Полиција = Јавна безбедност?

Дали чувствувате страв покрај полицајците?

  • Да

    Гласови: 33 47,1%
  • Не

    Гласови: 37 52,9%

  • Вкупно гласачи
    70

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Полицијата е тело на организирани службеници за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност, примена на законот и истражување на криминалот.

_______________
Но колку безбедно не прави да се чуствуваме?
Или напротив, кога ќе видите цајкани - непријатно ви е?
_______________

Мене лично, коа ќе видам цајкан, без разлика дали сметам дека сум прекршил некој закон, ми е бед. Тапа ми е коа поминувам покрај цајкани, да ги погледнам во очи, да не ги погледнам некако криво - пошо никогаш не ми изгледале непријателски настроени. Нели се тие тука “ставени“ за да го прават животот побезбеден за граѓаните и да влеваат сигурност - а не страв?
Место кога ќе видам цајкан да ми е чиста душата дека ако некој хулаган испадне - тој ќе го спречи, јас мислам дека ќе треба заедно со хулиганот да се браниме од цајканот.

Како и да е, ме сфаќате што зборам.

Како вие се чуствувате кога репрезентативно лице на јавната безбедност е во ваша близина?
Дали сметате дека општо има јавна безбедност кога “лицата на законот“ се низ народот?
powered by гадхејтасол
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Па така се осеќаш затоа што си прекишил/прекршуваш некој закон. Еве на пример и ја така се осеќам :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Па така се осеќаш затоа што си прекишил/прекршуваш некој закон. Еве на пример и ја така се осеќам :)
Пер, значи идам низ град, глеам цајкан, НИШТО неам напраено (дури сто пати се преиспитувам да не сум плукнал мастика на земја и се прекорувам да не го направам тоа) и ПАК ми е тапа.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Па така се осеќаш затоа што си прекишил/прекршуваш некој закон. Еве на пример и ја така се осеќам :)
Сите сме прекршиле закон..ете ја ко мал а и вие осеќам..крадевме овошки :tv: него..Онака кежуал ми е кога минат до мене оние обичните џандари..али тие шо се од некоај по видна единица во главно се "добри" луѓе се додека не им згазиш на живците и да те спакуваат..Имам комшија во алфите па..интересно чоече е...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Па така се осеќаш затоа што си прекишил/прекршуваш некој закон. Еве на пример и ја така се осеќам :)
Не „ваља“ ова до некаде. Јас кога ќе видам полицаец наместо да чувствувам сигурност, чувствувам страв. Демнат цело време за глупости, без разлика дали се сообраќајци или не. Ме бркаа со дефендери и сирени прошлата пролет по Партизанска затоа што ми се расипале штоповите додека на Бит Пазар што се` не се случува. А ако те ограби некој или манијак те следи или било што да е и да отидеш во полиција ќе ти кажат: „Е де бе девојче се дешава сеа“ и/или „Ќе средиме“ и ги нема нигде, а за казнување први се.

Кога ќе го додадеме шлагот на тортата, прекршуваат закони за паркирање, одат на црвено без сирена, злоупотребуваат служено оружје.... А да, забележал ли некој колку се дебели/надвор од форма нашите полицајци? Старец со бастун да им избега нема да го стигнат, да не правиме муабет за крадец, насилник.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
.. не се чуствувам непријатно а уште помалку небезбедно
 
С

сашенко

Гостин
Полиција = Јавна безбедност..??
Не се чуствувам безбедно со полиција околу мене искрено.Едноставно ми изгледаат далеку од професионалци во својата професија, и многу далеку од свесни луѓе кои би помогнале некому на улица.Мене тие ми изгледаат на лежачи кои ке си го преседат целиот ден под сенка доколку имаат можност и си работат за платата да си ја земат и уво ги боли за други работи.Барем таков впечаток кај мене оставиле.До сега ниеден полицаец не ми дал ни за момент чуство на сигурност во било каква ситуација.Дури и ме плаши тоа што такви никакви полицајци ни шетаа по улица.Премногу се незаинтересирани ама тоа не е случај само со полицијава во државава.Скоро на се што е под државана капа така е....не чиниме.
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не „ваља“ ова до некаде. Јас кога ќе видам полицаец наместо да чувствувам сигурност, чувствувам страв. Демнат цело време за глупости, без разлика дали се сообраќајци или не. Ме бркаа со дефендери и сирени прошлата пролет по Партизанска затоа што ми се расипале штоповите додека на Бит Пазар што се` не се случува. А ако те ограби некој или манијак те следи или било што да е и да отидеш во полиција ќе ти кажат: „Е де бе девојче се дешава сеа“ и/или „Ќе средиме“ и ги нема нигде, а за казнување први се.

Кога ќе го додадеме шлагот на тортата, прекршуваат закони за паркирање, одат на црвено без сирена, злоупотребуваат служено оружје.... А да, забележал ли некој колку се дебели/надвор од форма нашите полицајци? Старец со бастун да им избега нема да го стигнат, да не правиме муабет за крадец, насилник.

Шознам. И јас се осеќам така ама барем знам зошто. Не дека крадам или правам некој големи прекршоци ама имам направено многу ситни бељи. И да за тоа дека се дебели, дебели се и тоа многу! А има и некој ископлексирани идиоти што се ќе направат за да ти напишат казна. Се зависи од човекот :toe:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Пер, значи идам низ град, глеам цајкан, НИШТО неам напраено (дури сто пати се преиспитувам да не сум плукнал мастика на земја и се прекорувам да не го направам тоа) и ПАК ми е тапа.
:pos: Исто и јас

Се согласувам, има нешто...
 
С

Спенсер

Гостин
А има и некој ископлексирани идиоти што се ќе направат за да ти напишат казна. Се зависи од човекот :toe:
Конкретно за ова... не се ископлексирани идиоти,туку тоа им е наредба од командирот т.е. член на штаб,поставен на таа функција од штаб на владеачка партија :) Значи одреден број казни мора да се пишат,па ти бил крив/не бил,ќе си платиш...

Се надевам ме разбравте што сакам да кажам/
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Конкретно за ова... не се ископлексирани идиоти,туку тоа им е наредба од командирот т.е. член на штаб,поставен на таа функција од штаб на владеачка партија :) Значи одреден број казни мора да се пишат,па ти бил крив/не бил,ќе си платиш...

Се надевам ме разбравте што сакам да кажам/
Како и да е нашава полиција лови во плитко. Удира по џебот на обичниот граѓанин за смешни прекршоци, а големците си прават што сакаат.
 
С

сашенко

Гостин
Како и да е нашава полиција лови во плитко. Удира по џебот на обичниот граѓанин за смешни прекршоци, а големците си прават што сакаат.

10 од нив да фатат за криминал и да им наплатат како што треба или едноставно да си плаќаат сите тие данок редовно, ке не спасат од 10 години казни за паркирање и наводно преминување на црвено на сефамор и уште триста лоповски казни..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
10 од нив да фатат за криминал и да им наплатат како што треба или едноставно да си плаќаат сите тие данок редовно, ке не спасат од 10 години казни за паркирање и наводно преминување на црвено на сефамор и уште триста лоповски казни..
Е ова. Мајка ми ја казнија за поминување на црвено а немаше благе везе, зелено беше, само што ропаците се доведоа до тој степен што на една раскрсница тука во населбава моја го десинхронизирале едниот семафор - кога покажува дека е уште зелено на другиот од спротива се пали црвено и ајде да платите казна :tapp: 20 души може дента ги казнија, идиотизам.
 
T

theTinule

Гостин
Toa e taka poshto ste slushale muabeti od baba vi ili od dedo vi koga u socijalizmot gi krshele od kjutek pustite gragjani, a i eden moment postoi koa mislish deka sakash da mu ripnesh da go tepash radi faktot deka e pojak od tebe i ima gun i ako mu zgreshish neshto (kao opaki pogled for makin u feel uncomfortable coz he haz a gun) mislish deka kje ti pishe kazna ili kje go izvadi gun-ot i kje te puka, a ustvari vrska nema *whisper* that is all in your head.
 
Све паметно кажа ама немора да значи дека е тоа така кај сите.Читни погоре и види дека на некои стварно им прават глупости.Дека имаат наредба да соберам одреден број на казни за ден имаат, и тоа е факт.А тоа не чини..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom