можеби тој што го креирал не сакал да стане еден од тие одбележаните.Евентот на Фб е креиран од лажен профил.
Нема потреба од страв сите сме против Алфите.можеби тој што го креирал не сакал да стане еден од тие одбележаните.
Паметна одлука. Размислувајте со ладни глави. Секогаш има две страни, така и во овој случај.ЈАс сепак ке почекам повеќе инфо што и како било. Ако е стварно така СРАМОТА и тогаш ќе присуствувам на протестот во петок
Не не колку што сфатив јас на плоштад било, му ја треснале главата од една од клупите, тоа собирањето на фонтана беше само предлог збирно место од Твитер движењето.Паметна одлука. Размислувајте со ладни глави. Секогаш има две страни, така и во овој случај.
факт #1: Македонскиот народ е лесен за манипулација.
факт #2: Од друга страна пак, веројатноста ова навистина да се случило е многу голема.
Сигурно нема да молчат од МВР, а нема да молчат ни родителите/роднините.
Утре/задутре ќе излезат на површина повеќе информации. Ако имало насилство, трагите на телото не може да се прикријат.
Само не ми е јасно... Од каде па сега испадна дека ова се случувало на Плоштад? Нели во парк беше? Затоа и на фонтатана започна протестот... Ако било на Плоштад, тогаш има видео запис од инцидентот. Плоштадот го снимаат барем 10-тина камери.
Грешка си. Не знам колку од вас тука ги познаваат законите но полицаец нема право веќе да те запре ради проверка онака како што е на автопатите да ти бара возачка и терај да ти рече. Ако нема причина да речеме дека немам каиш, возам пребрзо, или на улица ме глеа и знае дека сум пијан тогаш смее да ме стопре. Али без сигурна причина нема право и за тоа можеш да го тужиш. Се сменија некој закони не живееме у комунизам веќеДа не ме сфати некој погрешно но, во секоја држава во светот постои полиција и единици што се задолжени за зачувување на јавниот ред и мир. Треба на секој граѓанин на секоја држава да му биде јасно дека кога полицијата ќе те застане и ќе ти побара документ за идентификација треба да си доволно свесен дека треба да соработуваш со нив. Не, не го оправдувам тоа што Алфите претепале момче до смрт, напротив, треба некој да преземе одговорност за тоа. Зборот ми е дека во нашава држава има премногу луѓе кои мислат дека се семоќни и дека никој ништо не им може. Сум гледал примери пред мои очи како младо дете пијано се тепа со полицајци и после ништо не му прават, едноставно со врски ќе ја истера работата и никому ништо. Значи пак ќе кажам, не го оправдувам полициското малтретирање, посебно не претепување до смрт на младо дете без некоја посебна причина, но понекогаш има некои луѓе што го заслужиле тоа што го добиле.
Незнам дали забележа, баш затоа луѓево протестираат, Се заташкува работата, нема никакво инфо.Поминаа повеќе од 24 часа а нема многу известување на настанот.'.
За ваков подвиг да не правам муабет ...затоа што нашите вработени во јавна администрација незнаат дека има нешто повредно од работното место- гордоста.Во Атина вчера не работеа училиштата и универзитетите бидејќи професорите прогласија тридневен штрајк во знак на протест поради убиството на момчето.