Се повеќе многудетни семејства меѓу Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата viktora
  • Време на започнување Време на започнување
V

viktora

Гостин
Наталитетот расте

Од кабинетот на заменик-министерот Спиро Ристовски велат дека не можат да зборуваат за податоци претставени во проценти или во бројки с` додека Државниот завод за статистика не направи анализа, но додаваат дека според податоци добиени од барањата за родителски додаток, излегува дека многудетните семејства кај Македонците се зголемуваат за околу 2 процента.

- Наталитетот во 2009 година е зголемен за 3,2 отсто. Според официјалните податоци од 2009 година во Македонија вкупно се родиле 23. 910 деца. Таа година се родиле вкупно 903 кои биле четвртородени во едно семејство, 240 како петти деца, 78 се шести, 34 седми, 28 осми и девет деца како девето дете. Вообичаено, повеќе од четири деца раѓале жени од албанска или од ромска националност. Но, се појавуваат и неколку млади македонски семејства кои имаат повеќе од четири или пет деца. Имаме примери кога одредени македонски семејства имаат и по осум деца. Сметам дека за овој беби-бум делумно се одговорни и владините кампањи, вели Ристовски, заменик-министер во надлежното министерство.

Соседите му се радуваат на семејството Кирови од скопската населба Аеродром зашто куќата им е полна со детски џагор. Триесет и петгодишните Даниел и Даниела велат дека нивните пет малолетни деца ги тераат да помислат и на изреката колку повеќе деца, толку поголема сиромаштија, но нагласуваат дека не мислат само на материјалната страна на животот.

- Имаме пет деца, три девојчиња и две момчиња, но и покрај тешките материјални услови за живот и шестото да дојде, ќе биде добредојдено, вели Даниела.

Во Министерството за труд и социјална политика велат дека бројот на македонски семејства кои во последните три години имаат повеќе од три деца е во благ пораст.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=098600AF9120B343A6A1A673CEB2C44F
--- надополнето: May 30, 2011 4:52 PM ---
Конечно и за нас Македонците една МНОГУ убава вест,па нели кој ја газе земјата тој ја владее.
Правете деца децата се богатство.
 
Браво убава тема.. Точно е дека наталитетот е во нагорна линија,додека во другите држави енормно паѓа (пример Србија,секоја година населението им се намалува за 30 000 )..ама мене ме загрижува фактот што наталитетот расте САМО кај Албанската популација..проклети да се оние кои го спречија законот за 3-то дете и парична помош за семејствата каде наталитетот е намален,а тоа е пред се во Македонските општини и средини.. Црно ни се пише ако продолжи вака, и мора под ХИТНО да се превземат мерки и да се врати законот предложен од пред некоја година, а да се укине сегашниов,каде сите зимаат помош за 3-то дете.. За некого ова е дискриминирачки,ама за мене не е,несакам еден ден во Македонија да има повеќе албанци од Македонци
 
Искрено од секогаш сум се радувал кога се раѓаат деца на пример ќе слушнам денес се родени 30 бебиња без разлика на националноста ми причинувало задоволство. Но во случајов гледано од политички аспект за 10 години во државава може да има повеќе Албанци од Македонци што навистина не би сакал. Да живеев во некоја друга неБалканска држава можеби ќе ми беше сеедно но овде работите се по комплицирани.
 
Искрено од секогаш сум се радувал кога се раѓаат деца на пример ќе слушнам денес се родени 30 бебиња без разлика на националноста ми причинувало задоволство. Но во случајов гледано од политички аспект за 10 години во државава може да има повеќе Албанци од Македонци што навистина не би сакал. Да живеев во некоја друга неБалканска држава можеби ќе ми беше сеедно но овде работите се по комплицирани.

Ако си дозволиме да бидеме малцинство во своја земја,тогаш сите колективно можеме да си го врземе јажето околу врат.. сега што ни прават, а не кога би биле повеќе од нас
 
Како што ја разбрав вества станува збор за Македонскиот етникм.Значи вест е дека и кај нас се зголемува натарлитетот а не само кај Албанците.Но и многу пријатели и роднини познавам што имаат по 5-6 деца и очекував некој да испадне со вакви податоци.За разлика од нас, Албанците од пред 20 години кога имале по 10-11 деца а пред 10год по 5-6, денес просек им е по 3-4 деца така да чисто сумјам дека во блиска иднина они би биле мнозинство.
 
Како што ја разбрав вества станува збор за Македонскиот етникм.Значи вест е дека и кај нас се зголемува натарлитетот а не само кај Албанците.Но и многу пријатели и роднини познавам што имаат по 5-6 деца и очекував некој да испадне со вакви податоци.За разлика од нас, Албанците од пред 20 години кога имале по 10-11 деца а пред 10год по 5-6, денес просек им е по 3-4 деца така да чисто сумјам дека во блиска иднина они би биле мнозинство.
Ако е така во ред.
Навистина не личи во Македонија да има повеке албанци од македонци.Прават што им текне.Енциклопедијата ја укинаа,овој закон и за нив си го направија а ние македонците за ништо не можеме да се избориме.Сите штрајкови ни се задушуват...
 
Одлична вест, но се прашувам колку од младите парови се стремат кон повекечлено семејтсво. Дури и тие што имаат финансии не размислуваат за повеќе деца. Време и трепение треба за чување деца, а сега ретко кој го има.
 
Одлична вест, но се прашувам колку од младите парови се стремат кон повекечлено семејтсво. Дури и тие што имаат финансии не размислуваат за повеќе деца. Време и трепение треба за чување деца, а сега ретко кој го има.
Баш ова. Низ Европа се намалува наталитетот, не затоа што немаат услови за чување деца, туку затоа што Европејците се "модернизирани", па брак и деца им' се на последно место на листата на приоритети. Кај нас ваквата "модернизација" е во тек и е најизразена кај младите, кои се сомневам дека спаѓаат во наведенава статистика (сигурно на 20-тина години немаат по неколку деца). Значи, само прашање на време е до кога ќе трае овој минимален пораст кај Македонците. Се' ми се чини, кратко. :unsure:

Пс. Додека не поминат избори, на никакви статистики не верувам. А и после тоа, богами..
 
Па кога почнаа да продаваат кондоми од 10 денари така им е.
 
Немаш иднина, немаш економија, немаш развој без млада популација.
 
Но во случајов гледано од политички аспект за 10 години во државава може да има повеќе Албанци од Македонци што навистина не би сакал. Да живеев во некоја друга неБалканска држава можеби ќе ми беше сеедно но овде работите се по комплицирани.

Во Македонија има 16-17% Шќиптари, и нема шанса за десет или повеќе години да стант мнозинство.
 
И Албанците не прават веќе толку деца. 7, 8, 9 деца? - Цигани.
 
Да се живи и здрави и нека се множат што повеќе.
 
Пред да почнете да се радувате за ова..да ви кажам личен пример.
Не сум од многудетно семејство..финансиски у средна класа да речеме..Ми биле овозможено повеќето умерени работи што може да ги побарам..Од друга страна имаше у моја близина една албанска фамилија.многудетна дали од нобразование или од албанската кауза..битно додека јадев хамбургер нив им кршеше татко им леб и сите ко кучиња..
Малце размислете со црпката дали вреди да им ја заебете иднината на децата ради глупости.Албанците се опаметија пополека,да не ги замениме во среден век ние..
Не зборам за 2 до 3 деца,тоа е океј..али повеќе деца бараат внимание и све останато.Ја сакам државата,се сметам за националист ,али семејството не е место каде што се покажува патриотизам.
Што е до браќата,нека раѓаат ако запнале толку..затоа децата ке им продаваат паломи и аргат ке му виде врвот у животот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom