Дали има и колкава е партизацијата во судството?

Член од
1 април 2011
Мислења
30
Поени од реакции
1
Тоа шо е секојдневието во медиумиве моментално мислам дека се огледа и на самите граќани кои гледам дека толку многу имаат попримено и веруваат во тоашто телевизиите константно го тврдат дека судиите се политизирани односно се под политични притисок. Голем број од слушателите односно гледачете се толку нерабрани и неписмени односно не ни ја разбираат судската постапка па мислат така е тоа и дека политиката ке делува или дејствува во судските одлуки. Прво тие коишто се задолжени да оценат дали има политизација се адвокатите кои знаат дали одлуките кои ги носат судиите се целисходни и исправни, па затоа ако не се во тој случај можат да ги користат законските правни лекови како жалбата и ревизијата во посебни случаи. Но тоа нашиот македонски глупав народ не го знае и ке слушне од А1 Сител или останатите помали телевизии дека нешто што од штабовите на ВМРО или на СДСМ ке биде оспорено, тоа мора да биде политичка одлука или нешто слично. И сега што е поентата, глупавиот македонски народ пак ке кажам дека си прави една свија слика и со тоа ја ствара својата одлука, одлука која е со политичка цел. Затоа ве молам тие што ја разбираат проблематиката нека ме оспоруваат или нека ме поддржат во мојата намера дека во никој случај судството не е политизирано. (Сем оние кои навистина сосамото избирање биле контраверзни пред изборот, ги следат корупциски скандали и завршуваат неславно)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Има има и партизација и неспособни судии, и подкупливи и шупли глави
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Факт е дека судството не е независно, а тоа понатаму од народот се толкува на различни начини. Јас од повеќе годишно искуство во правни работи тврдам дека судиите во основен суд Скопје 1 и Скопје 2 се корумпирани до бескрај. Дали од политички фактори, дали од поткупливост, небитно, со оглед на тоа што спречува да ти бидат остварени основните права. За разлика од нив, кон судиите во Апелационен суд Скопје имам тотален респект, ептен си ја знаат работата. Не можам со сигурност да тврдам дека не се корумпирани, меѓутоа од одлуките кои ги носат, добивам впечаток дека работат по словото на законите и не само тоа, туку беспрекорно и го разбираат. За другиве судови низ државата можам да го издвојам основниот во Охрид и апелациониот во Битола исто како корумпирани, за другите, не сум имала повеќе прилики да дознаам. За жал така ќе биде се додека не се воведе ефикасен механизам за контрола, оптимистички се надевам на новиве реформи, иако се сомневам во квалитетот на истите.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Реков во едно мое мислење на слична ваква тема. Се ми стана јасно од коа судијата кај што бев на пракса рече- "Како јас можам независно да судам, ако на пр. премиерот ми дое на судење. И што, треба против него да пресудам? Нема теорија, одма ќе ме суспендираат"
парафразирам :)
 
Во ред е искуството твое и твоето мислење. Муабетот не ми беше да почнам тема за корупција, али чим почна ај да кажам и нешто за то. За споредба прво ке те прашам во најразвиените држави односно најдемократските држави како Америка, Англија, Австралија, итн. судската работа е една од најплатените. Со тоа судијата најсовесно и непристрасно си ја врши својата работа како надлежен за истата. Е сега во РМ судиите од Основен па се до Врховен земаат плата со коефициент од 2.5 па се до 4. Кажи ми ти мене на толкав притисок, на толкав обем на материјали со кој судијата со новите законски измени е обврзан точно да се придржава кон роковите, и прекувремена работа и дали тој со толку ниска плата ке биде задоволен од сето тоа. Во некои случаи судиите посегнуваат по институтот наречен Мито а не корупција, бидеќи за да се зборува за корупција мора да се работи за цела организираност која настанува на политички план од основен па се до врховен суд се разбира ако предметот се движи од најнискиот па се до највисокиот суд. Бигеќи ако постои корупција во основен, доколку предметот стигне до апелација или апелација ке го укини или преиначи или пак со повторување на коруптивното дејствие ке биде уважен предметот и ке биде вратен во основниот суд. За таа цел судиите како што кажав во некои случаи посегнуваат по мито со цел да се мотивираат. Кај нас знаеме дека многу малце од предметите се со прилично голема сума на пари на пример милионски суми. А знаеме дека никој не би дам мито доколку има да плати 5000 евра казна или нешто слично. За корупцијата за која зборуваш ти е онаа која секојдневно ја гледаш на телевизија и тоа стрикно на скопските судови кадешто знаеме како се бираат судиите односно дека тие што се појавуваат на тв се политички мотивирани. Од 100 судии за 2ца до сега се покренала постапка или се зборувало на тв и сега ти си направи слика дека тие всушност се корумпирани односно направи слика за целото судство во македонија. Тука не си во право. Не можиме да зборуваме на пример за судии кои кај народот имаат голема почит и благодарност, ние знаеме дека тие се првите во државата кои можат јавно да зборуваат за корупцијата и политизацијата али како што гледаш тоа ни на крај памет не им паѓа пошто не знам дали имаш заприметено некој од судиите некаде да даде изјава или да даде некакво интервју. НИКОГАШ. То ШТО На пример уставниот суд ги укина ама апсолутно ситее контраверзни закони за тоа треба да се забрашаш, дали судовите не чинат и се корумпирани или владата не разбира па нози закони по секој цена. Тешко можите да ги разберите овие работи али како и да е немојте да им верувате на телевизиите. Ништо не е точно од тоа што го кажуваат.

--- надополнето ---

Види вака, си постои судски совет кој е надлежен да оцени дали судијата направил крупни грешки при своето оценување на предметот. И цела влада да оди кај него на судење ништо не му можат. Пости на пример институција како Суд за Човекови Права во Стразбур каде што точно е пропишано цела постапка околу совесното или несовесното работење на државен службеник. Така да немој да мислиш дека владата е семоќна. Во нашето законодавство постојат институти и надлежни органи кои се грижат за сета таа работа. На крај краева доколку не си задоволен од првостепена одлука имаш прао на жалба, доколку не си задоволен од второстепена пресуда имаш право на ревизија, доколку не си задоволен од ревизијата имаш право на повторување на постапката и повторно доколку не си задоволен од повторувањето на постапката тогаш на крајот правдата ке си ја бараш на европскиот суд за човекови права.

--- надополнето ---

Има има и партизација и неспособни судии, и подкупливи и шупли глави
никаде во светот не е се идеално па така не е ни кај нас.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
у нашево судство има партизација и политизација колку ти душа сака толку !!! во една ваква слична тема баш спомнав судиите судски совет и се што е поврзано со судството да се сосема независни од политичките партии без разлика позиција или опозиција. на пеимер пошо кај нас увек се вмро сдсм позиција и опозиција судство нека биде ЛДП пример.. ни за едните ни за другите нема да има толеранција !
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Во ред е искуството твое и твоето мислење. Муабетот не ми беше да почнам тема за корупција, али чим почна ај да кажам и нешто за то. За споредба прво ке те прашам во најразвиените држави односно најдемократските држави како Америка, Англија, Австралија, итн. судската работа е една од најплатените. Со тоа судијата најсовесно и непристрасно си ја врши својата работа како надлежен за истата. Е сега во РМ судиите од Основен па се до Врховен земаат плата со коефициент од 2.5 па се до 4. Кажи ми ти мене на толкав притисок, на толкав обем на материјали со кој судијата со новите законски измени е обврзан точно да се придржава кон роковите, и прекувремена работа и дали тој со толку ниска плата ке биде задоволен од сето тоа. Во некои случаи судиите посегнуваат по институтот наречен Мито а не корупција, бидеќи за да се зборува за корупција мора да се работи за цела организираност која настанува на политички план од основен па се до врховен суд се разбира ако предметот се движи од најнискиот па се до највисокиот суд. Бигеќи ако постои корупција во основен, доколку предметот стигне до апелација или апелација ке го укини или преиначи или пак со повторување на коруптивното дејствие ке биде уважен предметот и ке биде вратен во основниот суд. За таа цел судиите како што кажав во некои случаи посегнуваат по мито со цел да се мотивираат. Кај нас знаеме дека многу малце од предметите се со прилично голема сума на пари на пример милионски суми. А знаеме дека никој не би дам мито доколку има да плати 5000 евра казна или нешто слично. За корупцијата за која зборуваш ти е онаа која секојдневно ја гледаш на телевизија и тоа стрикно на скопските судови кадешто знаеме како се бираат судиите односно дека тие што се појавуваат на тв се политички мотивирани. Од 100 судии за 2ца до сега се покренала постапка или се зборувало на тв и сега ти си направи слика дека тие всушност се корумпирани односно направи слика за целото судство во македонија. Тука не си во право. Не можиме да зборуваме на пример за судии кои кај народот имаат голема почит и благодарност, ние знаеме дека тие се првите во државата кои можат јавно да зборуваат за корупцијата и политизацијата али како што гледаш тоа ни на крај памет не им паѓа пошто не знам дали имаш заприметено некој од судиите некаде да даде изјава или да даде некакво интервју. НИКОГАШ. То ШТО На пример уставниот суд ги укина ама апсолутно ситее контраверзни закони за тоа треба да се забрашаш, дали судовите не чинат и се корумпирани или владата не разбира па нози закони по секој цена. Тешко можите да ги разберите овие работи али како и да е немојте да им верувате на телевизиите. Ништо не е точно од тоа што го кажуваат.
Прво незнам од каде заклучи дека верувам на телевизиите? По тоа што не гледам со розеви очила како тебе? Телевизија немам гледано со години, за вести муабет да не правиме. Додека студирав го имав истото (теоретско) мислење како тебе, дека судиите ептен добро си ја вршат работата, додека не почнав да работам, па почнав да гледам директно што всушност се случува. Уставниот суд не го спомнав, зборував за судовите каде директно во случаи се одлучува за твои права, уставниот си брка работа со (не)уставноста на законите! Така да јас немам проблем ти да веруваш дека се идеални судиите кај нас, ама не извлекувај погрешни заклучоци за мене :smir:
Инаку во право си дека малце избегав од темата, повеќе се осврнав на судската подмитливост и корумпираност, а не толку за партизацијата, ама сметам дека нивната (судската) независност е директно условена од партиите на власт, за жал.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Види вака, си постои судски совет кој е надлежен да оцени дали судијата направил крупни грешки при своето оценување на предметот. И цела влада да оди кај него на судење ништо не му можат. Пости на пример институција како Суд за Човекови Права во Стразбур каде што точно е пропишано цела постапка околу совесното или несовесното работење на државен службеник. Така да немој да мислиш дека владата е семоќна. Во нашето законодавство постојат институти и надлежни органи кои се грижат за сета таа работа. На крај краева доколку не си задоволен од првостепена одлука имаш прао на жалба, доколку не си задоволен од второстепена пресуда имаш право на ревизија, доколку не си задоволен од ревизијата имаш право на повторување на постапката и повторно доколку не си задоволен од повторувањето на постапката тогаш на крајот правдата ке си ја бараш на европскиот суд за човекови права.

И јас имам учено факултет и постдипломски, и јас знам дека постои теорија, ама праксата ми ја покажа нејзината друга страна, невидливата, која ја нема во учебниците.
 
Член од
1 април 2011
Мислења
30
Поени од реакции
1
И јас имам учено факултет и постдипломски, и јас знам дека постои теорија, ама праксата ми ја покажа нејзината друга страна, невидливата, која ја нема во учебниците.
Во секој случај тука можам да те поддржам. Теоријата не е ни 2% од праксата што се веле зборот.

--- надополнето ---

Прво незнам од каде заклучи дека верувам на телевизиите? По тоа што не гледам со розеви очила како тебе? Телевизија немам гледано со години, за вести муабет да не правиме. Додека студирав го имав истото (теоретско) мислење како тебе, дека судиите ептен добро си ја вршат работата, додека не почнав да работам, па почнав да гледам директно што всушност се случува. Уставниот суд не го спомнав, зборував за судовите каде директно во случаи се одлучува за твои права, уставниот си брка работа со (не)уставноста на законите! Така да јас немам проблем ти да веруваш дека се идеални судиите кај нас, ама не извлекувај погрешни заклучоци за мене :smir:
Инаку во право си дека малце избегав од темата, повеќе се осврнав на судската подмитливост и корумпираност, а не толку за партизацијата, ама сметам дека нивната (судската) независност е директно условена од партиите на власт, за жал.
Во секој случај, не мислев конкретно само на тебе, пошто сигурно си добро запознат со ваквите работи. Гледам дека горото од популацијата го сваќа тоа што тебе претходно ти го напишав. И стварно се чудам од таквите. Имам уште еден факт кој можеби ке ти значи нешто а тоа е дека во западно европските држави, судиите од апелационите судови имаат норма да решаваат по 15 предмети месечно, додека пак во РМ судиите од апелационите судови се обврзани да решаваат од 25 до 30 предмети и проблемот е во тоашто кај нас има премалку кадар за толку обемни и бројни предмети и на крајкарева се разбира дека можни се грешки и разни посегнувања по противзаконски намери на судиите. Јас во одредена мера го оправдувам митото се разбира како мотивациона поткрепа не само на судијата туку и на секој обичен граѓанин ете да речам на таксистот.
 
Точно е дека грото од луѓето повеќе работи не разбираат, ама тоа е нормално бидејќи неможе секој да се разбира во правни работи, ако не му е тоа струка. Исто како што јас и ти немаме поим од градежништво, или архитектура (карикирам). Не е проблемот што не се разбираат детално, проблемот е што веруваат на се што ќе им се пласира, т.е. дозволуваат мозоците да им бидат испрани или изманипулирани.
Инаку дека оправдуваш мито е малце нелогично. Еве конкретен хипотетички пример, ме тужиш дека не ти враќам пари, а јас стварно ти должам, ама ете несакам да ти ги вратам, и одам на судијата, му фрлам мито, и он пресудува во моја корист, и? Сега примеров ептен штур, ама само чисто да доловам поента. Сепак, правник си, најубаво си знаеш.
 
Член од
23 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
3
Како да биде независно,кога министерот ти доаѓа со директна наредба,ако не ја извршиш не ти се пишува добро.И да сакаат не можат,преголем е притисокот од власта.Нека ви текне на случајот со Заев.Тогашниот судија го пушта да се брани на слобода и тоа на два пати,власта повторно и повторно вршеше притисок,и на крај што испадна дека тогашниот судија судел по прописи и бил во право
Заев не бил крив,но власта не мислеше така
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Кратко и јасно- треба суштински промени. Џабе се сите заложби и шминкања по реклами, сите пресконференции и потпишани соработки меѓу органите на управување ка нас (Основни судови, Апелација, Министерство за правда, Академија за судии и ЈО) полни со куртоазија и циничност.
Најрпво, како може да нема туѓо влијание во судството, кога уште на самиот почеток се става сопка. Како пример ја земам Академијата и условот за запишување судии и ЈО. Ај кај што постои дискриминација на секој правник кој имал просек под 8.5, па тука логично се наметнува прашањето- дали некој некого "туркал" уште од факултетските денови за да може понатаму да стане судија (поголем дел од случаите, нормално не сите) ? А добро е познато дека оној кој има пари може тоа и да го постигне. А кој има пари?- Човек кој е инволвиран во тие работи, некој директор, министер, професор (сигурно газда на кланица за кокошки кој има повеќе пари нема детето да му текне да го прати на правен- хипотетичка ситуација), и тоа е само дел од целата интрига кој а се создава низ годините, за од кога ќе биде направена да биде вметната во судскиот систем.
Потоа, откако ќе изминат 7,8,9 години, кога таквите "дечки" ќе бидат искалени за судии, а се под диреткно влијание од некои функционери кои им останале дожлни на нивните татковци, ќе станат судии и повторно и повторно ќе се вртиме во истиот круг.

Ова погоре го спомнав само како дел од целиот механизам, кој се ствара и се обидов да ви го претставам од самиот почеток, механизам кој се создава (во поголем дел од случаите) на ваков или сличен начин и кој е еден од главните фактори за развој на нашето правосудство а кој за жал се избегнува а во кој е вклучен целиот систем на државата.

Одам да одморам рака :)
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
прво имаме дупки во законите, па нив ги толкува кој како сака
потоа имаме поткупливи судии (не се партиски ама се многу скапи)
и на крај имаме партиски судии, принципот е: ти пресуди вака а јас ке ти накачам на плата/унапредам
чаре?
 
Чаре е да почнеме да шамараме и да ги кастриме канџите на власта од судството. Ама бидејќи немаме мадиња како нација, ќе си ќутиме и ќе мрчиме од дома, како за било што во државава.
Кој е човекот меѓу луѓето и побитно, каде е?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Чаре е да почнеме да шамараме и да ги кастриме канџите на власта од судството. Ама бидејќи немаме мадиња како нација, ќе си ќутиме и ќе мрчиме од дома, како за било што во државава.
Кој е човекот меѓу луѓето и побитно, каде е?
теоретски со ова проблемот е решен, ама практично.....за да казниш некого треба да докажеш дека бил крив, а за да докажеш во случајов ти треба подобар систем, а за да се добие подобар систем треба да го сменат истите луѓе што се во него
ЧАРЕ? :kesa:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom