Фан клуб: РК Пелистер

Член од
3 март 2008
Мислења
151
Поени од реакции
56
za cile i jas nekni razbrav deka sigurno e vlezen :))) a koj e ovaj trenero znaj nekoj
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ако не се лажам се работи за Ратко Џурковиќ....
Екс играч на Ловчен,долгогодишен репрезентативец на Србија и Црна Гора....
И то во времето кога беа ептен јаки....
Уште како играч беше звер во одбрана...заедно со Џукановиќ партал праеја во одбрана...
Е сеа каков е како тренер ќе видиме...
Се надевам дека ќе форсира јака одбрана..то ни треба....
За играчи е полесно да се најдат...
Богат пазар е Балканот...и можи за мала пара да се најди салам играч....
Прво најбитно е да се среди управата,да се избери тој управен одбор,да влезат шо појќе јаки луѓе во него,не само Циле..
Ете ЕЛЕМ ако помогни пак,уште некој друг спонзор и Пелистер пак ќе има салам организиран клуб....
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Последно мислам дека бил тренер во Беране , Црна Гора е сега за каков тренер станува ќе видиме вечер кога е закажан првиот тренинг официјално со новата управа и новиот тренер !
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.422
Поени од реакции
8.546
Последно мислам дека бил тренер во Беране , Црна Гора е сега за каков тренер станува ќе видиме вечер кога е закажан првиот тренинг официјално со новата управа и новиот тренер !
Од колку почнува тренигот да не знаеш ?Сигурно би требало да има и преес или нешто слично ...
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Од колку почнува тренигот да не знаеш ?Сигурно би требало да има и преес или нешто слично ...
Од 6 е тренингот како состанок е и младинската екипа и сениорската екипа ке се збора за понатамошните случувања и работи шо ќе се случват за во идната сезона и каков е планот на работа со младинската а секако и со сениорската и кој е во план да остани а кој ќе го напушти клубот
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Последно беше тренер во Ловчен Црна Гора!!!
Иначе порано беше пикер, на денешниот тренинг ке се запознајте со него :)
 
Член од
3 март 2008
Мислења
151
Поени од реакции
56
uste ima sansi pelister da igra vo regionalnata liga preku kvalifikaci...do krajo na nedelata ke se znaj oficijalno...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Нигде не пиши така ОД КАЈ ТИ Е ИНФОРМАЦИЈАТА????
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Дај бе еднаш престанете да ширите ДЕЗИНФОРМАЦИИ. Тренерот беше денес в сала ама тренингот го пратеше од трибините и на бегање се поздрави со злате и заре и замина. Циле воопшто не се појави, ниту Баге никој... Само Ефто беше в сала и балто друг никој....
Ни чистка се праеше ни состанок, туку цела работа беше ЦИРКУС БЕЗ ПАРИ
Тренерот е како на проба дојден.
Ко ке го видиме на терен, ко ке излези Циле на прес ТОГАШ СЛОБОДНО ПИШЕТЕ, ЗБОРАЈТЕ, КАЖВАЈТЕ ШО САКАТЕ.

А за регионалната и денес на тренинг зборваја нешто- требало да има турнир за влез во Лигата како со б еше пред 3 месеци шо се збораше!!! И би требало да е негде Август
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Дај бе еднаш престанете да ширите ДЕЗИНФОРМАЦИИ. Тренерот беше денес в сала ама тренингот го пратеше од трибините и на бегање се поздрави со злате и заре и замина. Циле воопшто не се појави, ниту Баге никој... Само Ефто беше в сала и балто друг никој....
Ни чистка се праеше ни состанок, туку цела работа беше ЦИРКУС БЕЗ ПАРИ
Тренерот е како на проба дојден.
Ко ке го видиме на терен, ко ке излези Циле на прес ТОГАШ СЛОБОДНО ПИШЕТЕ, ЗБОРАЈТЕ, КАЖВАЈТЕ ШО САКАТЕ.

А за регионалната и денес на тренинг зборваја нешто- требало да има турнир за влез во Лигата како со б еше пред 3 месеци шо се збораше!!! И би требало да е негде Август
Абе Кирче....шо сакаше ти?Шо мислеше дека ќе се случи денес?
Ќе дојди Циле костумосан и со списокот во рацете и ќе му кажи на сите поединечно ТИ ЌЕ ОСТАНИШ,ТИ БАТЕ ПАЛИ ПАТИКИТЕ.....
Ова се подготвителни планови на клубот....
И Циле не е таков чоек шо ќе парадира....
Си има свои луѓе шо ќе бркаат работа....
Имаше обезбедување на врата....се чекаше некој да дојди од тие нови луѓе во клубот...
Не беа за џабе тие батињата надвор...
А можи беше и за тренерот да биди на рајат....
Кој прај состанок в сала?кај шо се одлучва за судбината на играчите.....
Управа не се прај на тренинг....
В сала се прај тактика,се тренира....не се прај отпусна листа....
Како да го води Џурковиќ тренингот?
Каква проба за тренерот?Која екипа пробва тренер?
Или чини или не чини....
Ако ти чини го земаш..ако не ништо од бизнисот.....
Дојден беше чоекот со синот на Багето да види кај ќе работи.....
Не е будала и тој да дојди за џабе....
Ќе си напрај тој список кој ќе остани...кој ќе си оди....
Прво треба да види кај иди и во каков клуб иди....
Списокот нормално не можи да биди напраен на тренинг...
Пред некој ден заврши сезоната....има време...
Не можи уште од сега да му ги манат клоците на играчите....
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Чим дошол Ратко Џурковиќ во салата сигурно не е на екскурзија овде :p Штета шо имам обврски со факултетот па одвреме навреме или тука или ако сретнам некој се информирам... Инаку човеков дури беше играч беше карпа во одбраната на СЦГ, ако не се лажам и капитен беше. Се имам запознаено во Београд со него сосем случајно :rolleyes: а како тренер, незнам каков е. Ако дојди секако дека ќе биди засилување, ќе воведи нов концепт, нова екипа, одма ќе се врати интересот во градот за ракомет, еуфорија, полна сала... Ех колку би бил среќен да можиме да прибериме нешто од Вардар... Надовеза, Продановиќ... и ќе бидиме велесила :sneaky:
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
РАКОМЕТ ПЕЛИСТЕР ВО ПОТРАГА ПО НОВ ТРЕНЕР
Ѓурковиќ прв на преговори во Битола

Битолски Пелистер во новата сезона најверојатно ќе има нов тренер. Првиот кандидат што веќе е дојден на разговори во Битола е Црногорецот, Ратко Ѓурковиќ. Со доаѓањето на Силјан Мицевски во раководството Пелистер има и амбиции да им ги замрси сметките на Вардар и Металург. Сегашниот тренер Звонко Шундовски, кој е на подготовките со сениорската репрезентација, нема информација дека е сменет.

- Мене никој не ми се јавил, но слушам муабети дека ќе има нов тренер, вели Шундовски, кој и во услови на беспарица стигна до третото место во Супер лигата.

Ѓурковиќ е поранешен играч на Синтелон, ПИК Сегед, Босна, Ловќен, а беше и тренер на Ловќен. Беше сменет, бидејќи клубот ја загуби титулата од Мојковац. Му беше помошник и на Касим Каменица кога Црногорците не се пласираа во баражот за СП 2011.

- Преговараме со управата. Треба да ги усогласиме деталите. Сигурно дека тие имаат и други тренери во комбинација.Тие ги кажаа своите услови, јас моите. Има простор за договор, изјави Ѓурковиќ.

Од битолскиот клуб засега не потврдуваат дали Ѓурковиќ е единствен и најсериозен кандидат. Се преговара и со играчи. Во игра се Перо Мисовски, Раде Стојановиќ и Бранислав Ангеловски.

- Нема ништо ново околу играчите. Прво да го решиме прашањето со тренерот. Ѓурковиќ не е единствениот кандидат. Имаме уште неколку имиња во игра. Ниту Звонко не е исклучен. С` ќе се знае за неколку дена. Со тренерот треба да се најдеме околу амбициите и цената, вели Ефто Божиновски, сегашниот претседател на клубот.

Ако профункционира Регионалната лига, тогаш Пелистер ќе мора да игра во домашното првенство, да биде меѓу првите четири, а потоа со вклучување на Вардар и Металург, да разигрува за титулата. Затоа и ќе има потежок пат за враќање на титулата.

Горан Антевски

Еве Дневник за вчерашниот тренинг што кажа.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Раде Стојанович, Бранче Ангеловски, Мисовски (како шо ги пиши) + Надовеза, Маркичевич, ако можи Резничек ке сме ТОП, Ни Вардар ни Металург ке се види после
 

Kajgana Shop

На врв Bottom