Зоолошка градина - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Бев инаку и во Московската и Белградската, тие се далеку поголеми и поразновидни. Сепак да не петеруваме и да не се мериме со нив, подобро нека биде мала но средена, со неколку врсти отколку градена без план. Се надевам нема да ја направат таа грешка.

Белградската зоолошка во раните 90ти имаше среќа на раководна позиција да дојде човек кој навистина ги сака животните и знае како да менаџира со зоолошката. Јас таму бев 2000та и бев импресиониран од се она што го видов таму.
Нашата зоолошка активно се средува последниве 2-3 години. Јас бев таму кога почна акцијата за средување и тогаш беше огромно градилиште, и никако да отидам пак таму. Она што го знам е од муабет со луѓе кои биле таму и од фотографии. Само да најдам фино друштво, и ќе одам, морам :)
 
Само да најдам фино друштво, и ќе одам, морам :)

Не мораш со друштво да одиш взоолошка доста ти е за сликање една камера или што било и прави една тура. Јас барем секое идење во скопје ја посетувам шо ако ги знам животните, ама пак ми е интересно да ја посетам. Е сеа шо не е баш ко шо треба измијана исчистена, на влезот жаби крекаат итн, е то е друга работа сигурно треба да се плати некој за да исчисти ама послабо тоа.
П.С. Не пијте кафе внатре, скапо е упм
 
Уствари сам најубо ќе си разгледам. Фотографии нема да правам бидејќи сонцето веќе не е добро за фотографирање преку ден.
 
три нови тигарчиња

Од денес три нови жители во Скопската ЗОО.
Тигрицата во Скопската зоолошка градина донесе на свет три мали прекрасни тигарчиња за општа радост на најмладите посетители............
3d-cute-tiger-2.gif
 
богами последно време зоолошката ни заличе на нешто не е како порано Хорор за животните
 
Сега ги покажаа малите тигарчиња на вести.
Што убави се.Костовски како донтор на живеалиштето на тигрите имаше можност да му даде има на едно од малите па вика ако е машко нека се вика Путин ако се сите женски најстарата нека се вика Мадам Путин.:pos:
 
3 сибирски тигарчиња се родија во зоолошката градина


getImageThumbnail.php


Во Зоолошката градина денеска се служеа мекици - сибирската тигрица роди 3 тигарчиња. Тие се првата рожба на парот сибирски тигри, кои во октомври минатата година на скопската зоолошка градина и ги подари Унгарија. Трите бебиња тигарчиња извесно време ќе минуваат само со својата мајка, а дури потоа ќе ги видат и посетителите. Се очекува да бидат главна атракција на скопската зоолошка градина.

Донаторот на живеалиштето на сибирските тигри, веќе смислил и имиња за новороденчињата. Но, ќе ги крсти откако ќе им биде утврден полот. Инаку, пред 15 години на сибирските тигри им се закануваше целосно истребување, ги имало само 500-тини во целиот свет. Но, по напорите на Русија за заштита на видот, нивниот број достигнал до 3000. Од денеска, 5 од нив живеат во Скопје.

http://www.time.mk/read/15dd41ec28/46feababe6/index.html


Видео тука
 
Добра работа...сибирски леопард, тигриња, реновирале... Ќе треба да се помине до ЗОО, многу новини гледам се десија.
 
Јас бев пред неколку месеци во Зоолошката градина и има огромен напредок, многу добро ја имаат средено и условите за живот на животните се многу подобри одколку што беа пред 2-3 години.
Планирам деновиве повторно да ја посетам, да видaм колку има напреднато, бидејќи кога бев минатиот пат се градеа нови живеалишта.
Конечно и нашата зоолошка заличе на нешто и мило ми е што се родија тигарчињата.
 
zarem nikoj ne otide na mekici denes,iako imashe javna pokana od ZOO na TV ?!
 
Наскоро некој работен ден кога има помалку гужва, ќе одам во зоолошка и ќе ги сликам животите и ќе ги поставам сликите на форумов.
 
Здраво, Ќе може некој да ми го каже работното време на Золошката? :helou:
 
Здраво, Ќе може некој да ми го каже работното време на Золошката? :helou:

Не знам точно ама од 10 до 16 работи сигурно. Ако знае некој точно работно време нека пише...
 
3 сибирски тигарчиња се родија во зоолошката градина


getImageThumbnail.php


Во Зоолошката градина денеска се служеа мекици - сибирската тигрица роди 3 тигарчиња. Тие се првата рожба на парот сибирски тигри, кои во октомври минатата година на скопската зоолошка градина и ги подари Унгарија. Трите бебиња тигарчиња извесно време ќе минуваат само со својата мајка, а дури потоа ќе ги видат и посетителите. Се очекува да бидат главна атракција на скопската зоолошка градина.

Донаторот на живеалиштето на сибирските тигри, веќе смислил и имиња за новороденчињата. Но, ќе ги крсти откако ќе им биде утврден полот. Инаку, пред 15 години на сибирските тигри им се закануваше целосно истребување, ги имало само 500-тини во целиот свет. Но, по напорите на Русија за заштита на видот, нивниот број достигнал до 3000. Од денеска, 5 од нив живеат во Скопје.

http://www.time.mk/read/15dd41ec28/46feababe6/index.html


Видео тука

Ами ај сподели впечатоци ако беше :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom