Проблем со гласни жици!

  • Креатор на темата Креатор на темата Solider
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јули 2010
Мислења
68
Поени од реакции
4
Имам 17 години и имам проблем со гласот. Почесто пати кога зборувам погласно гласот ми „крика“, а понекогаш и ми се губи сосема. Вакво нешто ми се дешаваше и во 7мо - 8мо одделение кога почна да ми се менува дури тогаш беше бетер. Е сега ме интересира дали може да е нешто сериозно или е можно сеуште да мутира?

Ако на некој му се има случено вакво нешто ве молам пишувајте и давајте совети.

Ова навистина ми е потребно затоа што сакам да се занимавам и со музика (пеење), ама од кога почнаа овие проблеми ми се упропасти гласот и дијапазонот ми е намален. :toe:
 
Колку се нервирам вака кога ќе ми каже некој ``сакам да се занимавам со пеење``
1. Научи да пееш (тоналитет,интонација,дишење) гласот со тек на време и вежбање во свој распон ќе ти се промени/прочисти. А и 17 години имаш до 21 има да ти се измени, т.е здебели а тоа и ти треба на тебе бидејќи гласот ти зарибува на моменти. значи мутираш, све е до пубертетот.
2. Ако пушиш, батали цигари. Одма остави ги.
3. Ако пиеш, пиј само жестоко (ракии,коњаци,вињаци,виски) пиво,вино, шприцер, све што е газирано чак и сокот газиран батали го.
4. Не се напнувај,не се дери, збори си со твој глас т.е со нормален тон како ти мислиш и осеќаш дека ти е нормален.
5. Купи си неоангин, тантум верде и урбазон, пиј ги и уживај во пеењето.
 
Како жити се му препиша урбазон?! Тоа е кортикостероид што не се дава баш за добро утро!
Тантум верде се без рецепт, урбазонот со причина треба под лекарски надзор да се зема!
 
Браво - Сакав да кажам во краен случај урбазон. Ако веќе има големи проблеми
 
Имам 17 години и имам проблем со гласот. Почесто пати кога зборувам погласно гласот ми „крика“, а понекогаш и ми се губи сосема. Вакво нешто ми се дешаваше и во 7мо - 8мо одделение кога почна да ми се менува дури тогаш беше бетер. Е сега ме интересира дали може да е нешто сериозно или е можно сеуште да мутира?

Ако на некој му се има случено вакво нешто ве молам пишувајте и давајте совети.

Ова навистина ми е потребно затоа што сакам да се занимавам и со музика (пеење), ама од кога почнаа овие проблеми ми се упропасти гласот и дијапазонот ми е намален. :toe:

пробај со инхалации за да ти се опушти грлото.
 
Знае некој каков лекар треба да се посети за преглед на гласните жици? Мислам дека гласот ми е оштетен па сакам да го проверам на лекар.
 
Оди кај одделение за уво,нос и грло...таму веројатно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom