Фрки у глава. Промени во животот.

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Факт е дека не сите сакаме да бидеме како нашите родители.Секоја чест на исклучоците.
Поентата е дека има некој генетски предиспозиции против кој не можеш и фактот што живееш во средина со него(претпоставувам дека тоа е така) си има свое влијание врз твоето градење како личност и индивидуа.
Е сега ако ти цело време многу многу си го преоптеретуваш мозокот нема да ти донесе ништо добро, плус никој не може да знае дали навистина ти ќе завршиш исто како татко ти.
Треба да го игнорираш колку што е можно, да не го перцепираш и да си тераш по свое.Ако ништо друго бар знаеш по кој пат сигурно нема да тераш пошто знаеш што испаднало(а ти тоа не го сакаш нормално) на крај од прва рака.
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
U PRAVO E pepsi_ distanciranjeto pomaga mnogu ja da se vodev po tekot na moite roditeli dosea ke bev najgadniot SUPAK u gradov koj nema videno devojka nema prozboreno so nekoja isl.ke se druzev so kopiljaci koi se pomali od mene po 5 godini poso ednostavno dok ne se distancirav od RODITELITE nemozev da se vklopam vo muabet so moi vrsnici i postari od mene.........pred distanciranjeto izlagav so 150 denari...ZA STO ZAMISLETE SO SUM MOZEL DA KUPAM SO NIV ???? ni edna pijacka ....kako mi bilo ?? MIZERNO ne sum se vklapal sum bil ismejuvan itn... se osekjav nesigurno na ulicata MNOGU POVLECENO...............od 1god pa navaka ova se smeni kompletno distanciranje e lekot kreiranje na lazen svet vo nivnite oci za tebe i toa batce INACE SI GO NAEBAL.......DOZIVOTNO
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Шознам што да кажам....биди си таков каков што си,прифати се таков каков што си и не пробувај да глумиш нешто што не си.Со тек на време можи ќе бидеш оној што посакуваш да си.Ти треба нешто да те смени од она што си сега и она што го правиш.Земи рецимо прочитај некоја психолошка книга што ќе ти влијае и поттикне да се промениш и да не бидеш ко оној што не сакаш да бидеш....
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Како да го слушам еден мој другар. Истото му се случува и на него. Колку за утеха, не си единствената личност која што несвесно ги повторува постапките на родителите, знаејќи дека тие се неправилни, станува несвесно личност каква што не сака да биде...
Се додека свеста ти работи, и знаеш дека не сакаш да станеш како татко ти во овој случај, тоа е добро...затоа што дури и на пример да ги повторуваш неговите постапки и грешки во животот, ќе сфатиш и ќе се поправиш. Од грешките се учи, нели.
 
S

Sagan

Гостин
Еве ја книгата на хрватски, на кој не му е проблем јазикот. Тука е 43 страни.

Не ја читајте колку да ја прочитате. Секоја реченица е важна, за секоја треба да се размисли.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Епа вака, ми се дешава ненормална ствар, колку поише несакам да станам како човекот што највеќе го мразам толку повеќе целиот мој живот се претвара во сличен на неговиот и почнувам да ги сваќам сите негови дејствија во животот и начинот за размислување. не го сакам ова, но незнам ни како да го променам, не ни сакам да размислувам, премногу ми е голема фрката што ми се дешава сега во глава, несакам животот да ми тече по овој пат...

незнам што повеќе да напишам но незнам ни зашто го пишувам ова, ваљда да се испукам само негде, ма све у курац :mad::mad::mad:
Болката значи дека праиме нешо погрешно...
-Нејќам да бидам wise guy , али мислам дека премногу си опседнат со ‘типот‘ .
-Само ќе ти кажам , омразата и слични опсесивни емоции , се производ на некој ‘дефект‘ (без навреда , и јас имам понекогаш деструктивни емоции) .
Остави ги емоциите да течат , и после најди го нивниот корен , немоеш да идеш сам против себе - залудно е , пушти ги да хараат слобдно сите оние срање чувства и после најди го проблемот во себе си , зошто имаш такви чувства и што ти чини всушност болка ?

--- надополнето ---

Хм.. Живеам во некој заебан период од животот каде што немам волја за работите кои порано не само што ме исполнувале туку претставувале и афирмација на моето јас, на некој начин. Наместо да бидам посериозен, станувам по неодговорен и побесен, како да се враќам во пубертетот и го довршувам она што сум го заборавил тогаш. Чудно е.. Дури веќе немам ни изговор зошто го правам ова. Доста е заебано ама се надевам дека ќе помини. Тука е девојка ми, пријателите, па можеби заедно со нив ќе се среди ваквата неочекувана и непосакувана промена ;)...
Самооткажување?
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
И јас сум во ситуација каде што неможам да ги поднесам карактеристиките на една личност.Но мислам дека веќе си поставив свои правци и цели кои драстично се разликуваat од целите на таа личност.Си имам веќе круг на пријатели и околина многу поразлична од пријателите и околината на таа личност.Се изборив да живеам во свет многу поразличен од нејзиниот.

Биди креативен и слободен во твојот свет.Следи се себе и само себе и доколку сметаш дека некоја твоја карактеристика не е наместо без разлика дали се поклопува со таа на твојот татко или не, сепак ако одлучиш ти самиот да ја смениш тоа ќе биде пред се твоја одлука и твоја цел и на крајот од краиштата и твоја победа или твој пораз.Значи повеќе осврни се кон себе, не кон твојот татко.Анализирај се себеси а не и твојот татко и ќе успееш да се издиференцираш многу, по шо не живеете во иста околина и немате исти пријатели, не сте членови од исти делови од системите во општеството, психологијата е повеќе напредната во твое верме одколку што била во негово и тука си во предност да најдеш решение многу полесно за некои лоши навики одколку тој.Има многу разлики помеѓу вас само што ти треба да ги видиш и искористиш, а не да ги заменуваш со сличностите..Поздрав и се надевам дека ќе успееш да бидеш среќен во своја и единствено во своја кожа..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
Шо се замараш?не ми е јасно?живеј си го животот како што сакаш,не барај причини за тоа зошто си згрешила,кај си згрешила.Ова е нормален период во твојот живот.Не си еднинствен/а на кого се случува ова.
Не знаеш како ке завршиш,тоа никој не го знае,остави ги работите сами по себе да си течат.Побарај подршка од твоите родители или пријатели,тие подобро те познаваат отколку ние овде.Знам дека ке се потрудат да ти помогнат колку што можат.
Кој е тој човек што го мразиш?како завршил?Гледам татко ти,родители сепак,живееле во сосема друго време,нема потреба да го мразиш,тој е човекот кој те храни и ти дава покрив над глава а ти му вака вракаш.
ххххх ти воопшто не сваќаш... да, знам дека не сум единствен, но не сум требало да дозволам да бидам еден од тие, само што бев мал кога се случуваа заебани ствари. иначе он не ме ни храни, ниту ми дава покрив над глава, јас веќе не живеам со него поради негови грешки и ја имам секоја причина за да го мразам...

--- надополнето ---

Факт е дека не сите сакаме да бидеме како нашите родители.Секоја чест на исклучоците.
Поентата е дека има некој генетски предиспозиции против кој не можеш и фактот што живееш во средина со него(претпоставувам дека тоа е така) си има свое влијание врз твоето градење како личност и индивидуа.
Е сега ако ти цело време многу многу си го преоптеретуваш мозокот нема да ти донесе ништо добро, плус никој не може да знае дали навистина ти ќе завршиш исто како татко ти.
Треба да го игнорираш колку што е можно, да не го перцепираш и да си тераш по свое.Ако ништо друго бар знаеш по кој пат сигурно нема да тераш пошто знаеш што испаднало(а ти тоа не го сакаш нормално) на крај од прва рака.
па јас и веќе го одбегнувам, не живеам со него веќе 3 години.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Aко те храни, ако ти дал покрив над главата тоа не значи дека е добар човек и дека треба цел живот да му го лижиш газот, уште помалку значи дека создавајќи те и давајќи ти ги условите го направил со љубов. Уствари тоа е многу ретко, обично го прават поради очекувањето од околината или пуст празен живот полн со омраза па да има каде да си ја троши негативната енергија. Да, ова постои, сум го видел.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Aко те храни, ако ти дал покрив над главата тоа не значи дека е добар човек и дека треба цел живот да му го лижиш газот, уште помалку значи дека создавајќи те и давајќи ти ги условите го направил со љубов. Уствари тоа е многу ретко, обично го прават поради очекувањето од околината или пуст празен живот полн со омраза па да има каде да си ја троши негативната енергија. Да, ова постои, сум го видел.
Океј до некаде се согласувам,и јас сум имала несогласувања со мојот татко кои доагале до големи расправии и да се случувало да не смеам да го погледнам а не пак да му прозборувам.Негова копија сум,лута,и избрзувам.Ако тој повише тон јас исто така,ама кога сум мислела дека навистина сум во право ! Ако нешто не му е во ред сум му префрлувала:Ако нешто не ти е по кеиф не сум ти крива.Сум плескала во лице без око да ми трепне.Ама тој не храни,ни дава покрив над глава што комшијата не би го сторил тоа нели,и сепак колку толку треба да се има почитување.Исфрлањето на негативна енергија секогаш се исфрла на онј кој е поблизу до нас.
Секој има недоразбирање со своите родители,ама да има омраза кон нив:icon_roll

Да се разбереме.Не го осудувам HorneySensei.Си знае каква е ситуацијата,и не можам да судам.
ххххх ти воопшто не сваќаш... да, знам дека не сум единствен, но не сум требало да дозволам да бидам еден од тие, само што бев мал кога се случуваа заебани ствари. иначе он не ме ни храни, ниту ми дава покрив над глава, јас веќе не живеам со него поради негови грешки и ја имам секоја причина за да го мразам...


Те сфакам јас подобро отколку што мислиш.Зошто сум имала и јас проблеми со својот татко.Лута сум му на некои негови одлуки ама не можам да го мразам.Зошто не сум таква особа.Ама благодарение на некои расправии јас научив да бидам посилна од колку што бев порано.
И кажав кога го цитирав Магус,сите сме имале и ке имаме кавги и недоразбирања со своите родители.Тие живееле во друго време а ние во друго.Не сакам да ти влегувам во приватноста и не знам што се случило,но ако имаш причина да го мразиш тоа си е твое.Но сега верувам дека си подобро штом не живееш со него.Не ти бранам да го мразиш,но од кај знаш дали ке ти притреба еден ден лично тој?
Има една поговорка:Никогаш не знаеш на чива врата ке тропнеш.
А и нешто сакам да знам.Зошто не разговарате и да ги решите несогласувањата?Што ке ве кошта?Толку си му лут?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Свесноста е битна пред сѐ, значи да си свесен и со цел мозок присутен во настаните во твојот живот. Зошто кога не си целосно свесен, мозокот може да си тргне по некој веќе виден пат (што е обично полесно отколку сам да открие што е правилното) и да копираш иако не сакаш. Познати ми се тие ситуации, сум копирала/копирам иако осудувам и гледам како луѓе околу мене копираат иако осудуваат. Тоа е делумно нормално, но кога би размислувале малце поише пред да направиме нешто, сѐ би било поправилно, иако потешко. Good luck with it dude.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Има еден многу добар цитат, заборавив од кој е што не е ни битно, иде вака "На мои 16 години татко ми некако сосема оглупави. Кога наполнив 21 магично му се врати паметот." Логиката е, дека ако на сите вас ви се случува истото со татко ви ( а сигурно вашите татковци се со најразлични карактери освен една улога, да бидат родител) до вас е.
Друга логика е, гледајќи на тоа дека сите напишаа дека истото им се случува, дека не е ова некоја абнормална појава, не полудуваш, немаш филмски единствен живот, туку дека е типична фаза, така да не се секирајте, ќе ви помине :smir: (Ова не важи само во случај на социолошки патологии или патологии од друг вид)
А да сакаш да немаат твоите родители никакво влијание на тебе е исто како да сакаш да избришеш наследни фактори (невозможно). Патем, еден од наследните фактори е темпераментот.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Прифаќање е единствен лек. Прифаќање негово, прифаќање на неговата личност, што само по себе ќе доведе до прифаќање на неговото во тебе.
Зашто секогаш ќе постои неговото во себе, та и лоботомија да направиш.
Сум поминала низ иста фаза, само со мајка ми, и ќе кажам само дека колку повеќе бегаш и кинеш врски со она негативно што си го напипал кај другиот а се повеќе ти се рефлектира во огледало, толку повеќе штета ќе си направиш на ионака раздразнетата self image.
Научи од неговото искуство со тие особини, контролирај ги, надогради, пренасочи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom