Зошто модерната жена се плаши од брак?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ајде смирете страсти без навреди. Последна опомена.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А морам да го сакам Груевски, Црвенковски, Бошковски за да бидам некому од корист?
Баш ми е гајле за сите нив. Јас сум таму каде што треба да бидам - социјална грижа, и работам нешто што на некои луѓе, оние во најлоши услови што живеат, добро им доаѓа и се среќни.
Инаку, да не сум јас волонтер, и уште неколку други, нема да има кој да им помогне на овие луѓе...
Затоа, како што кажав, целта ги оправдува средствата, па ме боли мене за нечија власт, јас битно сум нашла начин да стигнам онаму каде што на некој му го разубавувам денот, можеби и неделата!
Па јасно, ти си модерна жена која не се плаши од брак...:D јас никаде не реков дека се плашиш од брак или дека не си добра личност која помага на луѓе...
Еден друг чичко па да ти расправа...колку е алтруистичен алтруизмот кога прво се ограбуваат до гола кожа луѓето преку намети, давачки, даноци и секакви бирократски изжувувања а после се вработуваат од нивните пари луѓе кои ќе им фрлат коска колку да не умрат на оние кои се ограбени од истите...со што оние кои одлично живеат од тие ограбени пари се претвораат во алтруисти и добричини...магија....
Нешто ко лоботомиран Робин Худ and his merry men...:D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
ова ти се вика NO COMENT
и да погодам не конзумираш алкохол и не пушиш а и дечкоти исто така
Инаку, конзумирам алкохол, секогаш кога имам време, се случува еднаш два пати во месецот убаво да си се напијам, пушам по 2 кутии цигари на ден, дечко ми пие повеќе од мене, пуши нешто помалку :)
--- надополнето: May 30, 2011 11:41 PM ---
Па јасно, ти си модерна жена која не се плаши од брак...:D јас никаде не реков дека се плашиш од брак или дека не си добра личност која помага на луѓе...
Еден друг чичко па да ти расправа...колку е алтруистичен алтруизмот кога прво се ограбуваат до гола кожа луѓето преку намети, давачки, даноци и секакви бирократски изжувувања а после се вработуваат од нивните пари луѓе кои ќе им фрлат коска колку да не умрат на оние кои се ограбени од истите...со што оние кои одлично живеат од тие ограбени пари се претвораат во алтруисти и добричини...магија....
Нешто ко лоботомиран Робин Худ and his merry men...:D
Батка, малце погрешно нешто си разбрал. Моите родители и јас секој денар чесно сме го заработиле. И во најтешките времиња, кои сме ги имале, сме јаделе леб и млеко, ама не сме биле ничии курви па да ни плаќаат за да ограбуваме или нешто друго. Чесноста е многу важна работа во животот, барем во мојот. А тоа што користам партија, за да стигнам до некој на кој сум му потребна, е дека некој многу помоќен од мене одлучил да биде гомно од човек, а јас можам да одберам да мижам и да заокружувам гласачки ливчиња, или да искористам нечија партија и ингеренции, за да стигнам кај оние, кои се заборавени од сите.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
22.998
Инаку, конзумирам алкохол, секогаш кога имам време, се случува еднаш два пати во месецот убаво да си се напијам, пушам по 2 кутии цигари на ден, дечко ми пие повеќе од мене, пуши нешто помалку :)
а оти не си се земите.ете години во врска, станбено решени, пари колку што сватив топка, си се сложвате .шо чекате стварно???
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
а оти не си се земите.ете години во врска, станбено решени, пари колку што сватив топка, си се сложвате .шо чекате стварно???
Не си сфатил како што треба. Прво, имам други приоритети сега, и јас, и тој. И тој е студент, иако јас реално му го учам. Пари немаме топка, од причина што јас студирам а работам како келнерка навечер, сеуште ме издржаваат родителите, исто и него, станбено не би рекла дека сме решени, зошто немаме свој простор, туку живееме кај него бидејќи неговиот брат има стан во кој никој не живее, се сложуваме, но сме многу млади, јас имам само 20 години. Кога ќе решам самата со себе дека е денес крај, повеќе не учам, повеќе не студирам, повеќе не специјализирам, и кога конечно ќе најдам работа која што може да ми издржава семејство... Е тогаш, ќе се мажам под хитно :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Инаку, конзумирам алкохол, секогаш кога имам време, се случува еднаш два пати во месецот убаво да си се напијам, пушам по 2 кутии цигари на ден, дечко ми пие повеќе од мене, пуши нешто помалку :)
--- надополнето: May 30, 2011 11:41 PM ---

Батка, малце погрешно нешто си разбрал. Моите родители и јас секој денар чесно сме го заработиле. И во најтешките времиња, кои сме ги имале, сме јаделе леб и млеко, ама не сме биле ничии курви па да ни плаќаат за да ограбуваме или нешто друго. Чесноста е многу важна работа во животот, барем во мојот. А тоа што користам партија, за да стигнам до некој на кој сум му потребна, е дека некој многу помоќен од мене одлучил да биде гомно од човек, а јас можам да одберам да мижам и да заокружувам гласачки ливчиња, или да искористам нечија партија и ингеренции, за да стигнам кај оние, кои се заборавени од сите.
Како модерна и образувана жена (која не се плаши од брак) треба да прочиташ за концептот на даноци и концептот на доброволност и нивниот љубовно-сексуален однос, ти го препорачувам чичко Фредерик Бастија, и тој е умрен (не забегал ко овој другиот) ќе ти разјасни некои работи околу државно-партиските добрини...
Инаку генерално се сложувам, треба да има поделба на работите во домот, и тоа на доброволна основа...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.532
Поени од реакции
8.619
Како модерна и образувана жена (која не се плаши од брак) треба да прочиташ за концептот на даноци и концептот на доброволност и нивниот љубовно-сексуален однос, ти го препорачувам чичко Фредерик Бастија, и тој е умрен (не забегал ко овој другиот) ќе ти разјасни некои работи околу државно-партиските добрини...
Инаку генерално се сложувам, треба да има поделба на работите во домот, и тоа на доброволна основа...
Искрено, ќе го прочитам за некоја година, кога ќе имам време за плус некоја литература. До тогаш, дали според тебе, треба да си ја скинам книшката, и да не им помагам на тие луѓе?
Дали мислиш дека на некој друг ќе му текне дека постојат, и ќе им помогне?
Да постоеше таков некој, зошто јас би си го трошела времето на некој кој и нема потреба од мене?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198

Se custvuvas podobro od koga ke pomognes?
Ako da, togas toa go pravis od sebicni pricini, za TI da se custvuvas podobro. Eh, zivotot e poln so kontradikcii...

Mene licno vo temava mi se najsmesni zeni so stavovi. Demek, jas ova, toj ona, jas ne ova, toj ne ona.

Gotovi upatstva za brak, na 17-22 godini stari devojki. Znaci, NISTO vo zivotot ne funkcionira na toj nacin, nisto ne e racionalno i prasanje na dogovor i kompromis...

No, kako sto rekov, ke vi se kaze samo...
 
Без книшка повеќе ќе им помогнеш, ќе имаат едно лице помалку за издржување, бидејќи ти им помагаш но тие ја плаќаат твојата помош кон нив...а тоа и не е помош...не дека ќе направиш голема разлика во ионака трулиот систем кој продава лажна филантропија, но сепак...
Долга и широка е и за друга тема, да се задржиме на прашањето зошто модерната жена има трауми и кошмари од готвење појадок за евентуалниот сопруг?
 
Не се чувствувам добро само кога ќе помогнам. Туку кога ќе видам резултат од тоа што сум помогнала. Врвно задоволство ми е кога ќе видам една жена, жртва на физичко насилство, маж и на одвикнување, разводот при крај, таа едвај со средно е, без работа, и кога јас ќе одам кај неа, ќе и го анимирам детето, ќе го прошетам, ќе му купам чоколадо, ќе му купам шампон, и играчка, и кога таа ќе има можност да зачисти по дома, зошто со дете од 2 години малце тешко е да го оставиш на НИКОГО, и да се секираш што одводот ти е затнат. Е кога ќе го видам тоа, ептен сум задоволна и среќна, често пати сум плачела од среќа, кога ќе видам колку им значи таа мала помош на тие луѓе.
--- надополнето: May 30, 2011 11:59 PM ---
Без книшка повеќе ќе им помогнеш, ќе имаат едно лице помалку за издржување, бидејќи ти им помагаш но тие ја плаќаат твојата помош кон нив...а тоа и не е помош...не дека ќе направиш голема разлика во ионака трулиот систем кој продава лажна филантропија, но сепак...
Долга и широка е и за друга тема, да се задржиме на прашањето зошто модерната жена има трауми и кошмари од готвење појадок за евентуалниот сопруг?
Не плаќаат придонеси тие луѓе, социјални случаеви се. Примаат мала социјална помош, како резултат на корумпирано општество во кое малкумина плаќаат даноци, а и оние што се платени, одат на погрешна сметка. Колку помали даноци и придонеси, толку помалку пари за социјална помош.
Јас немам трауми и кошмари. Јас немам време.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
22.998
Не си сфатил како што треба. Прво, имам други приоритети сега, и јас, и тој. И тој е студент, иако јас реално му го учам. Пари немаме топка, од причина што јас студирам а работам како келнерка навечер, сеуште ме издржаваат родителите, исто и него, станбено не би рекла дека сме решени, зошто немаме свој простор, туку живееме кај него бидејќи неговиот брат има стан во кој никој не живее, се сложуваме, но сме многу млади, јас имам само 20 години. Кога ќе решам самата со себе дека е денес крај, повеќе не учам, повеќе не студирам, повеќе не специјализирам, и кога конечно ќе најдам работа која што може да ми издржава семејство... Е тогаш, ќе се мажам под хитно :)
то за приоритетите го свативме, ама жално но вистинито е дека секогаш ке имаш други приоритети.
а кога ке се сетам како ми беше кога ме издржуваја моите.станиси легниси најадисе шетниси пак легниси.убајни животот беше совршен.арно ама не бил.
а тоа дека живеете кај братму значи дека нема да плаќате кирија, а тоа дека имаш 20 се познава од далеку.
п.с инаку после оваа информација за годините можам комотно да ти кажам дека јас кога стапив во брак ти беше трето одд па сега ти споредиго моето релано искуство со твоето имагинарно
 
Нема да имам други приоритети. Зошто имам цел пред мене, ме разбираш? Горе - долу, не ми се сменети приоритетиве минативе 5 години, иако пред 5 години сакав да живеам во Аргентина :) А јас не живеам стани си, легни си, најади се, шетни си, пак легни си. Мислам дека добро сфати, дека работам повеќе од 99 проценти од моите врсници, и општествено активни колку мене се неколку промили од целата наша популација. Моето имагинарно, станува реално, се што сум испланирала добро до сега, испаднало и така.
Можеш да не успееш, само кога се лажеш себе си. Ако стоиш цврсто на земја, и добро знаеш што сакаш, нема таква опција. Ако јас си ја слушав интуицијата, до сега веќе ќе родев дете, со оглед на тоа колку сакам деца. Но, знам дека немам услови за истото, и не сакам да мисли дека ми било пречка во животот. Затоа не се ослонувам на мојата интуиција или интуицијата на баба ми, стрина ми, тетка ми. Туку на својот сопствен разум. Па и да паднам, ќе си ги затресам колениците, и ќе продолжам.
Можеби во животов не научив да готвам, ама научив да не се откажувам од своите идеали и многу многу да се борам за да успеам. Моите родители не ме учеа да си шетнам, каснам и легнам, туку да учам и сама да се борам за се во животот. Не ни паметам кога последен пат, сум дигнала нозе во вис, а мајка ми да пеглала или нешто слично. Што беше тоа одмор??? :)
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
За брак треба флексибилност, нема тука тешка работа и нема не можам ова,јас не работам она, кој што може и кога може треба да помага, џабе дискутирање кога едно се зборови друго се дела, секој ќе се покаже кога и ако има прилика во животот, никој никого не трпи денес, зашто поновиве генерации имаат кратки фитили, а и хегемонизмот како идеологија се повеќе владее, така што до карактерот е, ако сакаш некого и ако ти е стало до него, ако сакаш да остане во твојот живот било да е маж/ жена ќе се потрудиш таа заедница да функционира, маж може да зготви ручек и нема да му биде тешко да го направи тоа доколку си ја сака жената и гледа дека таа напорно работи, нема стереотипи и предубедувања дека само жената припаѓа во кујна, не постојат машки и женски работи, се е заедничко и се се дели на пола, кој е мрзлив не е за брак било да е маж било да е жена, освен ако некој некого не трпи, па да работи само едниот партнер а другиот само да се излежава, ама и во тој случај нема да опстојат зашто трпи трпи на крајот ќе пукне тиквата., како што реков погоре никој никого не трпи денес, секоја заедница бара работа вложување...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Внимателните анализи покажуваат дека жената во својата куќа ги исполнува следните улоги:
1. Таа мора да биде сопруга на својот маж
2. Таа мора да биде мајка на своите деца
3. Таа е учителка на своите деца и ги учи на тоа што е лошо а што е добро
4. Таа е старател се грижи за куќните работи
5. Таа е психолог, го користи својот интелект во секојдневната борба со мажот и децата
6. Таа е советник, ги советува децата кога се раскарани
7. Таа е економист, ги пресметува сретствата за домаќинството
8. Таа е главен кувар, подготвува храна
9. Таа е пекар печи за разни прилики
10. Таа е кројачка, крои и крпи облека
11. Таа е шофер, ги вози децата на училиште и назад
12. Таа е набавувач и доставувач , се грижи да се осигураат главните потреби за куќата
13. Таа е централа, одговара секогаш на повиците при звонењето на телефонот
14. Таа е рецепционер ги пречекува гостите и посетителите
15. Таа е онаа кој што двори и ги нахранува сите пред себе

Ova e nesto od edna druga tema, posle nebulozite na modernite zeni, duri i islamot izgleda kako osvezuvanje...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom