Фан клуб - РК Металург

Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
металурзи, нека му е жива и здрава ќерката на Лазе Мајнов :)
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Ракометарите на Металург ќе играат со Макаби од Израел на стартот од квалификациската група за Лигата на шампионите.
Ако слават, во директниот дуел за фазата по групи ќе играат со победникот меѓу Хафнарфјордур од Исланд и Хаслум од Норвешка. Термините се 3 и 4 септември.
 
П

Паспарту

Гостин
Одлични се овие играчи, Вугринец иако во поодминати години, сепак мислам дека ќе биде одлично засилување за Металург. Вака се прави тим кој може да има успех во Европа, конечно изгледа Минчо си ја чукна малку повеќе тоа тимбата...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Вугринец да речиме е некое засилување....иако неговото време реално е поминато....
Во поодминати години е....
Козлина е повеќе одбранбен играч,тешко дека ќе смени нешто во играта на Металург во напад...
А најмногу мака Металург минатите сезони виде на бековските позиции.....позиции кои мораше да ги покрива Мојсо....и се мачеа со Левов...
Можеби лесно врвеа во Македонија,ама во Европа таква игра не проаѓа....
Кога не можеа со еден Порто,Минск да победат лани се е кажано....
Еве и да влезат во ЛШ....
Со овај тим со Мите Стоилов и компанија да не ги редам,тешко дека ќе успеат да остават добар впечаток...
Не е ова лош тим,за Македонија пак ќе бидат доминантни....ама за Европа треба многу повеќе....
А со оглед на парите кои ги дава Минчо секоја сезона,треба и мора да склопат доста појјак тим од овај....
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Миладин Козлина, Жарко Марковиќ и Дамир Батиновиќ се нови ракометари на македонскиот шампион Металург.

Европа чека на вас да ја покорите...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Козлина е корпулентен и висок бек со силен шут очекувам после овие засилувања Металург високо да котира во регионална лига.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Нигде не е спомнат Вугринец , ни на официјалната страна ни на спортските вести ...
Највероватно не се договори со Металург
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
За Вугринец е стара статијата во Дневник..од крајот на мај е....(сега видов)....:D
На негово место мислам дека го зедоа десниот бек на репрезентацијата на Црна Гора....
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Металург ја засили бековската линија

Козлина, Марковиќ и Батиновиќ потпишаа на две години за ракометниот првак на Македонија
Словенецот Миладин Козлина, Црногорецот Жарко Марковиќ и Хрватот Дамир Батиновиќ во следните две години ќе настапуваат за македонскиот ракометен првак Металург. Левиот бек Козлина дојде од Гепинген, средниот бек Марковиќ од катарски Ал Ахли, а Батиновиќ, кој игра на позициите среден и лев бек, ги бранеше боите на Марибор. Првиот ќе го носи дресот со број 10, вториот со број 7, а третиот со број 23.

„Ростерот не се затвора тука. Можно е да доведеме уште едно до две засилувања до почетокот на новата сезона“, изјави директорот на клубот од Автокоманда, Левче Китевски, на вчерашното претставување на новите играчи. „Градиме тим со амбиции да ги помине квалификациите, а потоа и групата во Лигата на шампионите, за што ждрепката ни дава големи шанси. Во Регионалната лига успех ќе биде пласман на фајнал-фор, а во Македонија двојната круна“.

„Многу сум среќен што сум дел од еден голем проект, од тоа што ќе работам со голем тренер, како и од имињата на соиграчите. Одвај чекам да почнеме да тренираме и да победуваме“, порача Козлина. Марковиќ во сличен стил: „Мислам дека направив вистински избор. Слушнав се' најубаво за градот и за клубот . Голема чест е да се соработува со Лино Червар, како и со Ракчевиќ, голем борец и најдобар играч во црногорската репрезентација“.

Покрај со тројцата странци, начелно е договорено продолжување на соработката за уште една година со ветеранот Стевче Алушовски. Со тоа Металург останува на идејата да се потпира на македонски играчи, бидејќи сега има четворица интернационалци и 17 домашни ракометари.

Своите меѓународни натпревари тимот ќе ги игра во салата „Борис Трајковски“, освен ако општина Гази Баба му дозволи проширување на салата за да достигне капацитет од 2.000 гледачи. Во новата сезона ќе се влезе со нова опрема од „Кемпа“, со која за десетина дена ќе се потпише тригодишен договор.

Стартот на подготовките е закажан за 20 јули во Скопје, а на 4 август се заминува во старата база во Словенија. Од 16 август Металург ќе игра на ТВ-турнирот на шампионите во Добој, по што екипата се враќа во Македонија и оттука ќе отпатува за Израел на квалификацискиот турнир за ЛШ што ќе се одигра на 3 и 4 септември.

извор:Утрински Весник
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.006
Поени од реакции
9.776
Imam cueno deka pregovaraat i so Pero Metlicic.
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547

--- надополнето: Jul 21, 2011 12:34 AM ---
Кој се овие двата оддесно не ми се познати ?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Тој третиот од лево на десно би требало да е Дамир Батиновиќ!?....
Средниот бек шо го зедоа од Хрватска...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Не Јоше тој е Јовица Младеновски од Пролет шо ојде во Металург левиот бек!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom