Kostic
Sadio smokve oko Tadz Mahala
- Член од
- 31 јули 2009
- Мислења
- 9.856
- Поени од реакции
- 5.611
Manchester United v Chelsea
Old Trafford, Manchester
Пред повеќе од 1 месец можеби ова дерби за некого беше обичен меч кој ќе се игра само за престиж. Пред повеќе од 1 месец ова можеби беше меч каде се сметаше дека ќе биде одлучувачки за тоа дали Манчестер Јунајтед или Арсенал ќе се радува. Но ..
.. сега се е поинаку. Манчестер е во незгодна ситуација во која сам се намести. Од 15 бодови заостанување, шампионот на Англија - Челзи дојде на само 3 бода од актуелниот лидер на табелата Манчестер. Но не случајно .. Манчестер Јунајтед во текот на последниот месец ипол испушти важни бодови како поразот на Емирати од Арсенал, поразот на Енфилд од Ливерпул, губењето на 3 бода во гостувањето кај Вулфси, изгубени 2 бода и кај Њукасл. За тие порази на Јунајтед, сините успеаа да наредат победни кои можеби се сметаше дека беа важни да се обезбеди место во топ 4 - место кое води во лигата на шампионите. Но .. еве сега Челзи има шанса која буквално му падна од небо и ја направи лигата уште поинтересна.
Битно е да се напомене дека Челзи и Јунајтед во моментов имаат еднаква гол разлика, со што ако победи Челзи на Олд Трафорд минимално, нивните бодови ќе бидат изедначени, а Челзи ќе води со 1 гол +, што значи дека во преостанатите 2 кола ќе имаме фото финиш и секој гол ќе биде злато вреден. Во спротивно на победа на Јунајтед, црвените ѓаволи ќе избегаат со 6 бода, но иако и тогаш ќе ја немаат математички обезбедено титулата, ќе може да се каже дека 90% ќе бидат нови шампиони.
Последните 5 меча на Јунајтед во лигата..
Арсенал 1-0 Манчестер
Манчестер 1-0 Евертон
Њукасл 1-1 Манчестер
Манчестер 2-0 Фулам
Вест Хем 2-4 Манчестер
Манчестер 1-0 Евертон
Њукасл 1-1 Манчестер
Манчестер 2-0 Фулам
Вест Хем 2-4 Манчестер
Последните 5 меча на Челзи во лигата ..
Челзи 2-1 Тотенхем
Челзи 3-0 Вест Хем
Челзи 3-1 Бирмингем
Вест Бром 1-3 Челзи
Челзи 1-0 Виган
Челзи 3-0 Вест Хем
Челзи 3-1 Бирмингем
Вест Бром 1-3 Челзи
Челзи 1-0 Виган
Последни 5 меча меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.
Манчестер Јунајтед 2-1 Челзи (Лига на Шампиони)
Челзи 0-1 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
Манчестер Јунајтед 3-1 Челзи (Супер Куп на Англија)
Манчестер Јунајтед 1-2 Челзи (Премиер Лига - лани)
Челзи 0-1 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
Манчестер Јунајтед 3-1 Челзи (Супер Куп на Англија)
Манчестер Јунајтед 1-2 Челзи (Премиер Лига - лани)
Преостанати мечеви за Челзи и Јунајтед до крајот на првенството..
Челзи - Њукасл
Евертон - Челзи
Блекбурн - Јунајтед
Јунајтед - Блекпул
Можни состави:
VDS
Fabio - Vidic - Rio - Evra
Valencia - Giggs(Scholes) - Carrick(Fletcher) - Nani
Chicharito(Berbatov) - Rooney
Valencia - Giggs(Scholes) - Carrick(Fletcher) - Nani
Chicharito(Berbatov) - Rooney
v
Cech
Ivanovic - Terry - David Luiz - Cole
Essien - Lampard(Mikel) - Ramires
Anelka - Drogba(Torres) - Malouda(Kalou)
Essien - Lampard(Mikel) - Ramires
Anelka - Drogba(Torres) - Malouda(Kalou)
Нека има фер плеј, добро судење и нека победи подобриот во можеби клучниот меч оваа сезона во најдобрата лига во светот.