Осама Бин Ладен е мртов.
Но, дали бил убиен како што кажуваат АМерите или умрел од природна смрт, не се знае.
Не верувам дека Обама би си ја ризикувал политичката кариера и политичкиот кредибилитет со својата изјава ако не е 100% сигурен дека Осама е мртов.
Ако Осама е жив, многу лесно може да сними ново видео, да стави некаков доказ дека е снимено во мај 2011-та и целата приказна на Американците ќе падне во вода, а Обама не смее да го ризикува тоа.
Моја теорија- Осама бин Ладен умрел од старост или од болест веќе пред 2-3 години, Америте дури сега дознале, измислиле прикаска како пратиле командоси во храбра мисија, направиле монтажа на неговото тело и ја избациле оваа вест.