Мрзата направила човек од мајмунот а не работата! :)

Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
ДА! Мрзата а не работата.

Ако погледнеме како човекот напредува ќе видиме дека, се што се работи е да се поедностави работата на човекот, секој би користил миксер за да направи шлаг од торта, место да го измеша рачно.. дефинитивно не поради тоа што е многу работлив.. туку баш спротивното дека е мрзлив.
Значи секое нешто што го правиме гледаме да го поедноставиме (помрзливо да не речам) и се повеќе и повеќе технологијата тежнее кон истото.

Еве незнам кој философ беше што кажуваше дека работата го прави човека човек - е грешка.. мрзата е битниот фактор ;)

edit: извинете ми за игноративноста со која се изразувам- но неможам да си помогнам кога луѓето многу работи земаат здраво за готово, а ова заслужуваше малку отварање на очи.. не дека работата не го прави човека човек.. но да знаете дека мрзливоста има големо значење тука, ако не и поголемо хах!
p.s. требаше да се запишам на филозофски- ќе ги реметев професорите на секојдневна база со вакви заебанции.. :D
 
V

Vollstandig

Гостин
нормален граѓанин да оставиш во шума на логорување, верувај ми нема да се снајди ни неколку часа како да преживее, не можи да запали огон на старомоден начин, не можи да се прехрани воопшто , значи за да преживее еден ден во шума ќе му биди потребна цела таа олеснителна направа почнувајќи од гпс уреди да не се загуби пошто веќе се изгубил осетот за ориентација, плинско кибрит за готвење, конзервирана храна, па шатор па ред други работи...
Што кога еден ден ги нема тие работи, како ќе преживееме?
 
Нема да преживееме, мајмуните ќе завладеат ;)
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Мрзата, според мене, во никој случај не е нешто лошо. Мрзата е само природен отпор кон работи кои не сакаш да ги правиш. Тој што сака да слика, не го мрзи кога слика, ниту некого го мрзи да јаде кога е гладен (можеби да спреми јадење, но не и да јаде).
Се согласувам дека мрзата го создала човекот. Но, се согласувам и дека работата го создала и го прави човекот, но онаа работа што тој ја прави по сопствена желба, т.е. преку која ја изразува својата креативност. Мрзата и трудот (оној за кој зборувал Маркс) не се исклучуваат меѓусебно. Но, мрзата и наметнатиот труд, да, се исклучуваат.
 
Кој рече дека е лоша ;) - ако некој се осуди само да каже дека е лоша нека повели хаха
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мрзата, според мене, во никој случај не е нешто лошо. Мрзата е само природен отпор кон работи кои не сакаш да ги правиш.
И аиде сега пак да прочитаме што напиша, па да размислиме како успеа сам да се исконтраш у две реченици? : )

Ако дозволиш да завладее мрзоволие, животот ќе ти биде со неискористен потенцијал...и кога ќе ти стане таков животот, се што ти останува е да се тешиш дека "мрзата" не е лоша. Паѓаш на испит зашто не учиш, ама не, мрзата не е лоша така да океј е, нели?

Што се однесува до миксерот, тоа не е мрза, тоа е ефикасност. Човекот секогаш тежнее да ја зголеми ефикасноста, за да има повеќе време за себе. Зашто би мешал со раце, кога може со миксер за многу побрзо?
Тоа не е мрза, тоа е оптимизација на слободно време.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
И аиде сега пак да прочитаме што напиша, па да размислиме како успеа сам да се исконтраш у две реченици? : )
Не знам како заклучи дека се исконтрав. :toe: Ај подобјасни поопширно, иако ти ја гледам поентата, ама сепак, да не згрешам нешто (читај - да си го допијам кафето раат :) )
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не знам како заклучи дека се исконтрав. :toe: Ај подобјасни поопширно, иако ти ја гледам поентата, ама сепак, да не згрешам нешто (читај - да си го допијам кафето раат :) )
Викаш дека мрзата воопшто не е лоша, а потоа пишуваш дека таа не спречува да ги правиме работите кои не ги сакаме. Епа види, баш тие работи не туркаат во животот, ние не сакаме да ги правиме, ама мораме. За да успееме.

Ете ти и пример, со учењето погоре. Никој не сака да учи, ама мора. :)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Викаш дека мрзата воопшто не е лоша, а потоа пишуваш дека таа не спречува да ги правиме работите кои не ги сакаме. Епа види, баш тие работи не туркаат во животот, ние не сакаме да ги правиме, ама мораме. За да успееме.

Ете ти и пример, со учењето погоре. Никој не сака да учи, ама мора. :)
Немој само да ми кажуваш како се успева. Баш поради "Мрзата" јас денеска имам висок излив на пари, со малку работа благодарение на тоа што барав мрзлива работа кога се мислев во што да инвестирам пред 3 години. Значи дефинитивно ми се исплати.

А тоа што спомна примерот со миксерот- баш тоа е мрзата, верувам дека и да ти беше слободен денот и да немаше што друго да правиш одкога ќе ја завршиш тортата на крај сепак ќе се одлучиш да работиш со миксерот - нормално за на крај да му ја легнеш.
Тоа не е мрзата тоа е оптимизација на слободно време? Ма дај немој! И за на крај да посветиш повеќе време за себе- тогаш што е мрзата?

Всушност она што го сочинува успехот не е само работливоста - како сакај наречи го, ефикасност или мрзливост (начин на размислување).
Прашање до тебе: Имаш опција 1 и да инвестираш во работа која ќе ти носи доволно пари со многу помалку работа? И имаш опција 2 која со многу работа ти носи исто така доволно пари... која опција ќе ја избереш- а на крај слободноте време што ти останува да не можеш да го искористиш никаде на друго место во продуктивност? (значи да се осигураме дека нема да си го оптимизираш времето туку ќе ти остане само за излежување)

Немој да си мислиш дека успехот лежи само во работата - и оптимизацијата на слободно време. Јас сум успешен и сум жив доказ дека мрзата е добра особина (нормално се си има граници) а не е оптимизација на време пак ќе ти кажам.

Мрзата го тере човекот да работи!
Мрзата го тере човекот да размислува поразлично од мајмунот!

Ајде доброутро
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Викаш дека мрзата воопшто не е лоша, а потоа пишуваш дека таа не спречува да ги правиме работите кои не ги сакаме. Епа види, баш тие работи не туркаат во животот, ние не сакаме да ги правиме, ама мораме. За да успееме.

Ете ти и пример, со учењето погоре. Никој не сака да учи, ама мора. :)
Ај цитирај кај реков дека не' спречува. Не можеш, затоа што не реков. :)
Вака, мрзата не не' спречува ништо. Пример: ако допреш жежок предмет, рефлексно ќе ја тргнеш раката, за да не се изгориш. Да се изгориш е лошо за тебе. Но, ти можеш свесно да одлучиш да не ја тргнеш раката, ако сметаш дека тоа ќе ти донесе повеќе добро отколку лошо. Така е и со мрзата. Таа е вградена во нашата природа како рефлекс, како индикатор дека во тој момент/период, наместо она што ни е наметнато, постои нешто друго што ќе не направи позадоволни/посреќни. Така, во моментот кога треба да учиш за испит, чувствуваш фрустрација затоа што всушност сакаш да прошеташ во природа, да гледаш филм or whatever else. Но, ти сепак се решаваш да учиш затоа што сметаш дека во иднина, положениот испит ќе ти донесе повеќе добро отколку прошетка или филм.
Другата добра страна е што во најголем дел од случаите баш мрзата е мотив да направиш нешто што се мора. Пример, денес ќе направиш автомобил, за утре помалку да пешачиш. Човекот создавал алати, за да си ја олесни работата што не сакал да ја прави. Од таму и насловот на темава.
Велиш, миксерот е ефикасност. Точно, ефикасност поттикната од мрзата, т.е. желбата што повеќе слободно време, кое ќе го искористиш да ги правиш работите што ги сакаш. Никој не сака слободно време за да не прави ништо.
Мрзата е всушност стремеж кон тоа да се чувствуваш добро. ;)
 
Еј луѓе колку значи да се напиеш кафе. јас одам по кафе! :) (Лесно ти е тебе ти го испи твоето) :D
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Немој само да ми кажуваш како се успева. Баш поради "Мрзата" јас денеска имам висок излив на пари, со малку работа благодарение на тоа што барав мрзлива работа кога се мислев во што да инвестирам пред 3 години. Значи дефинитивно ми се исплати.

А тоа што спомна примерот со миксерот- баш тоа е мрзата, верувам дека и да ти беше слободен денот и да немаше што друго да правиш одкога ќе ја завршиш тортата на крај сепак ќе се одлучиш да работиш со миксерот - нормално за на крај да му ја легнеш.
Тоа не е мрзата тоа е оптимизација на слободно време? Ма дај немој! И за на крај да посветиш повеќе време за себе- тогаш што е мрзата?

Всушност она што го сочинува успехот не е само работливоста - како сакај наречи го, ефикасност или мрзливост (начин на размислување).
Прашање до тебе: Имаш опција 1 и да инвестираш во работа која ќе ти носи доволно пари со многу помалку работа? И имаш опција 2 која со многу работа ти носи исто така доволно пари... која опција ќе ја избереш- а на крај слободноте време што ти останува да не можеш да го искористиш никаде на друго место во продуктивност? (значи да се осигураме дека нема да си го оптимизираш времето туку ќе ти остане само за излежување)

Немој да си мислиш дека успехот лежи само во работата - и оптимизацијата на слободно време. Јас сум успешен и сум жив доказ дека мрзата е добра особина (нормално се си има граници) а не е оптимизација на време пак ќе ти кажам.

Мрзата го тере човекот да работи!
Мрзата го тере човекот да размислува поразлично од мајмунот!

Ајде доброутро
И пак се вртиме на истото. Ако ти одиш до крај со твојата теорија, нема да си богат, ќе бидеш само мрзлив.
Бидејќи за да инвестираш, за да одбереш работа, за да ги напраиш сите тие нешта - ти баш треба да не си мрзлив. Ако сме со тој мрзливиот памет, нема да ги направиме.
И потоа, откако ќе ги направиме, ќе видиме дека сето тоа слободно време што сме го ќариле (нели сме избрале работа што бара малку труд од нас), потоа ќе сфатиш дека тоа слободно време можеш да го искористиш да го зголемиш приходот. И пак ќе ја прифатиш таа прилика.

Многу поими мешате гледам овде...ај вака, ако си мрзлив воопшто нема ни да одбереш работа и да го оптимизираш времето. А ако еднаш одбереш работа, значи ќе одбереш и следниот пат, па следниот и така натаму.
А човек не бира помалку работа зашто е мрзлив. Бира помалце работа за исти пари, зашто никој не е глуп да работи за исти пари, ама повеќе.

Е сега тука доаѓаат во прашање и други елементи, како на пример просперирањето понатаму во кариерата. Имаш една работа, која иницијално нуди ПОМАЛА плата, но можност за просперирање понатаму и поголема плата во иднина. Ај тука мисли мрзливо, да те видам?

Не ми се допаѓа дискусијава, баш зашто тебе ти се погодило, па од еден случај генерализираш без притоа да размислиш подлабоко за "проблемот" малку. Намерно е ставено во наводници, бидејќи за мене не е проблем.
Човек не сака да прави одредени нешта, не заради мрза, туку зашто едноставно тоа време сака на друг начин да го искористи. Затоа, ако има избор, ќе го избере оној што овозможува повеќе слободно време (секако, ова е симплифицирана теорија, бидејќи многу елементи влегуваат тука, како она погоре со просперирањето во кариерата пример).
Ако нема избор, ќе ги прави работите што не ги сака, знаејќи дека во иднината тие ќе му донесат пари, а со тоа и среќа итн...

Според вашава теорија, човек прво ПРАВИ НЕШТО ШТО НЕ САКА, само за во иднина да не мора да прави НИШТО.
Проблемот е што, ако еднаш си се помачил, ќе видиш дека тоа носи резултати. И во иднина кога ќе имаш избор да се помачиш или да дремеш, па ќе избереш "мачење", само зашто знаеш дека после ќе ти биде криво ако тоа време си го поминал "мрзливо".

И не, миксерот не е измислен за ние да сме мрзливи, измислен е за да завршиме одредена работа побрзо, за да имаме време за друга. Дали таа друга работа ќе биде после печење пиле или гледање телевизија, не е битно.
Мрзата те спречува да ги искористиш потенцијалите, а со тоа што ми реплицирате со километарски постови само ја докажувате мојата поента.
Како не ве мрзи сега, ова нит ви носи пари, а ипак е замор за вашите мозоци. :)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Не ми се допаѓа дискусијава, баш зашто тебе ти се погодило, па од еден случај генерализираш без притоа да размислиш...
Друже ти незнаеш што значи МРЗА - Мрза не е да направиш НИШТО - убаво ти објасни наутибајнејчр во претходнио негов пост.
И пак грешка сваќаш. точно дека миксерот не е измислен за ние да сме мрзливи, измислен е бидејки сме мрзливи...
Печење пиењењ гледање ТВ - ако брате тоа не го класифицираш како мрза ти си дефинитивно помрзлив од од мене алал да ти е :)

Јас овој текст го пишувам од забава, всушност од задоволство, одсекогаш сум уживал во философија.

едит: Многу луге како мене на истиот начин имаат успеене, иако не се свесни дека мрзата е битниот фактор
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Друже ти незнаеш што значи МРЗА - Мрза не е да направиш НИШТО - убаво ти објасни наутибајнејчр во претходнио негов пост.
И пак грешка сваќаш. точно дека миксерот не е измислен за ние да сме мрзливи, измислен е бидејки сме мрзливи...
Печење пиењењ гледање ТВ - ако брате тоа не го класифицираш како мрза ти си дефинитивно помрзлив од од мене алал да ти е :)

Јас овој текст го пишувам од забава, всушност од задоволство, одсекогаш сум уживал во философија.
Тука ти е грешката, како што реков, мешање поими.

Не е мрза да гледаш телевизија, ако во моментот тоа те исполнува во слободно време.
А миксерот е измислен за да зголеми ефикасност, за да имаме повеќе слободно време. Дали ние ќе гледаме телевизија, ќе фатиме друга работа после миксањето или нешто трето, тоа е наш избор.

Мрза е воопшто да не пипнеш миксер, не па да го измислиш.
Затоа ти викам, теоријата, иако ти изгледа интересна, е тотално погрешна. :)
 
Па ти ти ги мешаш поимите а не ние!
Како што реков наутибајнејчр многу убаво напиша што значи мрза- а и да ти кажам право веќе ме фати мрза да ти објаснувам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom