UEFA Champions League Final : F.C.Barcelona - Manchester United F.C.

Кој ќе победи во финалето во ЛШ ?

  • Барселона

    Гласови: 111 49,8%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 112 50,2%

  • Вкупно гласачи
    223
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Финалето од Лигана на Шампионите оваа година ќе се одигра на Вембли на 28 Мај. Оваа година во финалето се пласираа екипите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Овие две екипи се сретнаа во финалето 2009 година каде што Барселона го победи Манчестер со 2 - 0 со головите на Самуел Ето и со голот на Лео Меси. Дали Барселона ќе го повтори успехот од Рим, или пак црвените ѓаволи ќе се реваншираат, останува да видеме . ..

 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
11.440
Без навреда, ама направи подобро инфо со историја, се комплет, меѓусебни дуели, ти реков ми рече, дресови..ко што прават за премиер дечките...ипак е европско финале да му е*ам мајката :)))
А инаку заслужено двете најдобри екипи се најдоа во финалето, каде ќе се игра одличен фудбал.
Типувам на победа на Јунајтед од 2-1, бидејќи оваа година е година на Сер Алекс, кој многу научи од грешките во 2009та и секако дека овој Манчестер е поконстантен и позрел од оној во финалетo пред 2 години. Нема роналдо, тевез, има колективна игра и тоа ќе донесе победа.

GLORY !!!

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не можевте порано да ја отворите темава? :D
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Погледот на историјата го почнуваме најпрво со овогодинешниот подсетник: во овогодишното финале прва помина Барса, која со резултат 2:0 и 1:1 го елиминира Реал, а потоа и Манчестер кој во двата натпревари беше подобар од Шалке 2:0 и 4:1. Овие ривали до сега се сретнале 10 пати, а може да се каже дека подеднакво се задоволни со учинокот: секој победил по 3 пати и 4 пати одиграле без победник.



Тука почнува поинтересниот дел од подсетувањето: првиот трофеј кој Фергусон го донесе на „Олд Трафорд“ беше освоен токму против Барса. 1991 година во финалето на Купот на победниците на куповите Јунајтд победи со 2:1 во Ротердам, и тоа благодарение на некогашниот играч на Барса, Марк Хјуз, кој два пати го совлада Карлос Бускетс, чиј син Серхио денес игра за шпанскиот првак.

Нормално, најсвеж во сеќавањето е дуелот на овие два гиганти за најпрестижниот трофеј во финалето во 2009 год, кога Барса во Рим победи благодарение на головите на Самуел Ето и Лионел Меси. Интересно, во серијата на дуели која започна во сезоната 1983/84 и тоа во Купот на победници на купови, никогаш не се случило некој да победи во два натпревари последователно.

Стадион со кој влегоа во бесмртните

Што се однесува до Вембли, за Јунајтед секако дека не е чудно да настапува на популарниот стадион, на кого десет пати освојувале ФА Куп. Она што е најважно, Манчестер Јунајтед за прв пат стана шампион на Европа точно на славниот лондонски стадион, на кого во 1968 год, со резултат 4:1, после продолженија ја победија Бенфика, која била предводена со славниот Еузебио. Тој успех воедно беше и првиот триумф на англиски клуб во финале на елитно европско натпреварување.

И Барселона радо се сеќава на Вембли, бидејќи на него во 1992 година ја наследи Црвена Ѕвезда на местото европски шампион. Во големото финале, исто така одлучено после продолженија, падна Самдорија со резултат 1:0 за што беше заслужен фантастичниот гол на Роналд Куман. Тогаш за Барса играше Пеп Гвардиола, сегашниот тренер.

Нерешено. За сега.

Двата клуба по три пати биле шампиони на Европа, а триумфот кој и се смешка на некоја екипа на 28 мај ќе и овозможи да се израмни со Ајакс и Баерн. Единствено Ливерпул, Милан и Реал освоиле повеќе титули во ЛШ.

Што се однесува да учинокот во финалињата, Јунајтед до споменатото римско финале имаше 100% учинок: победи над Бенфика (1968), Баерн на чудесен начин (1999) и Челзи (2008), Од друга страна Барса има половичен учинок во финалињата: ги победила Самдорија (1992), Арсенал (2006) и Јунајтед (2009), а изгубила од Бенфика (1961), Стеауа (1986) и Милан (1994).

Кој е подобар, Фергусон или Гвардиола?

Пеп Гаврдиола имаше само 7 години кога, тогаш 36-годишниот Сер Алекс, за прв пат предводеше екипа на меѓунардона сцена (Абердин во сезоната 1978/79). Доколку победи Јунајтед на Вембли, Фергусон по трет пат ќе го освои пехарот наменет за шампионот на Европа, со што ќе се изедначи со својот сонародник од Шкотста Боб Пејсли кој го предводеше Ливерпул до тронот во 1977, 1978 и 1981 година.

Од друга страна Гвардиола спаѓа во оние ретките кои ЛШ ја освојувале и како играч и како тренер. Пред неговиот успех во 2009 година, тоа му појде од рака само на Мигуел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти и Гранк Рајкард.

Кој е поуспешен. Англичаните или Шпанците?

Кога се работи за клубовите од Англија и Шпанија, чии претставници ќе играат во овогодинешното финале, тие до сега 15 пати се сретнале во завршната борба за трофеј на натпреварувањата кои се под УЕФА. Шпанците 7 пати го кренале пехарот, а англичаните 8. Но англиските успеси во главно се случувале на почетокот на историјата на меѓународните дуели, од кои во првите 8, Шпанците претрпеле 6 порази.

Во последно време тимовите од Примера успеват да излезат на крај со оние од Премиер лигата, барем кога станува збор за финалињата: така Севиља го декласираше Мидлсборо со 4:0 во финалето од Купот на УЕФА во 2006 година, една недела покасно Барса го победи Арсенал и освои ЛШ, а три години покасно го надигра и Манчестер Јунајтед во Рим. Минатиот мај, Атлетико ја совлада екипата на Фулам во фианлето од Лига Европа.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
11.440
Е така бе мајсторе :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Тешка утакмица ќе биди бидејќи пред се е финале...иако Барселона е поквалитетен тим од Јунајтед,сепак мислам дека нема туку така Флечер и компанија да му дозволат на каталонците да си се шетаат со топката во нивната половина....очекувам тврд фудбал со по некој гол на двете страни и категорични напади на Барселона кон голот на Пинокио...како и да е натпреварот мислам дека ќе заврши од 2 до 4 гола(ваков тип има во кладилницата Моцарт:))..И да ..имајте на ум дека натпреварот се игра на голем терен и не треба да очекуваме премногу шанси на двете страни од теренот(значи ќе има трчање за секоја топка до безкрај)!
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Доста рано е отворена темата но како било!

Најдобрите екипи на планетава се во финале, тука нема збор!

Фудбал ќе гледаме фантомски и покрај тоа што е финале и резултатот е во преден план!

Барса е фаворит но ние сме Јунајтед и никогаш не се предаваме, ние ВЕРУВАМЕ во победа на нашиот тим!

Повеќе ќе коментираме таа недела пред финалето, дотогаш спортски поздрав!

 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Финале е нема овде фаворити бар за мене, иако би сакал БАРСА да ја освои лигата на шампионите, како и да моментално двата најдобри тиме се најдоа во финалето.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Јас мислам дека е на време отворена темата ! И двете екипи ги освоија титулите во Лигите така што може да се дискутира за финалето !

Барселона најверојатно ќе излезе во најакиот состав


Валдес
Алвес Пике Пујол Абидал
Бускетс
Чави Иниеста
Педро Меси Виља
 
R

Rigel Kent

Гостин

Gol na Koeman vo 1992 Wembley

--- надополнето ---

Po 19 god Barca vo finale a Sampdoria vo vtora liga :)

--- надополнето ---



--- надополнето ---



Trofejot vo racete na Andoni Zubizarreta :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Tешка утакмица за предвидување на резултатот. Очекувам добар фудбал,возбудувања и нормално голови. Па нека победи подобриот.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ocekuvam povtorno da e sampion onoj koj sto bese od pred 2 godini :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.742
Поени од реакции
43.893
ocekuvam povtorno da e sampion onoj koj sto bese od pred 2 godini :)
Јас па очекувам да испадне како Милан - Ливерпул.. :):)

Ќе видиме што ќе биде.. Тешко е да се предвиди победникот.. Гледајќи какви индивидуалци има во екипите, сите ќе се залетат по Барса, но Манчестер функционира супер како тим предводен од еден од најдобите менаџери на сите времиња.. Очекувам добра утакмица, се надевам оти нема да има премногу груби фаули и безвеза фрлања по теренот.. И двете екипи ќе играат за победа и се надевам ќе видиме најмалце 3 гола.. Барселона можеби е благ фаворит пред Манчестер пред натпреварот, но ништо немора да значи тоа.. Имаат фантастичен тим, ги имаат Меси, Чави, Иниеста како предводници на екипата.. Силна одбрана, кој нема примено ни 20 гола во Ла Лига ако не се лажам.. Ја освоија третата титула по ред во Шпанија и сигурно дека ќе сакат да го вратат овој трофеј во витрините на Камп Ноу.. Јунајтед ќе бидат ектрамотивирани, играат во Англија, на Вембли.. Стадион кој им е многу познат на најголем дел од фудбалерите. Освен тоа, само што ја освоија рекордната 19та титула и сигурен сум дека се ќе сторат да се одмаздат за поразот во Рим и да ја освојат четвртата титула во Лигата на Шампионите.. Како предводници на екипата би ги издвоил капитенот Видиќ, Гигс и Вејн Руни, кој си ја враќа фантастичната форма и јас од него очекувам барем едно голче во Финалето.. :) Лично за мене овој меч ќе биде најголем откога јас навивам за Манчестер.. Поразот во 2009 ме погоди многу, можевме да бидиме првата екипа што ја одбранила Лигата на Шампионите откако се оддржува во овој формат.. Оттогаш премногу посакувам одмазда над Барса и ова Финале на Вембли според мене е вистинската шанса за да ми се направи ќејфот и со евентуална победа на мојот омилен тим јас ќе бидам најсреќниот човек на светот.. Доколку повторно победи Барса, ствано не сакам ни да замислам како ќе реагирам..

Како и да е, овие 2 екипи во последните неколку години се стално на врвот на Европа, ова е трето финале на Јунајтед за 4 години и 3то на Барса за 6 години, ако не се лажам.. Дефинитивно моментално двете најдобри екипи во Европа, па и во светот...гледајќи ги резултатите што ги постигнаа изминатиов пердиод..

Со среќа на двете екипи, нека победи подобриот!
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ако некој може да ја тепа Барса моментално ( се надевам со 11 играчи ) тоа е Манчестер. Иако е Барса фаворит сепак ова е финале и не би требало да има фаворити. Играчкиот кадар на Барса е поквалитетен од тој на Јунајтед и спротивно тренерскиот на Јунајтед подобар од тој на Барса. Не дека го потценувам Гвардиола... но Ферги си е Ферги. Без телепати како Чавиниеста и Меси си стигна човекот до финале. Јас нививачки ќе бидам за добар фудбал и нека победи подобриот.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Јас па очекувам да испадне како Милан - Ливерпул.. :):)

Ќе видиме што ќе биде.. Тешко е да се предвиди победникот.. Гледајќи какви индивидуалци има во екипите, сите ќе се залетат по Барса, но Манчестер функционира супер како тим предводен од еден од најдобите менаџери на сите времиња.. Очекувам добра утакмица, се надевам оти нема да има премногу груби фаули и безвеза фрлања по теренот.. И двете екипи ќе играат за победа и се надевам ќе видиме најмалце 3 гола.. Барселона можеби е благ фаворит пред Манчестер пред натпреварот, но ништо немора да значи тоа.. Имаат фантастичен тим, ги имаат Меси, Чави, Иниеста како предводници на екипата.. Силна одбрана, кој нема примено ни 20 гола во Ла Лига ако не се лажам.. Ја освоија третата титула по ред во Шпанија и сигурно дека ќе сакат да го вратат овој трофеј во витрините на Камп Ноу.. Јунајтед ќе бидат ектрамотивирани, играат во Англија, на Вембли.. Стадион кој им е многу познат на најголем дел од фудбалерите. Освен тоа, само што ја освоија рекордната 19та титула и сигурен сум дека се ќе сторат да се одмаздат за поразот во Рим и да ја освојат четвртата титула во Лигата на Шампионите.. Како предводници на екипата би ги издвоил капитенот Видиќ, Гигс и Вејн Руни, кој си ја враќа фантастичната форма и јас од него очекувам барем едно голче во Финалето.. :) Лично за мене овој меч ќе биде најголем откога јас навивам за Манчестер.. Поразот во 2009 ме погоди многу, можевме да бидиме првата екипа што ја одбранила Лигата на Шампионите откако се оддржува во овој формат.. Оттогаш премногу посакувам одмазда над Барса и ова Финале на Вембли според мене е вистинската шанса за да ми се направи ќејфот и со евентуална победа на мојот омилен тим јас ќе бидам најсреќниот човек на светот.. Доколку повторно победи Барса, ствано не сакам ни да замислам како ќе реагирам..

Како и да е, овие 2 екипи во последните неколку години се стално на врвот на Европа, ова е трето финале на Јунајтед за 4 години и 3то на Барса за 6 години, ако не се лажам.. Дефинитивно моментално двете најдобри екипи во Европа, па и во светот...гледајќи ги резултатите што ги постигнаа изминатиов пердиод..

Со среќа на двете екипи, нека победи подобриот!
Точно ова ќе биде дуел на двата најуспешни тимови последниве години.

Ова е 3 финале за Барса 2006-2009-2011
3 и за Манчестер 2008-2009-2001

Двата тима имаат по 3 титули.



 

Kajgana Shop

На врв Bottom