаќаме, посебно во земји каде нема ни 100 Македонци... најдобро за проблемите во државниот буџет да се решаваат преку штедење на Дијаспората ама во меѓувреме ќе ставаме споменици од по неколку милиони евра за боље естетика.
Каде е овде прашањето и за законитоста, на еднаквоста пред уставот на мојот глас и гласот на иселеникот. По што е тој толку преценет да негов глас вреди 10 мои гласови? И зошто да се троши милион евра за нешто кое однапред беше осудено на пропаст?
Затоа Братот не вели дека некој нешто превртува. Згрозени сме од беспоштедното трошење, од неартикулираните постапки на властите, безуспешни и бесполезни за кои и медиумите сигнализираа, и ние сигнализиравме дека ништо не е како што треба за да се одржат регуларни избори во дијаспората..ама никој не слуша непатриоти.
Превртуваш и демагогираш со работи кои меѓусебно немаат никаква врска. Расипништвото на властите треба(ше) да се реши на избори или барем на протести, наместо да им се дозволува и понатаму да беспредметно трошат овозможувајќи им на располагање дополнителни средства кои би се заштедиле на Дијаспората.
Еднаквоста на законот барај си ја пред државните органи, доколку сметаш дека имаш основа покрени случај, наместо да шмараш по форуми.
Инаку ако некому значи, македонец сум...но не верувам во ваков вид градење на домољубие и држава.
И ако некому значи...нека помине во државна на гастро од први до 3 спрат, нека ги види креветите од краљ Петар, душеците со излезени федери, испуканите полни со бубашваби ѕидови, клозетите...Алан Форд не му е рамен. Само колку да знае каде одат тие милиони од избори, тие милиони од лавови и милиони од голф терени и жичари...а не можевме болниот од 3 спрат да го симнеме долу пошто лифтовите скоро не работеа.
Ако е и ова за тебе глупост...
Забелешката беше наменета за некој друг не-Македонец, кој немам намера посебно да го цитирам.
Демек досега овие работи неможеле да се поправат, купат нови, поради првите избори на кои (демек) гласаше Дијаспората?
Па што правеше бе Лурц цели 30 години гласајќи на избори, за да гледаш години по ред како се распаѓаат здравствените установи?
Негласањето на Дијаспората сигурно нема да ги исправи овие негрижи на државните власти, кои досега беа бирани од граѓаните на Македонија.
Затоа е тешка глупост сето ова што го збориш и неосновано товариш луѓе кои немале никаков удел во мизеријата која сам си ја зготвил.
--- надополнето: Jun 7, 2011 3:22 PM ---
До оние кои што не биле запознати со слични примери:
Доделени студентските стипендии од фондациите „Близнакоф“ и „Стаматоф“
http://www.maticanaiselenici.com/index.php?page=read_news&id=16736
Фондот „Атанас Близнакоф“ е формиран во 1977 година по желба на нашиот сонародник Атанас Близнаков, веднаш по враќањето во Македонија, од Гери, Индијана, САД каде што живеел и работел повеќе од педесет години. Тој својата макотрпна печалба со посебно задоволство преку Матицата на иселениците од Македонија ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на студентите при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Првите стипендии се доделени во годината на формирањето на Фондот, а од тогаш до денес стипендии добиле 266 студенти од поголем број факултети.
Фондацијата „Петар Стаматоф“ е формирана во 1988 година од нашиот сонародник Петар Стаматов од Илиноис, САД. Од формирањето на фондот до денес, корисници на стипендии биле 266 студенти од голем број факултети од сите научни области кои покажуваат врвни резултати во студирањето.
Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, одбележувајќи на 100 - годишнината од раѓањето на Атанас Близнаков, искажува голема благодарност на донаторот на Фондацијата со најголем број стипендисти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кои беа материјално помогнати своите студии навреме да ги завршат.
Големината на неговата заложба ја следеа и други донатори, како што се Петар Стаматов од САД и Константин Стојанов од Франција.
http://www.makemigration.com/aktivnosti/biznismeni/atanasb.htm
Заради вакви луѓе некои од нас имаат можност да си ги остварат своите сонови и заради нив секогаш ќе имам почит кон нашите патриоти во Дијаспората и безрезервно ќе се залагам да добијат поголем удел во животот на Македонија.