Килограмите и врската

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
Дали ви се случило некогаш партнерот да ви префрли за вашата тежина?
Доколку ви префрлил каква била вашата реакција за истото?
Зошто еден од партнерите или најчесто двајцата се запустуваат во долги врски? На што се должи тоа?

Дали е во ред кога партнерот/партнерката ќе се заобли повеќе од вообичаено да биде утешуван/а со зборовите дека супер изгледа иако е свесен/а дека неговата/нејзината тежина излага од границите на нормалното?

Кога вашиот партнер би се запустил, односно не би внимавал на себе како ќе му посочите да почне повторно да се грижи за себе, како на почетокот од врската?
 
Ми се нема случено нешто вакво, зашто никад не сум бил во врска. А иначе кога би бил во врска и да почне да се случува дебелењето, уште прво приметување ке ја дисциплинирам и ке ја водам со мене ако треба на тренинзи. Али до дебелеење на некоја не би дошло зашто како прво ако е со мене ке мора да ме прати у живот, што значи ке биде изложена на истоштување со денови и ке биде многу физички активна а богами и сексуално. И ке си бидеме фит цело време. :)
 
Пред се на девојката никогаш сериозно не би и замерил за тежината или уште помалку да ја напињам и да и се заканувам заради килограмите, кои би и биле одвишок. Секој си е доволно свесен дали ќе е контролира со тежината и одржување на изгледот, или ќе ждере како питачко магареи ќе се згои ко стока а се сложувам дека кога се влага во врска полека, полека се губи свеста за начинот на живот и килограмите. Секако, почесто ќе се частите, ќе се мезите, ќе гнетете пици и сладолед и тоа е тоа... :)

Мислам дека норламно е во одредени периоди од годината некој малце да се здебелеи (дали било тоа период на учење, празници, физички неактивности и сл) но секако се е добро додека не се претера.
Сега пак да се вратам на првите прашања...лично мене еднаш ми се има случено да добијам благ укор заради здебелувањето и тоа беше шериодот кога идев на работа, и кога нон-стоп седев во канцеалрија, а притоа немав слободно време за некои физички активности. Нормално, тоа беше некое здебелување од 2-3 кг кои до ден денес се вратени на нормално ниво.

Сега бидејќи сум машко, многу не се замарам ако некој ми рече дека малце сум го пуштил јагнето надвор :) но сепак си ја знам границата и начинот како да се вратам на стандардните пропорции 180 см 78-80кг.
 
Никогаш не ми се случило да ми префли за тежината а доколку би ми кажал нешто ...прво знам дека не сум совршена, знам дека никој не е ама секој може да се труди да биде подобар и подобар, најважно е да се трудиме и да напредуваме без разлика за што станува збор... доколку не се грижиме сами за себе веќе... тука нема ни потреба од муабет...а ни таков партнер. :nesvest:

Се слагам со тоа дека во подолгите врски почесто и поверојатно е да се запуштат партнерите, најверојатно дека не се толку возбудени повеќе со другата личност ...и и станува сеедно што ке мисли??? Можеби и затоа што само се по опуштени еден со друг, но без разлика колку и да сме опуштени НЕ ТРЕБА да си дозволиме да станеме нешто друго...физички или психички.

Би му посочила директно, ако се здебели премногу ке вежба, ако треба со мене!! :)) А ако не сака...
 
Темата се однесуваше на плус 15-20 кг, инаку во одредени периоди нормално е човек да се здебели неколку килограми:)

Она што мене ме загрижува е прекумерната тежина на млади девојки. На девојки од 20тина години. Зошто една психофизички здрава личност со нормални пропорции во почетокот на врската се изобличува во текот на врската, до степен на непрепознавање?
Дали се тоа "машките" оброци, односно кога ќе седнат со партнерот јадат колку што јаде и тој?! Настрана болестите и хормонското пореметување.

На одредени женски форуми во слична или иста дебата скоро секој пост е напишан во стилот "знам дека имам повеќе (односно многу килограми) отколку што треба, но сепак дечко ми ми вели, дека сум слатка и да не се грижам. Или пак:
Свесна сум за килограмите, па затоа најчесто имаме односи со изгаснато светло, но и покрај тоа тој ме гњави и штипе и вели да не се секирам ќе симнам".

Утешувањето е убава ствар, особено од човек за кого имаме емоции, но самокротичноста како да исчезнува кога имаме на некому да се потпреме. Погоре муабетот освен на форуми го имам слушнато и видено со свои очи. Времето изминува, а килограмите остануваат со самоутешувањето дека каква и да сум ќе ме сака :)
 
Пак на сцена стапува самосвеста за колограмите. Ако сам човек не си сфати дека ја претерал тогаш нешто не ќе да е во ред со него. Ем сака да е привлечен ем изгледа ко крмак. Се има толеранција, ама женско ко женско не чини да изгледа ко невестата во Вест :). Ма колку сакала да се љутела ќе треба да прифати мала критика, нормално без вреѓање, урлање и сл.
 
Па најчесто не настапува на сцена самосвеста, туку настапува муабетот "ти мене не ме сакаш, затоа наоѓаш причина да ми раскинеш".

Жените во принцип и најдобронамерната критика ја разбираат како големо незадоволство и навреда од страна на партнерот, па макар била кажана и на најфин начин. Можеби затоа машките во вакви ситуации ја избегнуваат темава, знаат колку се осетливи и избувливи нивните партнерки, па спијат на тоа увце дека еден ден нивната партнерка ќе се свести дека мора да купи поголем број на фармерки :)
 
Кога вашиот партнер би се запустил, односно не би внимавал на себе како ќе му посочите да почне повторно да се грижи за себе, како на почетокот од врската?

Па ќе и посочам дека требит да се спремит за подолги да не речам поисцрпни физичко - духовни тренинзи т.з. сексови.
 
Никогаш не ми се случило да ми префли за тежината а доколку би ми кажал нешто ...прво знам дека не сум совршена, знам дека никој не е ама секој може да се труди да биде подобар и подобар, најважно е да се трудиме и да напредуваме без разлика за што станува збор... доколку не се грижиме сами за себе веќе... тука нема ни потреба од муабет...а ни таков партнер. :nesvest:

Се слагам со тоа дека во подолгите врски почесто и поверојатно е да се запуштат партнерите, најверојатно дека не се толку возбудени повеќе со другата личност ...и и станува сеедно што ке мисли??? Можеби и затоа што само се по опуштени еден со друг, но без разлика колку и да сме опуштени НЕ ТРЕБА да си дозволиме да станеме нешто друго...физички или психички.

Би му посочила директно, ако се здебели премногу ке вежба, ако треба со мене!! :)) А ако не сака...

.... Ако не сака, кои се другите опции?

--- надополнето ---

Па ќе и посочам дека требит да се спремит за подолги да не речам поисцрпни физичко - духовни тренинзи т.з. сексови.

Така ќе ја насочиш кон вистинската цел, односно топење сало, со секс? :)
 
Па најчесто не настапува на сцена самосвеста, туку настапува муабетот "ти мене не ме сакаш, затоа наоѓаш причина да ми раскинеш".

Жените во принцип и најдобронамерната критика ја разбираат како големо незадоволство и навреда од страна на партнерот, па макар била кажана и на најфин начин. Можеби затоа машките во вакви ситуации ја избегнуваат темава, знаат колку се осетливи и избувливи нивните партнерки, па спијат на тоа увце дека еден ден нивната партнерка ќе се свести дека мора да купи поголем број на фармерки :)
Никако не сме да кажеме :) Ако е згоена, и да речеме "не, супер си" ќе рече- а ти ме лажеш, гарант ми фали нешто, и обратно- ако речеме дебела си, следува муабетот- "па раскини ми, ти не ме сакаш, не знаеш да ме сакаш"...и сл. женски самосожалувачки фрази :)
Иде лето, здравје, ќе мора да збирате малце стомаци и батаци иначе нема да ве биде без тоа :).
 
Така ќе ја насочиш кон вистинската цел, односно топење сало, со секс? :)

Па види ексрсајз ексерсајз како што викаат каубојците...
Ако оди слабо тоа топењето ќе се обиде со трчање во природа, цепење дрва, берење на грозје (за ракијата) т.е. физичка активност која ќе има и секс паузи.

Затоа тие тие госпоѓите што ги гледаме што живеат во село таму некаде во 20ти век се така со убава и витка става.
 
И неженствени раце :(

Во однос на темата, митот со сексот у килограмите одамна ни е јасен дека нема никаква улога во губењето на истите. Што се однесува до физичката активност, на многу од девојките им е тешко и напорно од сабајле да стануваат и место за кафе и цигара да се фатат за тренерката. Повеќето почнале, но по извесен период прекинале со тоа. Ретко кој има време да спортува со својот партнер или повеќето се себични па очекувањата бараат да им бидат задоволени по секоја цена.

Кога веќе дошло до дебелеење јасно е дека мора да се бара начин да го снема истото. Но кои се причините кои доведуваат до тоа?
 
Нејзината прекумерна тежина ќе ја сфатам како навреда.
Или дека не ја работам доволно често, или дека не ја работам доволно долго.
Both ways, my fault.

--- надополнето ---

Во однос на темата, митот со сексот у килограмите одамна ни е јасен дека нема никаква улога во губењето на истите.

Nigga what?!
Ако си ко мртов гулаб у кревет, yeah, во право си.
 
Нејзината прекумерна тежина ќе ја сфатам како навреда.
Или дека не ја работам доволно често, или дека не ја работам доволно долго.
Both ways, my fault.

--- надополнето ---

Nigga what?!
Ако си ко мртов гулаб у кревет, yeah, во право си.

Ако ти се фати после за фрижидер мисли му ја, или катанец ќе стаиш ? :)
 
А зошто само жените да се пазат? Зарем на жените не им е дозволен вишок килограми? Приметив на темава околу жените само се збори, што е погрешно. Списанијата и модните ревии преплавија со тоа дека жените мора да се стегнати и да изгледаат тип-топ, а јас не се согласувам со тоа. Односно кој сака нека си биде слаб, ама за среќа има различни вкусови, за секој има по некој.

На темава немам што да кажам, освен дека јас лично со килограми не се замарам, имам неколку вишок, ама на никој до сега не му сметало, освен на еден кој не ми беше ни дечко ни ништо, ама битно ме напна да сум идела у теретана. Кој му смета нека си бара некоја по негов терк. Моето стомаче е мој заштитен знак. :icon_lol: Лично јас сакам покрупни машки, не сакам коцки на стомакот, тоа ужасно ме нервира.

Прекумерната тежина (30 килограми повеќе) нема врска со врската, туку лошо е за здравјето на самиот човек. Може да му се укаже на здравствените импликации на партнерот, ама негова е одлуката. Заради изглед никогаш не сум раскинала врска. Никогаш. Не ни приметувам јас промени во килажа, освен ако не се драстични.

Прво на здравјето треба да се мисли, како килажата влијае на истото, а не дали дечкото ќе ме сака. Ако ме сака пошо имам 50, а не 60 килограми, е*ате дечкото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom