Теоријата дека е веќе повреден паѓа во вода зошто верувам дека ке има попаметна работа сега отколку да отвора теми на кајгана.Мислам дека и болките би биле пречка за тоа.
Теоријата да сака да стекне популарност тука е ок, но се отвора можноста тоа да е веќе некој постојан член кој мисли дека го знае патот за тоа, но сепак немал многу среќа со претходниот акаунт.Но тука има едно нешто што не би можел да го изоставам.Доколку веќе бил член на форумов, тогаш знае како завршуваат главните ликови во темите од ЧДА
.Тие што отвораа до сега вакви слични теми, не верувам дека ке се гордеат со таа популарнос што ја стекнале бидејки е од ист карактер како онаа на Ребека Блек.Меѓу најгледаните личности, меѓу најзборуваните но сепак....
Можноста воопшто да не паднал останува отворена.Но сепак мотивот за отворање на темава останува непознат.Секако тука е у теоријата дека сака да собере искуства од други за да лаже по другари подобро, но таа не е поткрепена со никакви докази.
Што се однесува до кубикажата на возилото, мислам дека тоа не игра никаква улога тука.Бидејки ние сеуште не знаеме дека паднал, и доколку не паднал дали идејата му дошла на моторот и дека за малку ке паднел па сега сака убава приказна со која ке се пофали.А исто така постои можност и личноста воопшто да не поседува моторно возило туку само прима искуства како би изгледало да се падне и повреди и слични работи, па со резултатите да го убеди неговиот татко да му купи мотор..