Психолог = Неостварен психијатар (?)

Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Во рок од два дена налетав на вакво мислење од двајца различни луѓе. Според нив, психолози стануваат оние кои не биле доволно способни да станат психијатри. Јас сум скептична кон ова размислување, но сепак се постави како прашање во мојата глава за чиј одговор не сум многу сигурна.
Па, што мислите вие?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Едно е психијатар, друго е психолог. Психијатарот мора да биде лекар најпрво, а потоа следуваат областите на кои најчесто се ориентираат за работа припадниците на двете струки.
Не мислам дека психолог е неостварен психијатар. Ако одиме според оваа идеологија ќе најдеме милион неостварени цели :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Не може... Психолог е од филозофски...

(магде, дај зеленко)
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Лошо имам објаснато.
Да, за станување психолог е потребно да се студира на филозофски, отсек психологија, а пак за психијатар се учи медицина, а потоа се специјализира психијатрија. Тоа е јасно како солза, да не забегуваме натаму.
Муабетот ми беше Дали психологот потајно посакува да биде психијатар или тоа се само глупости? Дали психологот е само „помалце развиена“ верзија на психијатарот, бидејќи нема доволно потенцијал? И дали психологијата и психијатријата може на тој начин да се споредуваат?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Јас отсекогаш сакав да бидам Архивист ама морав да се задоволам со тоа што ме примија како археолог.

Индиско Оревче... Психологот и психијатарот имаат сосема различни единки за „разматрање“.
И тоа, дали едните сонуваат да бидат како другите е сосема индивидуален проблем.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
ццц... луѓево везе немаат значи...

Психијатар е за ментални болести курци палци шизофрении искривени некои за у Бардовци луѓе!
Психилог е човек кој шо знае многу добро да комуницира и е за обични луѓе со секојдневни проблеми, т.е ви помага како да бидете поефикасни у животот.

Психијатар препишува апчиња и може да нема благе везе од комуникација, додека психолог не препишува апчиња и преку разговор решава се (тоа шо може нели)

И најверојатно ова мешање и митови се дешаваат ради психијатрите пошо они се такви медицински ладни типови од кои ти се темнее пред очи и глеаш да фатиш магла.
Ако сте праеле еднаш муабет со психолог(и приватно немора за проблем) ќе сватите шо ви зборам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Лошо имам објаснато.
Да, за станување психолог е потребно да се студира на филозофски, отсек психологија, а пак за психијатар се учи медицина, а потоа се специјализира психијатрија. Тоа е јасно како солза, да не забегуваме натаму.
Муабетот ми беше Дали психологот потајно посакува да биде психијатар или тоа се само глупости? Дали психологот е само „помалце развиена“ верзија на психијатарот, бидејќи нема доволно потенцијал? И дали психологијата и психијатријата може на тој начин да се споредуваат?
Знам, затоа и се дополнив зошто не мислам дека е неразвиена сфера, често луѓето ги мешаат овие две професии а не се баш исти. Исто како да се каже дека физиотерапевтот е неостварен општ лекар и слично :)))
Писфул Енгр еве одлично дефинираше.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Лошо имам објаснато.
Да, за станување психолог е потребно да се студира на филозофски, отсек психологија, а пак за психијатар се учи медицина, а потоа се специјализира психијатрија. Тоа е јасно како солза, да не забегуваме натаму.
Муабетот ми беше Дали психологот потајно посакува да биде психијатар или тоа се само глупости? Дали психологот е само „помалце развиена“ верзија на психијатарот, бидејќи нема доволно потенцијал? И дали психологијата и психијатријата може на тој начин да се споредуваат?
Не. Јас имам сосема други области на работа од психијатрите. Тоа што би го работеле ние, психијатрите не можат и обратно.
Јас лично, не сакам да сум психијатар зашо би требало да работам со менално болни пациенти и само со такви. Како психолог, можам да работам и со такви ако сакам, ама треба да зеам 2 години постдипломски. Психијатарот не може да даде психолошка проценка, јас би можела...
Покул сме ние психолозите, псизнаваме и други освен Фројд :)

А колку шо имам слушнато, психијатрите се тие што не можеле да се справуваат со крв во медицинските школи па се преориентирале на психијатрија кај шо работата е чиста :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
А колку шо имам слушнато, психијатрите се тие што не можеле да се справуваат со крв во медицинските школи па се преориентирале на психијатрија кај шо работата е чиста :)
Или на психологија :) (Братучет ми дипломираше на психологија, а заврши медицина како лаборант)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Или на психологија :) (Братучет ми дипломираше на психологија, а заврши медицина како лаборант)
Па да, кај мене во група има многу што завршиле средно медицинско.
Секако, и во психологијата има медицина, али многу малце :)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
У фудбалски речник - како да кажеш судијата е неостварен фудбалер.
У автомобилизмот - како да кажеш приватна 12ка е неостварена државна 2ка.
У музиката - како да кажеш Џастин Бибер е неостварен Пане Панев.
У локал-патриотистички сељачизам - како да кажеш педер од Влае е неостварен манга од Ѓорче.
И хиљаду други работи. Поентата ја сфаќаш. Не е баш исто...
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
Во рок од два дена налетав на вакво мислење од двајца различни луѓе. Според нив, психолози стануваат оние кои не биле доволно способни да станат психијатри. Јас сум скептична кон ова размислување, но сепак се постави како прашање во мојата глава за чиј одговор не сум многу сигурна.
Па, што мислите вие?
Не знам многу како идат ама мислам дека психијатар и психолог се две различни работи.

Тоа остварен неостварен за оваа тема мислам дека се работи за некоја расправија која што не е од глобален карактер.
Ако веќе гледаме така во животот сите ние, луѓето, сме неостварени "богови".
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Дали може да се запишам на постипломски на психологија, а да сум дипломирал на економски ?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Дали може да се запишам на постипломски на психологија, а да сум дипломирал на економски ?
http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=520&Itemid=923&lang=mk-MK

Кандидати со завршен прв циклус на студии чиј вкупен број на кредити е 240, но кои се несоодветни, доколку ги положат предметите кои се неопходни за следење на наставата од вториот циклус. Листата на овие предмети ќе биде утврдена од Советот на последипломски студии на Институтот за психологија, согласно со видот на претходните студии на кандидатите.........
 
Благодарам многу на информацииве.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom