Таксито стана луксуз!

  • Креатор на темата Креатор на темата beneamata
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.453
Поени од реакции
15.921
Иако е потреба, таксито за многумина по последното поскапување стана луксуз.

Дали и понатаму ќе го користите таксите како и пред поскапувањето или ќе си користите јавен превоз или добро познатото и економично средство: нозете.

Јас сеуште не сум се качил во новиве такси со стоперица место таксиметар, но од тоа што читам низ фејсбуков, сите се жалат.

Патем, таксистиве не сакаат поскапени цени, иронично, но сепак вистинито.
 
Таксито отсекогаш било луксуз.
 
јас си имам автомобил, не ми треба мене такси. :baeh:
а и не е многу оскапено таксито.....
 
Мнозинството од таксистите се против поскапувањето, се бунеа до последен момент, меѓутоа наметнувањето е пресилно и немаа избор или ќе биде според нареденото или нема да возиш.
Јас и онака живеам далеку од Центар и со такси не се возам, освен во ретки моменти кога сме се враќале од излегување, а никој од друштвото не зел кола, ама има луѓе кои секојдневно го користат овој вид на превоз. Мислам дека можеше да се турка се уште со старата цена, ама кој прашува обичен народ.
 
јас си имам автомобил, не ми треба мене такси. :baeh:
а и не е многу оскапено таксито.....
Не е многу? Порано за релација што ми зимало 70 денари, сега ми зема 130 денари. Тоа за тебе не е поскапување??

Инаку дефинитивно ќе намалам со такси, нема шанси да се возам, пошто со секоја наредна секунда возење, дел од мене умира.
А го користев најчесто за враќање навечер од град, затоа што ми е страв пешки сама да си одам, сега ќе издвојувам 100 денари плус навечер за такси... :(
 
Ја имав среќата да си се качам во такси (од поскапениве) и да ми земе 60 денари повеќе од претходно што сум плаќала за истата дестинација.
Таксито и онака беше претходно скапо, сега е изгор.
Таксиметарот куца со самото влегување во такси(од семафорите на рекорд до другите семафори веќе има искуцано 60 денари, a почнуваат од 40)
Чаре, ќе си се возиш со ЈСП, притоа избегнувајќи вторник и петок, ќе возиш точак, сега бар пролет е лето, може да се возиш ем да слабееш(мултитаскинг) или па ќе си одиш пеш.
Тротинер и ролерки не се исклучени како превозни средства, така да use your creativity people:)

P.S. Разбрав дека имало многу малце таксисти кои си возеле по стара тарифа, среќни се оние кои наидуваат на истите, а се рекламираат со лепење листови на прозор-ВОЗАМ ПО СТАРА ЦЕНА.
Маркетинг бе:)
 
Лесно ќе се преживее, викајте ура што се направи ова во пролет-лето, па можеш и да поодиш. Да беше сред зима поскапувањево ќе беа циркузите. Иначе јасно е дека ова е за помалите компании и дифтарите да се истиснат од пазарот и да останат овие новооснованиве кои се во сопственост на нашите феудалци.
Иначе не се возам со такси, ама и тие моменти кога се дешавало сега ќе се поретки.
 
Групата на фејсбук: Не си фраер ако имаш кола, фраер си ако имаш пари за такси. :pos: :pos:
 
Ја имав среќата да си се качам во такси (од поскапениве) и да ми земе 60 денари повеќе од претходно што сум плаќала за истата дестинација.
Таксито и онака беше претходно скапо, сега е изгор.
Таксиметарот куца со самото влегување во такси(од семафорите на рекорд до другите семафори веќе има искуцано 60 денари, a почнуваат од 40)
Чаре, ќе си се возиш со ЈСП, притоа избегнувајќи вторник и петок, ќе возиш точак, сега бар пролет е лето, може да се возиш ем да слабееш(мултитаскинг) или па ќе си одиш пеш.
Тротинер и ролерки не се исклучени како превозни средства, така да use your creativity people:)

P.S. Разбрав дека имало многу малце таксисти кои си возеле по стара тарифа, среќни се оние кои наидуваат на истите, а се рекламираат со лепење листови на прозор-ВОЗАМ ПО СТАРА ЦЕНА.
Маркетинг бе:)
Ние за ваква ситуација му се симнавме на еден од таксито на сред семафори. Само тоа беше во Охрид, и пред 2 години, изгледа понапред се со времето они :)
 
Не се возам со такси, дали еднаш годишно, најчесто ја земам колата на мајка ми, поекономична е од таксиво 3 пати :icon_lol: Иначе користам автобус почесто или па одам пешки да си одржувам кондиција. Еее се смееја тие што се возат со такси кога ги воведоа пензионерите, сега ...:icon_lol:
 
Не е многу? Порано за релација што ми зимало 70 денари, сега ми зема 130 денари. Тоа за тебе не е поскапување??
Во право си.Од плоштад до нова железничка плаќав 70-80 сега платив 130.Страшно.
 
Поефтино ми е да мењам патики на месец дена отколку да се возам со такси :)
 
Се мислам дали да си купам 3 метри дворно земјиште, или да поминам 3 километри во такси.
 
Одамна не сум се возел со такси, среќа ова бусов мој го има во изобилие и после 12 часот навечер. ;)
 
Back
На врв Bottom