Јапонскиве аниматори и јапонските цртани филмови се стварно најдобри од анимација до ликови па се до комплексните и епски приказни и заплети,а додека пак Американциве се добри за да те насмеат и да те опуштат.
Овде ќе ти забележам, и ќе речам дека ниту едните ниту другите не се во некаква предност ни во анимација ни во раскажување на приказната. Различни култури, а од таму и различни визуелни и наративни стилови. Ама и едните и другите успеале да и да те насмеат и да раскажам епски драми.
Јапоснкиве можеби делуваат како посложени, за повозрасни, ама ако анализираш ќе дојди поинаку. Пример Spirited Away. Ај пробај да извадиш некоја длабока и скриена порака од приказната. Освен очигледното ќе се заплеткаш. Мислам јас повеќепати го имам гледано и секогаш сум се прашувал, што сакаат авторите да ни кажат, дали има некоја метафора тука - а во цртанот се личи како да има некое второ значење? Не успеав да најдам некоја јасна па тој цртан повеќе би го нарекол комплексна авантура отколку драма со порака.
Можеби за тоа се тие комплексни авантури, немаат јасна порака и ги оставаат работите на имагинацијата и интерпретацијата на гледачот.
-------------------------------------
-------------------------------------
Инаку ако се прашува некој, аватарчево е од еден нов цртан, My Little Pony. Стана интернет сензација, меме, од за мене непознати причини, па и ја да се позафркавам малку. Ама за него во другата тема за цртани оти е тв серија. Не ми е гледан засега.