Гледам дека не правиш разлика помеѓу Куран и Суннет па да ти објаснам:
Во Исламот постојат неколку извори од кои што црпи знаење шеријатското право, а тие се:
-Кур'ан (Светата Книга на муслиманите)
-Суннет ( Традицијата на Пратеникот Мухаммед а.с. што ја искажувал со зборови (хадис), со дела или преќутно ја одобрил),
-Иџма ( Консензус на исламските учени (алими) како и правни школи, и:
-Кијас (аналогија)
-Кога ќе се појави одредено прашање или проблем решението се бара според овој редослед.
Тоа за веѓите, бојадисувањето на косата не го пишува во Куранот туку во Хадисот и е дел од Суннетот на Мухаммед а.с.. Исто така е и со Сунетот, тоа е потврдена и наредена традиција од Пратеникот Мухаммед а.с..
Тој рекол:
" Пет работи ви ги оставам и препорачувам како мој суннет (традиција):
1. Отстранување на влакната од срамните места,
2. Обрежувањето (Сунет),
3. Потскратување на мустаќите,
4. Отстранување на влакната од под мишките (пазувите), и:
5. Сечење на ноктите."
(Бухари, Муслим, Ахмед, Ебу давуд, Несаи, Тирмизи)
Постојат и други хадиси по ова прашање, но и овој е доволен за да послужи како аргумент.