- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Како Романците ја гледаат туристичка Бугарија
Дупки, многу дупки на патиштата!
"Речиси 200 километри од Ѓурѓево до Варна се преплавени со сиви комунистички блокови, куќи без покрив... И одвреме-навреме по некоја бензинска пумпа. Тој пејзаж создава впечаток оти сте во земја од третиот свет..." - пишува "Романија либерта"
"Дупки, многу дупки... и попатни натписи на кирилица! Тоа се првите показатели дека сте ја минале границата со соседна Бугарија". Вака почнува туристичката репортажа на романското електронско издание "Романиа либера" за Бугарија.
"Речиси 200 километри од Ѓурѓево до Варна се преплавени со сиви комунистички блокови, куќи без покрив... И одвреме-навреме по некоја бензинска пумпа. Тој пејзаж создава впечаток оти сте во земја од третиот свет, а не во една земја која тврди дека ги нуди најдобрите туристички дестинации во 2011 година", објавува романскиот весник.
Во продолжението на текстот се опишуваат некои модерни и убави градби во Варна, град на кој му е посветен најголем дел од репортажата, и кој според Романците, последниве години сериозно го менува својот изглед.
"Во Варна глетката започнува да се менува: блоковите стануваат обоени, центарот на градот е прекрасен, никнуваат нови трговски центри, хотели со 4 и 5 ѕвездички и други туристички објекти. Но, кратерите и дупките по патиштата остануваат", анализираат романските новинари. Според статистиката, годишно околу половина милион Романци ја посетуваат Варна и околните одморалишта.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8F0A70057F8B3049901ECEB7F7407C7D
Дупки, многу дупки на патиштата!
"Речиси 200 километри од Ѓурѓево до Варна се преплавени со сиви комунистички блокови, куќи без покрив... И одвреме-навреме по некоја бензинска пумпа. Тој пејзаж создава впечаток оти сте во земја од третиот свет..." - пишува "Романија либерта"
![](http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/DD99FBB04D0ECF4AB41F265490015F41.jpg)