Followers - следбеници или следачи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Како е правилно?


  • Вкупно гласачи
    101
следбеници......
 
Како член во дискусијата во Редакција, ќе си пишам зашто мислам дека Следачи е подобро од Следбеници.

Следбеници е поим кој означува дека наследуваш нечиво дело т.е. наследник на нешто што ти следува. На пример - Апостолите се следбеници на Исус Христос, кои го продолжиле неговото дело.

Следачи е сосема правилен термин. Ете најдобар пример за тоа е поимот кој ги означува луѓето кои гледаат нешто - гледачи.
 
Следбеници е нај во ред од сите понудени опции.
 
Според мене следбеници, немам некоја посебна причина, едноставно подобро ми звучи!
 
„Следбеници“ (приврзаници) повеќе е како група луѓе кои следат и поддржуваат нечии идеологии и ставови, а може да биде и во конотација на потомци и најмногу заради таа асоцијација не ми фаќа око за превод на followers во овој контекст тука.

Кога би бирала меѓу двата термина би одбрала „следачи“ макар што и тоа не е баш соодветно и нема широка примена. „Набљудувачи“ е добро решение, или пак оставете го оригиналот.
 
Јас мислам дека Followers е доволно, без превод.
 
Јас мислам дека Followers е доволно, без превод.
И јас мислам дека Followers е доволно, но не на македонски производ. Имаме македонски јазик, да си поиграме со него.
 
Јас сум за следбеници од причина што следачи ми звучи нелитературно и сленговски :)
 
Гласам за „следачи.“ Концептот на следење на Твитер, Фејсбук, Кајгана, итн. е нов, па зошто да нема и нов збор. „Следбеници“ се приврзаници на некоја философија, мислење, односно „поклоници.“ Кога следиш некого на социјална мрежа или форум си, едноставно, „следач.“
 
Заинтересиран за.....

Заинтересирани за тебе.
--- надополнето: Jun 1, 2011 5:52 PM ---
Внимава на....

Внимаваат на тебе....
 
И замисли кога ќе ти дојде известување...
„Macedalien е заинтересиран за тебе"
"Macedalien внимава на тебе".

Првото звучи ко да сака да ти го опаши, а второто сигурно би ме загрижило, затоа што остава впечаток дека некој внимава на мене и ќе ми ја скрши муцката ако напишам нешто погрешно :ROFLMAO:
--- надополнето: Jun 1, 2011 5:56 PM ---
Гласам за „следачи.“ Концептот на следење на Твитер, Фејсбук, Кајгана, итн. е нов, па зошто да нема и нов збор. „Следбеници“ се приврзаници на некоја философија, мислење, односно „поклоници.“ Кога следиш некого на социјална мрежа или форум си, едноставно, „следач.“
Се согласувам и со ова мислење, фино објаснето.
 
Како член во дискусијата во Редакција, ќе си пишам зашто мислам дека Следачи е подобро од Следбеници.

Следбеници е поим кој означува дека наследуваш нечиво дело т.е. наследник на нешто што ти следува. На пример - Апостолите се следбеници на Исус Христос, кои го продолжиле неговото дело.

Следачи е сосема правилен термин. Ете најдобар пример за тоа е поимот кој ги означува луѓето кои гледаат нешто - гледачи.

Потполно се слагам со дечкото со упаљачот и од сега натаму ќе бидам негов следач. (а ако кажев следбеник ќе звучеше како да го наследувам неговото богатство после смрт) (y)
 
Следбеник е наследник на нешто, а следач е некој кој те следи. (Ме мрзи подетално да објаснувам, ама разликата е огромна.)

Пр. 1: Следбеници на Св. Кирил и Методиј се Св. Климент и Наум.
Пр. 2: Следачите на фудбалот не се задоволни од одлуките на ФИФА.

Мојот конечен одговор е: СЛЕДАЧ.

П.С. Знам дека примериве ми се крш, ама не ми текнуваа други.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom