Сега за сега нема да го кажам својот став , но ќе споделам некој информации кој мислам дека се релевантни , за тоа колку фер се првите избори во кој гласаше дијаспората.
Во Р.М. партиите кој не освоија ниту еден пратеник (ЛДП,ВМРО-НП,СДУ,СДПМ,ОМ,НД,ДУА,Подем и.т.н.) вкупно имаат повеќе од 100.000 гласови. Значи 100.000 гласачи немаат ниту еден претставник во парламентот.
Од другата страна 2500 гласачи од дијаспората имаат 3 мандати.
--- надополнето: Jun 6, 2011 5:08 AM ---
Би сакал да поставам едно барање.
Барав на интернет , колку земји во светот имаат гласање на дијаспората.Освен Гана , Зимбабве , Нигерија и Македонија не можев да најдам други. Ако некој има подетални информации ( јас не вложив многу труд во мојата потрага ) ве молам пишете.