Посвојување vs. Суругат мајка

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување
сурогат ми е многу неприродно. + Ако се земе предвид дека можеби и да не успее планот, поточно ако с- мајката сака да си го задржи детето шо праиме? Ја бесиме? А што ако ги уценува со бебето подоцна?
И колку деца има по домовите, зошто нив да не ги усреќиме? Зар суетата ни е толку голема, да мора детето да е мое, макар и друга жена да го носела? И како функционира сурогатството со договори, небаре кола купуваме...

Не може никако да го задржи, детето не е нејзино, таа е практично инкубатор само, нема никаква врска со детето, законски е средено сурогатството, барем за Америка, за кај нас којзнае што има.

А зошто пак сурогат мајка ако имаме можност да имаме деца? Муабетот е ако неможеме... Не мешај баби и жаби.

Изгледа не си го сватила поимот сурогат мајка. Сурогат мајка се наоѓа кога мајката неможе да има дете, т.е. неможе да го носи. Во тој случај се имплантираат ембрион од двајцата родители во сурогат, која ќе го носи детето 9 месеци и ќе биде платена за тоа после, или како услуга нема да бара пари. Сурогат мајката нема никаква врска со детето од кога ќе се роди.

Значи ли дека ако некоја жена се родила со оштетена матка, или ако рак и ја заебал матката, дека не смее да има свое дете, и дека е суета да сака да има свое дете?
Зошто вие не посвоивте деца, туку имате свои со вашите љубени мажи?
 
Мислам дека е правно регулирано сурогат мајката да не може да им го бара детето...

Не гледам ништо толку неприродно во сурогатството... како што постои ин витро така и ова е еден од начините луѓето да создадат свое потомство.
За посвојувањето... тоа е малце поделикатна работа. Не дека родителите нема да го гледаат како свое, туку каква ќе биде реакцијата на детето кога ќе дознае дека не му се биолошки родители. Има случаи кога не им менува ништо, но и сосема спротивни. Со сурогатството-тие му се родители.
Да не бидам сфатена погрешно, не сум против посвојувањето, баш напротив, покрај мои деца би сакала и да посвојам едно дете.
 
детето е нејзино. Парчето хартија што го потпишала не значи ништо после пораѓај, значи за с-мајката зборам, а не за адвокатот. Ама филмови многу се гледаат.И муабетот е во случај мајката да се предомисли после пораѓај.
јас разбирам што е договор пред да се започне процесот, ама разбирам и што се емоции кога е бебе во прашање. Е тоа не го разбираат оние што сакаат бебе со договор. Уште се убедени дека имаат право над него. Затоа кажав, Америка не смее да ни биде пример за закоони за семејство, а и да сфатиме дека дете е повеќе од договор. Е сеа на тие што сакаат да си купат потешко ќе им иде....
__________________________________
Регулирано е зошто да не. Нема рекламација. Исто ко кондури да купуваат.
--- надополнето: Jun 5, 2011 8:09 PM ---
А што праиме ако некои госпожи решат да си најдат некоја сурогат мајка, да си извадат јајце клетка, да си ги оплодат со сперматозоиди од нивните мажи, ама некоја друга да им ги носи за да не им пропадне линијата?
Сте размислиле ли колку може да се злоупотребува сурогатството и од благородна (?) помош прејде во каприц? Мислите нема такви случаи: Кој ќе решава кој пар може да побара сурогат мајка а кој не? И кој ќе плаќа а кој не?
Некои работи не можат да се остават на совеста на луѓето, затоа што едноставно некои немаат совест...
 
Парчето хартија што го потпишала не значи ништо после пораѓај...

А што праиме ако некои госпожи решат да си најдат некоја сурогат мајка, да си извадат јајце клетка, да си ги оплодат со сперматозоиди од нивните мажи, ама некоја друга да им ги носи за да не им пропадне линијата?
.

Сакаш да кажеш дека правниот систе е доволно силен да му ја земе на некој слободата ако украде 100 долара, ама неможе да земе бебе од сурогат мајка поради емоции??
Ако е така сите адвокати треба да бидат трудни жени, таму емоции фрчат на сите страни.

За вториот болд.
Или ќе биде регулирано, или ќе си имаат доволно пари за да платат сурогат. Ако има сурогат што ќе се нафати зошто да не, ако толку не сака да го носи.
 
е заради вториот болд, заради ставот и аради филмот да се има дете за да ме гледа деде, заради заборавањето на целиот процес јас сум проив сурогати. нек им исклонираат некое, па нема ни на сурогат мајката да и се расипува телото, кога веќе им е дојдено повеќе до тоа отколку до бебето.
И сакаме нормални деца и нормален свет???
Кој ќе го створи? Сурогати? Да да, сигурно :)))
--- надополнето: Jun 5, 2011 8:26 PM ---
Сакаш да кажеш дека правниот систе е доволно силен да му ја земе на некој слободата ако украде 100 долара, ама неможе да земе бебе од сурогат мајка поради емоции??.
Инаку не се сомневам јас во правниот систем на САД. Они од мајка можат дете да земат, не па од сурогат. Туку се сомневам во одлуките на сурогатите во еден момент. Ако мислиш дека договор е гаранција, се лажеш. Не е во прашање денес да и го земеш. Цел живот е во прашање.
+ навистина е тешко да разговараш на одредени теми со луѓе што немаат деца и што не доживеале нешто. Инаку многу лесно изгледа. Го носам, го раѓам, го давам. Ај важи... Нека ти мрда на тебе бебе во стомак, тресисе ти дали ќе го доносиш, види го после пораѓај и иди дај го.... Сурогатство уствари ми е многу ненормална работа...
 
сурогат ми е многу неприродно. + Ако се земе предвид дека можеби и да не успее планот, поточно ако с- мајката сака да си го задржи детето шо праиме? Ја бесиме? А што ако ги уценува со бебето подоцна?
И колку деца има по домовите, зошто нив да не ги усреќиме? Зар суетата ни е толку голема, да мора детето да е мое, макар и друга жена да го носела? И како функционира сурогатството со договори, небаре кола купуваме...

Прво и основно, за да постои некоја жена како сурогат мајка се потпишува договор според кој таа добива извесна сума на пари за во својата матка да го носи ТУЃОТО дете. Тоа дете нема никаква врска со неа, исто како детето да е под кирија во туѓа матка. Не може ниту да не сака да го даде, ниту да ги уценува. Поддржувам посвојување на деца, но и сурогат мајка, за свое лично потомство! Тоа е право на избор! А да не се лажеме, кај нас ретко кој се нафаќа на голготата наречена посвојување, која трае и до 10 години, небаре, децата се на дугме, па 10 години можат да не растат, се до денот кога ќе бидат посвоени...
--- надополнето: Jun 6, 2011 1:28 AM ---
Инаку не се сомневам јас во правниот систем на САД. Они од мајка можат дете да земат, не па од сурогат. Туку се сомневам во одлуките на сурогатите во еден момент. Ако мислиш дека договор е гаранција, се лажеш. Не е во прашање денес да и го земеш. Цел живот е во прашање.
+ навистина е тешко да разговараш на одредени теми со луѓе што немаат деца и што не доживеале нешто. Инаку многу лесно изгледа. Го носам, го раѓам, го давам. Ај важи... Нека ти мрда на тебе бебе во стомак, тресисе ти дали ќе го доносиш, види го после пораѓај и иди дај го.... Сурогатство уствари ми е многу ненормална работа...

Значи, тоа дете што мрда во неа нема никаква генетска врска со неа, и на никаков начин не е нејзино дете. И го одземаат од моментот на раѓањето. Иако не поддржувам луѓе кои од куртоазија се одлучуваат за сурогат (линија, едно, друго) сепак поддржувам сурогат за оние луѓе кои сакаат свои деца, а не можат да ги имаат.
Инаку, дали и е лесно или не и е лесно, требало да мисли пред да потпише. Законот не се занимава со емоции, туку со факти, докази и договори.
 
Значи се што си пишал/ла ми е јасно. Само уште да беше едноставно и лесно. Ама голема е суетета на луѓето. Нема нешто нормално да смислат....
Кажав, иди,нек ти дадат пари, носи го, роди го, дај го па кажи како е. Гарант не е исто како купопродажен договор за стан. Мислам правната постапка најверојатно е, за адвокатот...
А инаку кај мислела кога потпишала? Па у парите! Браво за купците.Ја убедиле дебело, за да подмачкаат договор.

И како читам повеќе сфаќам зошто сум против сурогат.
--- надополнето: Jun 6, 2011 5:26 PM ---
Тоа дете нема никаква врска со неа.
--- тоа дете е во неа! Да кажеш дека нема никаква врска со неа, значи дека поим немаш што збориш. Поврзано е со мајката, се храно од неа преку плацентата и папочната врвца. 9 месеци живее и расне во неа.
Мислам поштувај си договори и сурогати, ама не е точно дека нема никаква врска со неа!
--- надополнето: Jun 6, 2011 5:31 PM ---
Сурогат-мајките популарен холивудски тренд
014A5AA564BB7446903F142C192C7AEA.jpg

Користењето на услугите на сурогат-мајките повторно е во мода! Многу холивудски ѕвезди ангажираат непознати жени да ја изнесат бременоста и да ги донесат на свет нивните потомци. Меѓутоа, причините за ваквите чекори неоспорно се сосема различни
Австралиската актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан, неодамна ја добија втората ќерка. Бременоста ја изнела сурогат- мајка, па Кидман станала мајка без мачнини, голем стомак и вишок килограми. На доделувањето на филмските награди „Златен глобус“, 43-годишната актерка се прошета на црвениот килим витка како и секогаш. И таа, и нејзиниот сопруг, пресреќни го дочекале раѓањето на малата Фејт Маргарет.

Инаку, во јули 2008 година Кидман сама на свет ја донесе нивната прва ќерка Сандеј Роуз, но изгледа дека за неа уште една бременост не доаѓа предвид. Кружат гласишта дека актерката сака да се концентрира на кариерата, а бременоста воопшто не се вклопува во тие планови.

Изгледа дека користењето на услугите на сурогат-мајките повторно е во мода! Многу холивудски ѕвезди ангажираат непознати жени да ја изнесат бременоста и да ги донесат на свет нивните потомци. Меѓутоа, причините за ваквите чекори неоспорно се сосема различни.

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик одлуката, наводно, ја донеле зашто Паркер по раѓањето на синот Џејмс Вилки со години безуспешно се обидувала да остане во блажена состојба. Благодарение на сурогат-мајката родени се близначките Марион и Табита.

И латино ѕвездата Рики Мартин ја применил оваа метода. Пејачот познат по сексапилните движења со колковите, во март 2010 година призна дека е хомосексуалец. Поради тоа не доаѓало предвид детето да биде зачнато со жена. Така и неговите близнаци Валентино и Матео се родени благодарение на сурогат-мајка.

Британскиот пејач Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, кои се во брак од 2005 година, а во врска се 12 години, исто така, ангажирале сурогат- мајка за да добијат потомство. Меѓутоа, се' уште е тајна кој од нив двајцата е биолошкиот татко на малиот Закари Џексон Левон Фурниш Џон.

Во меѓувреме, веќе не е тајна дека и холивудската ѕвезда Денис Квејд и неговата 18 години помлада сопруга станаа родители благодарение на непозната жена што ја изнесе бременоста. Томас Бун и Зое Грејс ја здогледаа светлината на денот во 2007 година.

Инаку „пионер“ на овој тренд беше покојниот крал на попот, Мајкл Џексон, кому синот Бланкет му го роди, исто така, непозната жена сурогат-мајка. (Ј.П.)

______________________________________
можеби би поддржала сурогатство, ама кога се пари во прашање ќе нема ни контроли, ни бутур. Елтон Џон, мајкл Џексон, кај нас кој ќе биде пионерот? Боки изгледа.....
 
Toa ти е глупост, како сакаш речи Суругат мајка е фактички мајка на детето, само спермата е оплодена и јајце клетката од друга мајка. Но што понатаму детето прима антитела, се развива во ДРУГА мајка, значи фактички детето добива 3-ца родители може генетскиот код ќе биде од овие двајца, ама највеќе особини ќе има на оваа што го носела
 
Малку да го појаснам терминот што е сурогат мајка затоа што има два типа (преведов од Википедија).

Сурогат мајка е термин кој се употребува за жена која го носи и го раѓа детето за друг пар или личност. Таквата жена може да биде генетска мајка на детето оплодена со спермата од мажот (наречено традиционално сурогатство) или пак може да остане бремена со вметнување на ембрионот во нејзиниот утерус со кого таа нема никаква генетска врска (наречено гестациско сурогатство).

Ако бремената жена добие надомест (најчесто парична) за носењето и породувањето на детето (освен медицински и други разумни трошоци) аранжманот се нарекува комерцијално сурогатство, додека ако е без надомест може да се нарече алтруистичко сурогатство.

http://en.wikipedia.org/wiki/Surrogacy
 
пипл: СУРОГАТ МАЈКАТА НИТИ ИМА ОСОБИНИ КАКО НЕА,НИТИ ЛИЧИ НА НЕА,НИТИ Е ПОВРЗАНО ЕМОЦИОНАЛНО СО НЕА!

како што кажа ficdogg, таа му доаѓа како изнајмена матка!
не мешајте баби и жаби ..тоа е сосем нормално,ако не е, зошто праат ин-витро? за од ќејф? тоа не е вештачко? ..

bottom line: вака имате ВАШЕ дете ..не дека сум против посвојување, али вака знам дека ќе имам свое потомство, со своја крв ..

the end
 
Па повеќе сум за сурогат...како што рече сениорита барем ќе знаеш твој потомок е ги носи твоите гени.
 
посвојување...само во Македонија (или Република Македонија што би рекле Еди и Ивица) тоа бавно оди...процедури, чекање.......
 
Секаде оди бавно како намерно да сакаат да им останат децата по домовите. Од една страна толку бракови без деца а од друга домовите се полни, парадокс.
 
Сурогат се разбира, детето си е твое има твоја крв.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom