Погледот на историјата го почнуваме најпрво со овогодинешниот подсетник: во овогодишното финале прва помина Барса, која со резултат 2:0 и 1:1 го елиминира Реал, а потоа и Манчестер кој во двата натпревари беше подобар од Шалке 2:0 и 4:1. Овие ривали до сега се сретнале 10 пати, а може да се каже дека подеднакво се задоволни со учинокот: секој победил по 3 пати и 4 пати одиграле без победник.
Тука почнува поинтересниот дел од подсетувањето: првиот трофеј кој Фергусон го донесе на „Олд Трафорд“ беше освоен токму против Барса. 1991 година во финалето на Купот на победниците на куповите Јунајтд победи со 2:1 во Ротердам, и тоа благодарение на некогашниот играч на Барса, Марк Хјуз, кој два пати го совлада Карлос Бускетс, чиј син Серхио денес игра за шпанскиот првак.
Нормално, најсвеж во сеќавањето е дуелот на овие два гиганти за најпрестижниот трофеј во финалето во 2009 год, кога Барса во Рим победи благодарение на головите на Самуел Ето и Лионел Меси. Интересно, во серијата на дуели која започна во сезоната 1983/84 и тоа во Купот на победници на купови, никогаш не се случило некој да победи во два натпревари последователно.
Стадион со кој влегоа во бесмртните
Што се однесува до Вембли, за Јунајтед секако дека не е чудно да настапува на популарниот стадион, на кого десет пати освојувале ФА Куп. Она што е најважно, Манчестер Јунајтед за прв пат стана шампион на Европа точно на славниот лондонски стадион, на кого во 1968 год, со резултат 4:1, после продолженија ја победија Бенфика, која била предводена со славниот Еузебио. Тој успех воедно беше и првиот триумф на англиски клуб во финале на елитно европско натпреварување.
И Барселона радо се сеќава на Вембли, бидејќи на него во 1992 година ја наследи Црвена Ѕвезда на местото европски шампион. Во големото финале, исто така одлучено после продолженија, падна Самдорија со резултат 1:0 за што беше заслужен фантастичниот гол на Роналд Куман. Тогаш за Барса играше Пеп Гвардиола, сегашниот тренер.
Нерешено. За сега.
Двата клуба по три пати биле шампиони на Европа, а триумфот кој и се смешка на некоја екипа на 28 мај ќе и овозможи да се израмни со Ајакс и Баерн. Единствено Ливерпул, Милан и Реал освоиле повеќе титули во ЛШ.
Што се однесува да учинокот во финалињата, Јунајтед до споменатото римско финале имаше 100% учинок: победи над Бенфика (1968), Баерн на чудесен начин (1999) и Челзи (2008), Од друга страна Барса има половичен учинок во финалињата: ги победила Самдорија (1992), Арсенал (2006) и Јунајтед (2009), а изгубила од Бенфика (1961), Стеауа (1986) и Милан (1994).
Кој е подобар, Фергусон или Гвардиола?
Пеп Гаврдиола имаше само 7 години кога, тогаш 36-годишниот Сер Алекс, за прв пат предводеше екипа на меѓунардона сцена (Абердин во сезоната 1978/79). Доколку победи Јунајтед на Вембли, Фергусон по трет пат ќе го освои пехарот наменет за шампионот на Европа, со што ќе се изедначи со својот сонародник од Шкотста Боб Пејсли кој го предводеше Ливерпул до тронот во 1977, 1978 и 1981 година.
Од друга страна Гвардиола спаѓа во оние ретките кои ЛШ ја освојувале и како играч и како тренер. Пред неговиот успех во 2009 година, тоа му појде од рака само на Мигуел Муњоз, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти и Гранк Рајкард.
Кој е поуспешен. Англичаните или Шпанците?
Кога се работи за клубовите од Англија и Шпанија, чии претставници ќе играат во овогодинешното финале, тие до сега 15 пати се сретнале во завршната борба за трофеј на натпреварувањата кои се под УЕФА. Шпанците 7 пати го кренале пехарот, а англичаните 8. Но англиските успеси во главно се случувале на почетокот на историјата на меѓународните дуели, од кои во првите 8, Шпанците претрпеле 6 порази.
Во последно време тимовите од Примера успеват да излезат на крај со оние од Премиер лигата, барем кога станува збор за финалињата: така Севиља го декласираше Мидлсборо со 4:0 во финалето од Купот на УЕФА во 2006 година, една недела покасно Барса го победи Арсенал и освои ЛШ, а три години покасно го надигра и Манчестер Јунајтед во Рим. Минатиот мај, Атлетико ја совлада екипата на Фулам во фианлето од Лига Европа.