Manchester United v Chelsea | 8.05.11, 17h | Old Trafford, Manchester|

Како ќе заврши мечот?

  • Челзи

    Гласови: 47 37,9%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 68 54,8%
  • Нерешено

    Гласови: 9 7,3%

  • Вкупно гласачи
    124

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611

Manchester United v Chelsea
Old Trafford, Manchester




Пред повеќе од 1 месец можеби ова дерби за некого беше обичен меч кој ќе се игра само за престиж. Пред повеќе од 1 месец ова можеби беше меч каде се сметаше дека ќе биде одлучувачки за тоа дали Манчестер Јунајтед или Арсенал ќе се радува. Но ..

.. сега се е поинаку. Манчестер е во незгодна ситуација во која сам се намести. Од 15 бодови заостанување, шампионот на Англија - Челзи дојде на само 3 бода од актуелниот лидер на табелата Манчестер. Но не случајно .. Манчестер Јунајтед во текот на последниот месец ипол испушти важни бодови како поразот на Емирати од Арсенал, поразот на Енфилд од Ливерпул, губењето на 3 бода во гостувањето кај Вулфси, изгубени 2 бода и кај Њукасл. За тие порази на Јунајтед, сините успеаа да наредат победни кои можеби се сметаше дека беа важни да се обезбеди место во топ 4 - место кое води во лигата на шампионите. Но .. еве сега Челзи има шанса која буквално му падна од небо и ја направи лигата уште поинтересна.

Битно е да се напомене дека Челзи и Јунајтед во моментов имаат еднаква гол разлика, со што ако победи Челзи на Олд Трафорд минимално, нивните бодови ќе бидат изедначени, а Челзи ќе води со 1 гол +, што значи дека во преостанатите 2 кола ќе имаме фото финиш и секој гол ќе биде злато вреден. Во спротивно на победа на Јунајтед, црвените ѓаволи ќе избегаат со 6 бода, но иако и тогаш ќе ја немаат математички обезбедено титулата, ќе може да се каже дека 90% ќе бидат нови шампиони.

Последните 5 меча на Јунајтед во лигата..

Арсенал 1-0 Манчестер
Манчестер 1-0 Евертон
Њукасл 1-1 Манчестер
Манчестер 2-0 Фулам
Вест Хем 2-4 Манчестер

Последните 5 меча на Челзи во лигата ..

Челзи 2-1 Тотенхем
Челзи 3-0 Вест Хем
Челзи 3-1 Бирмингем
Вест Бром 1-3 Челзи
Челзи 1-0 Виган

Последни 5 меча меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.

Манчестер Јунајтед 2-1 Челзи (Лига на Шампиони)
Челзи 0-1 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
Манчестер Јунајтед 3-1 Челзи (Супер Куп на Англија)
Манчестер Јунајтед 1-2 Челзи (Премиер Лига - лани)

Преостанати мечеви за Челзи и Јунајтед до крајот на првенството..
Челзи - Њукасл
Евертон - Челзи
Блекбурн - Јунајтед
Јунајтед - Блекпул


Можни состави:

VDS

Fabio - Vidic - Rio - Evra
Valencia - Giggs(Scholes) - Carrick(Fletcher) - Nani
Chicharito(Berbatov) - Rooney

v

Cech

Ivanovic - Terry - David Luiz - Cole
Essien - Lampard(Mikel) - Ramires
Anelka - Drogba(Torres) - Malouda(Kalou)



Нека има фер плеј, добро судење и нека победи подобриот во можеби клучниот меч оваа сезона во најдобрата лига во светот.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.645
Поени од реакции
22.716
По мое мислење, Манчестер победува, тесно, 1-0 или 2-1. Затоа што се игра на Олд Трафорд, Манчестер го има Сер Алекс . . . . и нормално, Манечстер го има Гибсон.:)
 

junksound

KILL Iluminate's
Член од
16 јули 2010
Мислења
133
Поени од реакции
9
мое мислење Манчестер :pusk: :pusk: на челси.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Врло конструктивно.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.515
Поени од реакции
87.503
Мислам дека Манчестер ќе победи ( не за друго туку дека им суди Хауард Веб докажан Манчестеровец :) )
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мислам дека Манчестер ќе победи ( не за друго туку дека им суди Хауард Веб докажан Манчестеровец :) )
Колку докажан Манчестеровец, исто толку докажан Челзијаш.

Мислам дека ќе има војна на мечов, ќе има и картони еден куп, нема да прогнозирам затоа, тешко ќе биде, па подобриот нека победи :smir:
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Ја се надевам Челси дека ќе победи нормално како и секој навијач на Челси, али некако несигурен мие Анчелоти во вакви дуели
 
M

mercenary

Гостин
Мечот ќе заврши Менчестер Јунајтед.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.742
Поени од реакции
43.893
A оти се Челзи први пишани на анкетата?? :):)

Иначе, очекувам уште една победа од 1 разлика на Јунајтед...и 99,9% осигурување на титулата :):).. Со среќа на двете екипи! :)

П.С. Има неколку грешки во воведот.. :smir:

Ако победи Челзи минимално ќе биде +2 гола
А и мечот на СБ Челзи го доби 2-1, а не 1-0 :):)
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Анкетата е грешена мислам... треба да има со колку разлика ќе победи Челзи :icon_lol: No hard feelings..

Би бил презадоволен Челзи да тепа и да ја украде титулата, најслатка титула би било ова :icon_lol:
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Анкетата е грешена мислам... треба да има со колку разлика ќе победи Челзи :icon_lol: No hard feelings..

Би бил презадоволен Челзи да тепа и да ја украде титулата, најслатка титула би било ова :icon_lol:
не прави го тоа што не сакаш да ти го прават тебе:P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom