Значи да претпоставиме , имате 100.000 евра кој е најдобриот начин според вас да се инвестираат , дали штедна , обврзници , акции , отварање бизнис.
Зависи од тоа што преферираш, поликвидни или помалку ликвидни финансиски инструменти? Колкава камата(запамти, висината на каматата е правопропорцијална со ризикот од инвестицијата)?
Јас кога би имал 100.000 евра, сериозно би размислил, за акции во Македонија е малку лошо, имаш високи информациони трошоци и ризик, ликвидноста на акциите е мала, политичката и економската состојба не е сигурна, единствено она што беше добро за Македонија беше добрата работа на НБРМ, па затоа и доколку ги орочеше тие 100.000 евра(ама во денарски депозити) пред 10 години, сега ќе имаше 200.000 евра...
Јас би идел на државни хартии од вредност, или пак благајничките записи од НБРМ, кратки рокови на доспевање со висока сигурност, и висока ликвидност. (сепак, имаш помала камата, но сигурноста е тука)...