Malku ti se izmesani brzinite, ke se obidam da ti pomognam.
Ako Bitola bese glaven grad, a ti nemase leb da jades vo nekoj pomal grad, i ti ke sonuvase da zivees vo Bitola. Lugeto doagaat da ziveat vo Skopje od maka. Znaci za da rabotat, da preziveat. Ne znam zosto toa bi gi sprecuvalo da komentiraat kakvo e Skopje. Taa analogijata so kukata prosto vristi. Tocno e toa, ako ti dojdam v kuki i mrcam, na kloci treba da me izbrkas. Arno ama, Skopje za razlika od tvojata kuka, mu pripaga na site Makedonci kolku sto ti pripaga i tebe. Koj sto saka moze da kaze za Skopje, jebi ga, demokratija. Eve, jas od vreme na vreme ziveam vo Skopje, gi uzivam blagodetite (ludacki kirii, javen prevoz kako vo Banglades, zagaden vozduh) i pak ke ti kazam deka Skopje e parodija na metropola. Ti smeta toa? Pa mozes da se udris so glavata vo zid, mozebi ke ti pomogne...
Ако толку не им одговара Скопје, со лудачките кирии итн. имаме и нешто што се вика странство, каде што исто така ќе плаќаат кирии, ќе добијат подобро образование и подобар јавен превоз. На нас, Скопјаните, ни пречи таквиот однос, и ако некој го уништува Скопје тоа се луѓето од внатрешноста. Ниту еден Скопјанец не уништува нешто скопско. А инаку, ние Скопјаните, не можеме да ги поднесеме Охриѓаните, заради тоа што плукаат по нас, а од нас им постои летната сезона, ние им полниме хотели и соби, ние им плаќаме по дискотеки, маркети, кафичи. За другите градови не коментирам, зошто не е вистина дека толку е ,,маката,, голема сега. Има секаде речиси факултети, а сигурна сум дека не сите мораат да студираат англиски во Скопје, има и на други места, а архитектура, медицина не се запишуваат сите. Не е маката толку голема, колку желбата да се избега од средината каде што живеат. А Скопје, како Скопје, е во душата на секој Скопјанец, и очигледно дека само некој што не излегол подалеку од своето селце, каде што има само 1 улица, може да има против гужвата во Скопје. Не знам некој град, голем, во светов, каде што има мирисни цвеќиња и големи полјани. Тоа асфалтираното, изграденото, гужвата, бучавата се нарекува град.
--- надополнето: Jun 4, 2011 3:25 PM ---
Зашто бе толку многу се жустрите на темава? Вистината е таа. Овде (зборувам за воведниот пост) никој не ги нападна Скопјани дека се лош народ и вредни за омраза како што сите вие сфативте. Но, вистината е таа- Скопје е хаос и не благодарение на Скопјани.
Скопје го има универзитетот "Св.Кирил и Методиј" со сите свои факултет + Фон, Европски и уште многу други приватни факултети.
Скопје ги има речиси сите, па да не се лажеме-сите програмерски фирми во Македонија, заедно со уште милион други позиции за различни работни места.
Скопје има ноќен живот во изобилство, а богами и дневен живот. Скопје има кина, театри, базени, Скопје има плажа на Вардар.
Скопје има се и сешто, и што ти треба и што не ти треба. Ама Скопје е хаос.
Кај нас "во провинција", како што сите овде љубите да кажете го нема тоа. Нема ноќен живот, нема кај да се излезе во сред недела, освен секако кафе-шема, и нема некојси избор за излегување после 2 часот по полноќ. Секој со секого се знае и секој за секого се знае. Нели мислите дека е нормално секој млад човек да сака да избега од сивилото на својот град? И не првенствено затоа што нашите градови нечинат и во нив нема убавина, туку едноставно затоа што сакаме да се образуваме и затоа што сакаме да се вработиме.
Немаме ли ние право на тоа? Ние ли сме виновни што Скопје е единствен град во којшто се инвестира во нашава ни мала Македонија и што само Скопје ја доби привилегијата на духот Скопје 2014?
Тоа е суровоста и реалноста на нашата земја, а не глупавоста на провинцијалците.
Да, јас студирам во Скопје, живеам во Скопје, се дружам со Скопјани- читај СКОПЈАНИ, а не тие коишто се прават тоа ама се дружам и со провинцијалци. Јас немам лош збор ниту за едните ниту за другите. Со мене се сите фер и коректни. Но, пак ќе кажам Скопје е хаос, а и вие самите си знаете зошто и како.
И да, уште нешто морам да нагласам, ја живеам во Скопје и не сум дојдена таму да се омажам и да останам да живеам во Скопје, а не се ни моите другарки од провинција затоа што сите си имаат дечковци исто така од провинција.
Прво, морам да те пофалам што зборуваш литературно, јас тоа многу го ценам.
Второ, немам против луѓето кои доаѓаат да се образоваат тука, имам против тие кои се дојдени по спонзори и по џавкање на дијалекти неартикулирано во сред Скопје, и во сите државни установи.
Сепак, мислам дека не е вистина, дека нема работа во другите градови (не во сите) ако си завршил добар факултет. Во градовите како Струмица, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид, има работа. НО, поголемата вистина е зошто некој сака да остане во Скопје - затоа што е поголем град, како што кажа, затоа што никој не те познава и не се занимава со тебе, зошто можеш да се вратиш пијана дома а соседите да не почнат да смислуваат приказни. Можеби ти не размислуваш така, но во тој случај си исклучок. Кога излегувам за викенди, се што изгледа како да е симнато дирекно од Планет Плус или Пинк, е - погоди од каде. Сите тие толку да си ги сакаа родните места, немаше и за викенди да дремат во Скопје, или, ако остануваат, ќе остануваа за да учат, а не за да изиграваат проститутки, или јас поубаво кажувам ,,куче одврзано од ланец,,. Има голема филозофија во тоа, па ти верувала, или не, целиот живот го гледам тоа, веројатно поголем стаж имам од тебе во живеењето во Скопје. А да не зборувам, што се случува со студентските домови, мислам дека и од мене подобро го знаеш тоа.