Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.435
- Поени од реакции
- 8.561
Усвоен новиот статут на ФФМ
На собранието на Фудбалската федерација беше одбиен предлогот за проширување на првата лига
Статутот беше усвоен со 77 гласа „за“, 15 „против“ и еден воздржан
Низа нелогичности го проследија маратонското редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија. На крајот „охридскиот маратон“ побрзо и поумешно го „преплива“ актуелната власт, која некако го протурка новиот статут, со измените и дополнувањата направени во согласност со препораките на ФИФА и на УЕФА.
Членовите на собранието во почетокот декларативно се изјаснија за заемно почитување, а преку потпретседателот Лазар Нанев повикаа на обединување и почеток на вербата. Сé што следуваше од тој момент понатаму ниту беше заемно почитување, ниту почеток на вербата, а уште помалку обединување.
По заокружувањето на бројот на делегати, кое беше проследено со многу дебати и нејаснотии, на гласање беше ставено барањето на дневниот ред да биде ставена иницијативата за проширување на Првата македонска фудбалска лига. За предлогот гласаа 62 од присутните делегати, што беше недоволно точката да биде ставена на дневен ред, зашто беше потребно двотретинско мнозинство од верифицираните 104 делегати, односно 69 гласа.
Жестока расправа и меѓусебни обвинувања претходеа на изгласувањето на статутот, кој беше усвоен со 77 гласа „за“, 15 „против“ и еден воздржан. На собранието повторно во својство на набљудувач од УЕФА беше Словенецот Руди Завлр. кој беше посматрач и на изборите во 2009 година.
Вардар остана без трите бода
Иако имаше најави, на собранието на ФФМ воопшто не стана збор за барањето на Вардар за враќање на трите бода одземени поради неиграњето на првенствениот натпревар со Турново на стартот од сезоната.
- Такво барање не стигна до нас ниту, пак, некој од делегатите побара за тоа да биде разговарано - изјави претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески
извор
Нов Статут, проширување на лигата нема
Саботното Собрание во Охрид покажа колку е далечна власта за опозицијата во ФФМ според актуелната констелација на односи
Сашко Ѓ. Димовски
Далечна е власта за опозицијата во Фудбалската федерација на Македонија според актуелната констелација на односи. Го покажа тоа последното редовно Собрание на ФФМ во Охрид, тело во кое останува принципот на игра на мачка и глушец и покрај континуираниот оптимизам кај одредени кругови за соборување на актуелното раководство. И во иднина останува стабилно мнозинство наспроти слабо, неорганизирано, несериозно и не многу способно малцинство кое од петни жили залудно се обидува да ги промовира своите амбиции за превласт во македонската куќа на фудбалот. Затоа првите порачуваат дека ново изборно собрание ќе има, но за 26 месеци, кога завршува мандатот на претседателот Харалампие Хаџи-Ристески по редовен пат, вторите, пак, најавуваат дека тоа ќе се случи за два месеца. Што ќе произлезе од сето тоа ќе се знае по извештајот на претставникот на УЕФА, Руди Заврл, кој наскоро се очекува да се произнесе околу тоа што виде и заклучи во саботата во „Инекс Горица“. Од ставот на гостинот од Словенија ќе зависи текот на настаните во периодот што е пред нас и дали ќе има нови преписки на релација Скопје-Нион-Скопје, обвинувања, тврдења и шпекулации во намерата да се докаже кој е во право. Меѓутоа со постојаното правење тензии и ситуации од ништо-нешто се става на тест и толерантноста на УЕФА да се позанимава со федерациите во регионот и да стави крај на секакви обиди за турбуленции, дестабилизации на фудбалските власти и дворски игри и да се натераат функционерите да работат во насока на обединување, негување и развивање на основната дејност, а не постојано да се работи на сопствена промоција и во корист на лични интереси и постојано омаловажување и негирање на противникот додека трпи фудбалската игра. Од тие причини можно е да и' дојдеме преку глава на УЕФА, па да реши да постави принудна власт, да организира Собрание по нејзини правила на игра и нејзин постојан мониторинг во подготовка на истото, нејзини претставници да верификуваат мандати, нејзини претставници да кажат кој е легитимен, а кој не. За мир во куќа очигледно е потребно тоа, во спротивно вака може да се тераме во недоглед и било чии претседателски амбиции да испливуваат на површина барем еднаш месечно.
Саботното Собрание на ФФМ беше интересно по две точки. Едната се однесуваше на измените и дополнувањата на новиот Статут, втората на желбата за проширување на првата и втората лига со што Вардар и Пелистер би се спасиле по административен пат. За првата гласаа 77 делегати, 15 беа против и 1 воздржан што според власта беше доволна бројка за двотретинско мнозинство и усвојување, за опозицијата недоволно. Притоа опозицинерите запрашаа како е можно на последното Собрание да се утврдени 117 делегати (97 со право на глас), а за ова последното таа бројка да е намалена за седум (покани да се испратат до 110 делегати од кои 99 со право на глас) и обвинија дека на при донесувањето на одлуки гласале и делегати што биле под суспензија. Предлогот за вметнување на иницијативата за проширување на првата и втората лига во работата на Собранието не мина. Го поддржаа 62 делегати, а и за неа исто така беше потребно двотретинско мнозинство бидејќи не бил запазен рокот за нејзино ставање во дневен ред на 20 дена пред одржување на Собранието. Тоа значи дека Вардар ќе мора да се избори за опстанок единствено на зелен терен. Најпрво да се обиде во последните пет кола да достигне до позиција за плеј-аут, па потоа преку бараж да го зачува прволигашкиот статус.
На Собранието беа пополнети и двете испразнети места во Управниот одбор на ФФМ. Откако делегатите ги утврдија и прифатија оставките на Зоран Алексов од ОФС Штип и Илија Китановски од ОФС Кичево, за нови членови на фудбалската влада на Харалампие Хаџи-Ристески беа промовирани Благој Истатов од ОФС Гевгелија и Љумобир Шурчевски од ОФС Македонски Брод. Истатов мина уште во првиот круг гласање. Доби поддршка од 67 делегати, Ѓурчевски со 44 гласа во вториот круг ја доби битката со конкуренцијата (Леонид Кодовски од ОФС Велес, Горан Гаврилов од ОФС Пробиштип и Виктор Гаревски од ОФС Неготино).
Нов член има и Надзорниот комитет. На местото Симеон Симовски беше избран Бранко Талевски, додека Фатмир Даути е нов член во Комисијата за молби и жалби по оставката на Сефедин Тафо во работата во ова тело при ФФМ. Независна ревизија во ФФМ ќе врши агенцијата КМПГ Македонија од Скопје.