Половина од учеството за кредит за изградба на куќа или купување на стан ќе го дава државата
Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот и ќе се однесуваат само на станбени кредити до 50 илјади евра. Максималната поддршка од државата ќе биде до 6.500 евра.
- Тоа е една конкретна мерка со која секоја година од Буџетот ќе се одвојува доволна сума пари, со цел голем број граѓани да си го решат станбеното прашање“, изјави Зоран Ставрески, министер за фианнсии.
Но за да се добијат овие пари, куќата или станот што ќе се купува треба да биде новоградба. Корисниците на вакви кредити да не поседуваат имот, да немаат друг станбен кредит и вкупните примања во семејството да бидат помали од 900 евра месечно.
Дадените пари ќе се враќаат по дваесет години без камата на пет годишни рати. Од јануари 2012 ќе се субвенционира и половина од месечната рата за кредит за нов стан или куќа за период од пет години. За првите три години средства нема да се враќаат, за следните две- каматната стапка ќе биде 5,5 отсто. И ова се однесува за кредити до 50 илјади евра.
Што мислите за ова.. На страна дека е политичко ветување,ама што мислите за една ваква мерка ? Би било добро или не ?
Школски пример што значи мешање на државата во економијата и ефектите т.е штетата од таквото мешање денес може да се најде во повеќе земји во светот. Ова се земји кои доживеаа бумови во недвижнина вештачки индуцирани од владини субвенции. Впрочем економската криза настана поради иста ваква мерка воведена од страна на владата на САД.
Во растот на БДП 2010/2011 скоро половина се должи на растот на градежништвото(whooping 40%) кое пак е 90% станбен простор. Она што се случува моментално во Македонија касни едно 10тина години од тоа што се слулчуваше во светот. Ние тек сега индуцираме балони во недвижнина..
Кои ќе бидат ефектите од ова?
1. Недвижнината ќе порасни на цена а ќе падни на вредност. Цените ќе бидат испратени повисоко поради субвенциите. Иоанака преголемата понуда на станови и градње ќе стане уште поголема. Односот на ќиријата/цената ќе продложи да се намалува и еден ден ќе достигне негативен принос кога ќе се вкалкулира одржување, амортиазија и слично.ж
2. Еден ден некој ќе продаде ефтино, ќе настани паника ќе следи масовно продавање... Многу од луѓето нема да осеќаат потреба да продаваат по така ниски цени... Но тогаш ќе имаме илјадници презадолжени Македонци кои нема да можат да ги платат ратите и банките ќе им ги повикаат хипотеките... Тогаш банките ќе продаваат по секоја цена, ќе се соочат со загуби а можеби со банкроти (ова останува да се види оти засега 1/3 е изложеноста кон хип. стан. кредит).
3. Ендгејмот ќе биди што и владата ќе мора да ги враќа тие кредити од каде што ги зела. Со новиот политчки подобен гувернер верувам дека сето има добри шанси да легни и на денарот...
4. Ако саката стан/куќа земете под ќирија и собријате евра во наредните неколку години. Еден ден ќе го решите вашето станбено прашање многу многу многу ефтино без владини субенции.. За ваше добро немојте да ги искорисите овие субвенции и да станите роб на долгот и банките.
Само да напоменам дека не ја знам мотивацијата за ваквиот недоветен потег на нашата влада, но она што го знам дека пазарот уште сега е во доста незгодна позиција. Дали неколку станови се продаваат во скопје месечено, т.е волуменот е намален значајно пред се поради што цените се високи и нема купци. Дали можеби ова е обид на владата да го спречи веќе надуваниот балон на недвижнина во Македонија ? Или можеби има одредени интересни групи кои се заинтересирани за градње - т.е побарувачка за нивните градби ? Јас очекував цените да почнат да паѓаат во секој момент но ова ја променува сиутација, ова создава маригнална побарувачка и работите можи да одат во спротивен правец некое време... Но By all means please не купувајте стан. Тоа ќе биди најопсаното нешто што може да го имате во наредните 10 години.
Всушност веќе секој бизнисмен-полуписмењак од типот на Велија (да тие се тразициски олигарси, во капиталистичко општество ќе бидат тоа што треба да бидат - офчари) почна масовно да гради згради во Скопје.
Порасот на градењето на станбен простор во македонија треба да 38*0.9=
34% изминатата година... Ова е основа на понуда т.е фундамент на понуда... основата на побарувачката т.е детерминацијата на побарувачката е од % пораст на населението, % пораст на доходот, и % на луѓе со веќе решено станбено прашање. Можите да ги побарате тие податоци и да ги собирате, да ги множите, и да ги степенувате нема да ситгните не ненормалниот 34% пораст на понуда. Значи фундаментите се сосема јасни - исто како среброто само обратно.
Како што кажав од овие 34% пораст можеби некоја фирма има проблем да ги проададе становите па владата е тука да ја стимулира побарувачката на барање на бизнис интересите. Ова значи дополнителна маргинална побарувачка на луѓе со можеби веќе решено станбено прашање, пр. во внатрешноста, кои ќе земат кредити што не можат да ги вратат и ќе купат станови во кои не планираат да живеат...туку од кои планираат да живеат(ќирија која ќе оди надолу во наредните години)...
Исто уште да додадам дека поради тоа што фундаментите на побарувачката не растат за да ја стигнат понудата, во наредниот период се повеќе од недвижнината ќе се финансира на кредит што е трагично за македонската иднина. Секако кредитот се движи и наназад кога цените ќе паѓаат и има credit crunch.