Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.898
До сега има резултати од 2-ца избрани од дијаспората.. И двајцата се од црвено-портокаловите..знаете ваљда за кои мислам :)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
мислам дека не треба да имаат право пошто тие си живеат во друга држава шо има да ми одлучуваат овде кој да биди на власт, така да ГОЛЕМО НЕ!
А што ако случајне се во Македонија ко ќе бидат избори? Тие стојат на список и се со право на глас, така да никој не може тоа право да им го одземе.
--- надополнето: Jun 5, 2011 12:50 AM ---
До сега има резултати од 2-ца избрани од дијаспората.. И двајцата се од црвено-портокаловите..знаете ваљда за кои мислам :)
Трите се од ВМРО-ДПМНЕ и како што реков не се претставници на дијаспората туку партиски луѓе. Мора да се опрајт ова до следниве избори, пошто ако не се изгласаат вистински луѓе од дијаспората, тогаш овој закон и нема основа поќе и треба да се укине. Кратко и јасно.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.898
А што ако случајне се во Македонија ко ќе бидат избори? Тие стојат на список и се со право на глас, така да никој не може тоа право да им го одземе.
--- надополнето: Jun 5, 2011 12:50 AM ---

Трите се од ВМРО-ДПМНЕ и како што реков не се претставници на дијаспората туку партиски луѓе. Мора да се опрајт ова до следниве избори, пошто ако не се изгласаат вистински луѓе од дијаспората, тогаш овој закон и нема основа поќе и треба да се укине. Кратко и јасно.
Moрa да се подобри законот се слагам..
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
7000 луѓе гласаат за тројца пратеници. А во Македонија потребни се 8000 гласа за еден пратеник. Апсурдно?

Да не се нешто посебно заслужни иселениците што киднале од Македонија па да еден нивни глас да вреди како 3 домашни?
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
@Igorce Море чоек јас не велам дека за избори да бидат тука , тие не живеат вечно тука за да знаат како е !
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
@Igorce Море чоек јас не велам дека за избори да бидат тука , тие не живеат вечно тука за да знаат како е !
За жал тоа нема врска, пошто правото на глас се стекнува со државјанството а не се местото на живеејне, тоа сакам да кажам.

7000 луѓе гласаат за тројца пратеници. А во Македонија потребни се 8000 гласа за еден пратеник. Апсурдно?

Да не се нешто посебно заслужни иселениците што киднале од Македонија па да еден нивни глас да вреди како 3 домашни?
Државата е крива за тоа. Овие избори надвор од Македонија се лошо организирани. Имаше само 2 недели време за пријавувајне и многу Македонци не биле информирани. Дополнително е проблемот што не може да се гласа преку пошта или интернет и однапред Македонците во дијаспората знат дека нема да можат на тој ден да дојдат до амбасада/конзулат и не се пријавуваат. Ова ако се опрајт до следниот пат ќе се пријавата многу повеќе со што ќе мора да размислиме дали да и дадеме на дијаспората поќе пратеници со оглед на бројката. Сепак тоа е уште далечно прашајне.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Нема потреба тие да гласаат, не живеат во Македонија и не знаат како стојат работите .

Но Гујо си направи шо си направи, си доби 3 пратеници плус и го боли сеа него онаквоно за нас.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сакаш да кажеш дека секој емигрант и иселеник е потенцијален К.П.Мисирков !?
Дека во некој Митре од Лавци кој добил зелена карта на лотарија за САД лежи прикриен Јордан Хаџи Константинов - Џинот?
Или можеби Перо демир-хисарецот кој работи на лента во Детроит и ќе го прати синот Џими Петрески на одмор во “стари крај“ е реинкарнација на Ѓорче Петров или Павел Шатев !?

Не ти делува малку натегнато поврзувањето на денешната дијаспора со некогашните идеолози и борци !?
Од каде Мисирков го посветил делото на некој кој живее во Јоханесбург или Бризбејн!?
А што мислиш, Крсте да беше жив денес на каков став ќе беше за оние за кои се борел?

А инаку зошто да не....и онака РМ е земја со најголем број пратеници по глава на жител, 3 повеќе или помалку нема да направат разлика...
А зошто не би, кога најголемите македонски идејни национални преродбеници биле дел од таа емиграција?

Зошто треба да се исклучуваат, валкаат и плукаат Македонците во Дијаспората?

Ако ништо друго благодарение на тие печалбари кои пристигале на портот Елис во ЊуЈорк при крајот на 19 и почеток на 20 век била заведена нивната етничка припадност, која директно ги поништува сите пропагандни тези кои соседите се обидуваат да ги протурат.

Местото на живеење не го детерминира патриотизмот и не произлегува изборот од помало или поголемо чувство на патриотизам и приврзаност кон земјата. Како што во Македонија има онакви кои 5 пари ве фрлаат за земјата и се обидуваат да искрадат и упропастат, исто такви има и надвор, но и обратно, има многу позитивни примери, меѓутоа секогаш повеќе внимание им се дава на негативните аспекти, а посебно во овој случај кога некои други интереси се во прашање и се манипулира со ова право на гласање.

Тие манипулации ги прави државата, а не Дијаспората.
--- надополнето: Jun 5, 2011 1:18 AM ---
За жал тоа нема врска, пошто правото на глас се стекнува со државјанството а не се местото на живеејне, тоа сакам да кажам.


Државата е крива за тоа. Овие избори надвор од Македонија се лошо организирани. Имаше само 2 недели време за пријавувајне и многу Македонци не биле информирани. Дополнително е проблемот што не може да се гласа преку пошта или интернет и однапред Македонците во дијаспората знат дека нема да можат на тој ден да дојдат до амбасада/конзулат и не се пријавуваат. Ова ако се опрајт до следниот пат ќе се пријавата многу повеќе со што ќе мора да размислиме дали да и дадеме на дијаспората поќе пратеници со оглед на бројката. Сепак тоа е уште далечно прашајне.
Отежнувањето и саботажата со цел манипулација е правено од самите власти, овде беше опишано многу убаво, како изгледаше изборот на кандидатите:

Колку легитимитет ќе има гласањето од 'Дијаспората'?


Еден мој соработник по емаил доставил формулари до Државната Изборна Комисија за себе, својата сопруга, својот син и еден другар, да бидат регистрирани како гласачи од Австралија. По затворањето на избирачките списоци, името негово, на сопругата и на син му не можеле да ги најдат на потврдениот Избирачки Список за Австралија. Случајно пронашле дека тој и сопругата се регистрирани да гласаат во Минхен, Германија. Името на син му го нема на ниеден список. А само другар му е регистриран да гласа во Канбера, Австралија.
Друг мој соработник доставил формулари за себе и уште четворица членови на своето семејство. Тој, сопругата и едното дете се регистрирани да гласаат во Канбера. Неговата мајка, која е најстар член во семејството, и неговиот син, ги нема на ниеден список, а немаат добиено објаснување зошто.
За среќа, документите се доставени по емаил, па има доказ што точно е испратено, за да не може некој да се вади дека луѓето погрешно ги пополниле или доставиле формуларите.

За информација на неупатените, во Австралија се попишани над 80,000 македонци, а на демонстрации за афирмација на македонскиот национален идентитет, за одбрана на суверенитетот на Република Македонија и човековите права на македонскиот народ во сите делови на Македонија излегувале по десетици илјади во Мелбурн, Сиднеј, Канбера и Волонгонг. За жал, од нив, регистрирани се само 591 гласачи во Мелбурн и 170 во Канбера. Бројките во градовите во Америка и Канада не се ништо позавидни, иако таму има избирачки места во повеќе градови.

За номинирање на независен кандидат се бараше собирање на 1,000 потписи помеѓу 20ти Април 2011 и 4ти Мај 2011, а потпишаните требаше да бидат регистрирани гласачи од ДОТОГАШ НЕПОСТОЕЧКИОТ избирачки список за Австралија. Потписниците требаше лично да одат во дипломатските претставништва во Канбера или Мелбурн, каде што вработените не беа способни или расположени да одговорат ни на основни прашања од јавноста во врска со регистрирањето на гласачи. Во истиот тој период се вршеше и регистрирање на гласачи, преку амбасадата во Канбера и партиски извршители во конзулатот и три цркви на Петар во Мелбурн, а никој од државата не им даде прилика за соучество на Македонските заедници кои управуваат со петнаесетте цркви низ Австралија кои му имаат прогласено недоверба на владиката Петар. Затоа, но и заради технички грешки или злоупотреби во процесирањето на молбите за регистрација, по завршувањето на процесот на регистрирање на гласачи, вкупниот број на регистрирани гласачи во Австралија е 761.

Дури и да се продолжеше рокот за номинирање на независен кандидат, што теоретски беше невозможно, а практично беспредметно, од кој избирачки список требаше да бараме 1,000 гласачи да се потпишат на номинацијата?

Понатаму, партиите од Македонија кои добија право да номинираат кандидати од Австралија воопшто немаат декларирано број на членство во Австралија. Значи, во теорија, една партија која има 2 или 100 членови во Австралија, за кои не се знае дали се на избирачкиот список, има повеќе право да номинира кандидат од Австралија од што има потенцијален независен кандидат кој би собрал 700 потписи од лица кои се регистрирани на избирачкиот список.

Без многу анализа, за да се увиди за колку груба повреда на нашата интелигенција станува збор, доволно е да се каже дека избирачките правила и процеси се така скроени што партиски кандидат може да ги добие изборите со 16 гласови, а независен кандидат со 999 потпишани поткрепители не може ни да се номинира!?

За номинација на независен кандидат за федерални избори во Австралија се потребни само 50 потписи на формуларот кој кандидатот го доставува до Државната Изборна Комисија (не мора потписниците да одат лично да се потпишуваат пред нотар или во некоја државна служба), а во една изборна единица како што е центарот на Сиднеј има над 85,000 регистрирани гласачи. Кандидатите имаат прилика да ги собираат потписите цела година (можеби и повеќе, но за една година знам сигурно, од лично искуство) однапред и притоа имаат пристап до избирачките списоци.

Се повеќе зачестуваат барањата македонските организации во Австралија здружено да го прогласат овој изборен процес како нелегитимна и навредлива манипулација со дијаспората и да повикаат на негово бојкотирање и инсистирање да се обезбеди достоен систем за македонците низ цела дијаспора да имаат рамноправна прилика да се регистрираат за гласање и да гласаат.

Најголемата револтираност произлегува од тоа што оние кои ја скроија оваа фарса перфидно бегаат од одговорност и пуштаат свои партиски војници и новинари да ги обвинуваат македонските заедници во дијаспората за неорганизираност или незаинтересираност, иако свесно оневозможија номинирање на независни кандидати од дијаспората и ги исклучија организираните македонски заедници од процесот на регистрирање на гласачи и гласање.

Постои тенденција преку масовни демонстрации пред дипломатските претставништва да се покаже колку македонската дијаспора е организирана и заинтересирана за македонските работи.

Сите опции ќе бидат внимателно разгледани, ставајќи ги во преден план македонските национални интереси. Во таа насока, би сакал да ги прочитам вашите мислења.


 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Братот, читам 22 страни наназад ми продаваш пуфки, имиња, знамиња, менување симболи, имале право, знаеле како е, маки тргале. Ај, жити Бога.

Од кога ги истргале маките оти не дојдоја да живеат тука? Маките таму му се поубај од овдешните.
Не би требало да имаат право да гласаат, не живеат тука, не знаат како е, колку и да пратат политика, колку и да ги знаат партиите. Ај јас да ти дојдам дома и да ти кажам како да уредиш оти два три пати сум ти била гостинка и сум ти донела 23 поклончиња. Ај жити се.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Па изгледа ниту тебе па ти помага фактот што живееш во Македонија за да донесуваш вистински одлуки, што всушност и самата си го потврдуваш со твојата “објективност“.

Доколку толку беше пресудно местото на живеење Македонија досега требаше да биде цакум-пакум благодарение на гласачите како тебе и другите со беспрекорни познавања на “ситуацијата“.

Има некои работи кои не се мерат во пари, како на пример - паметот.

А пуфки продавај му на оној што мисли дека паметот може да се купи.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
Братот, читам 22 страни наназад ми продаваш пуфки, имиња, знамиња, менување симболи, имале право, знаеле како е, маки тргале. Ај, жити Бога.

Од кога ги истргале маките оти не дојдоја да живеат тука? Маките таму му се поубај од овдешните.
Не би требало да имаат право да гласаат, не живеат тука, не знаат како е, колку и да пратат политика, колку и да ги знаат партиите. Ај јас да ти дојдам дома и да ти кажам како да уредиш оти два три пати сум ти била гостинка и сум ти донела 23 поклончиња. Ај жити се.
А зошто ти си кажуваш приказни? Од каде знајш од кој причини тие Македонци заминаа надвор од државата? Голем дел се на пример бегалци од Егејска Македонија, други заминаа во времето на комунизмот каде секој што имаше национална мисла и ја искажуваше јавно му остана да бира меѓу бегајне и затворот. Други пак во тој социалистички рај немаа трошка леб да јадат, што е кај мојата фамилија случајот, па си го барале спасот надвор, изборот беше помеѓу умри или живеј. Е сега некој ќе кажува за маки па тие што морале да ја напуштат родната земја, фамилија и све, тие се најголемите жртви низ историјата наша. Ама кој мојт да сфатит мојт, кој не, не. Тоа е.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Доколку си македонски државјанин, без разлика во која држава престојуваш, имаш НЕОТУЃИВО право на глас.

Комендарот погоре дека се работело за “парстиски луѓе’’ е нонсенс. Законот дава право на политичко здружување преку партии или пак кандидатот може да е независен.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.567
Поени од реакции
22.275
Да, но на овие избори тоа очигледно не испаднало како што треба. Имено, како независен кандидат, или да речам непартиски кандидат требаше да се соберат 1000 потписи од луѓе кој се на изборниот список. Но тој до тогаш дури не постоеше. Единствен спас беше, да си бараш партија која те поддржува и со тоа не ти се потребни тие 1000 потписи. Така ја го мислев тоа дека се партиски луѓе пошто нели, сега се дел од ВМРО-ДПМНЕ а не независни. Се надевам тој пропосут до следните избори ќе се опрајт.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Ја прочитав целата дискусија и гледам тие што го подржуваат законот ,целат кон тоа (ајде да да ги заборавиме парите кои ги пуштале во државава) дека тие имале тука имот и за тој имот плаќале данок,како и ние што живејме тука и плаќаме данок.

2-3 збора зошто јас не се сложвам со законов -
1. Имам имот во две општини,но живеам во една од нив и јас иако често(почесто одколку што голем дел од дијаспората ја посетуват татковината) ја посетувам и другата општина каде што имам имот,плаќам данок за тој имот,ја познавам добро состојбата во таа општина сепак немам јас еб*но право да гласам во двете општини за градоначалник а во двете општини плаќам и данок и струја,вода,комунали и тнт.
2. Уште по прост пример - Се наоѓам во Скопје а треба да гласам Охрид,како ќе го сторам тоа ? Сигурно нема да гласам од Скопје.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.205
Поени од реакции
23.744
Ha Ha Ha, tvoite argumenti se dobri a i ideite ti se orginalni pa tesko mozam da gi svaram.Gleda se deka si proshetan covek, pa davas i orginalni idei, koi nikade vo svetot gi nema(Ajde da i uvedeme danok na vlez vo Makedonija). A moite argumenti ke gi najdes vo prethodnite postovi, nema potreba da povtoruvam.
Ako ne znaes da citas latinica, kazi si ne se srami
ајде бе дете порасни не си ја пикај главата кај што не ти ја бери.никој не ни побара да ги повторуваш твоите аргументи.и научи се да дискутираш без да вреѓаш.ако и не ти се допаѓаат моите или оние аргументи кои не ти се по желба,научи да живееш со тоа , а не да скокаш како некое петле!!
и знам да читам латиница но дали ти знаеш да пишуваш на македонски литературен јазик со неговото кирилично писмо.гледам упорно се чукаш по гради како некој голем патриот, како ти за македонија ова она а тешко ти е и дури да го смениш фонтот .тек што остана за другото. така да ајде прво исчистиси го твојот двор па зборувај за комшијата.
ако мислиш и понатаму да ми се обраќаш и да ми реплицираш пробај на кирилица ако сакаш одговор, ако не не замарај повеке.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom