По колку време ви држи батеријата на мобилниот телефон?

Иам sony ericsson k550i... дневно минимум 1 час свири Mp3 player... на 2 дена го полнам... 4 години е.. ветеран :)
 
se-w302-2.jpg

Без малтретирање ми трае 5 до 7 дена, а ако играм игрици за тепање досада отприлика 4 дена. Како и да е, досега телефон со најиздржлива батерија што сум имал. Претходно два самсунга што имав, од 3 дена повеќе чудо беше ако траеше батеријата.
 
Зависи кои Нокии некои батеријата им држи многу добро како на пример Е71 :) али ова чудово мое Н900 , ако не го чепкам воопшто и ми служи само за ало ало држи максимум 2 дена,ако малце го чепкам да поиграм нешо,да седнам на нет и слично тогаш го полнам секоја вечер :) а да не праиме муабет коа го чепкам нон-стоп знае да се испразни и за 7 саата хахаха :)
 
На мојот Нокиа 6600 Слајд батеријата држи околу 4-5 дена со нормално користење,а ако слушам музика онака пред спиење секоја вечер плејлиста од 10тина песни околу 3-4 дена зависи колку гласно слушам,дали слушам во ВЦ кога одам :) и слични периферни потреби :)
 
Јасно е на што се однесува темата. Не видов дали има некоја слична.
Колку време ви трае батеријата? Кој телефон е нај'издржлив', а кој морате да го полните секој ден?
Јас на пример, моменталниот мој, Sony Ericsson W100i, секој втор ден го ставам да се полни, а не дај Боже малку повеќе да слушаш музика или игри, за помалку од 24 часа е празен.:nesvest: Мислам дека Нокиа се со најиздржливи батерии.

Новиве сони ериксон се сите ѓубре а и нокиа исто, најбољи денес се самсунг мене ми држи 1 недела батеријата...
 
Земте си ајфон, да ве види господ... ја иам 3гс и ако не го чепкам, значи без игрици, музика, само како телефон ако го користам и по 2 недели држи батеријата, а ако го користам како PSP ондак 3-4 дена...
 
Nokia 6670 Slide...тапа батерија има. Ако не користам интернет држи до кај 3-4 дена, ако користам интернет еден ипол ден максимум после тоа почнува да кажува дека батеријата е слаба. Не е баш најдобра опција ако сакате да имате издржлив телефон.
 
сониериксонот шо го имав држеше по недела дена од прилика. ова ха те це во 2 до 3 дена
 
Секој модел од секој произведувач не е ист па неможеш пример сите телефони од Samsung или Sony Ericsson да ги отфрлиш. Јас сум задоволен со мојот Сони Ериксон К800. Душата му ја вадам, разгоравам на него, играм игри или сурфам нон-стоп. Некаде околу 2 дена ми држи но со максимално користење. Доколку нормално го користам можеби 3-4 дена. Што е сосема ОК.

А инаку генерално мислам дека Нокиа се телефони со најголем живот на батеријата. А со најмал Iphone. Барем по мое искуство.
 
blackberry-torch1.jpg


Мојот блекбери држи значи батеирија просечно 3 дена. Во основна верзија Јавување, смс, и малку сликање, испаѓа до 4 -5 дена да ја држи батеирјата, а со интернет, wi fi , апликации и сл, оди околу 2 дена пошто процесорот и тач скринот цеди батерија ептен. Во глобала сум презадоволен и никогаш не ме оставил на “цедило“ за батерија:-)
 
Секој модел од секој произведувач не е ист па неможеш пример сите телефони од Samsung или Sony Ericsson да ги отфрлиш. Јас сум задоволен со мојот Сони Ериксон К800. Душата му ја вадам, разгоравам на него, играм игри или сурфам нон-стоп. Некаде околу 2 дена ми држи но со максимално користење. Доколку нормално го користам можеби 3-4 дена. Што е сосема ОК.

А инаку генерално мислам дека Нокиа се телефони со најголем живот на батеријата. А со најмал Iphone. Барем по мое искуство.

Јас имам Samsung со нормално користење по 6 дена ми трае
 
МОјот samsung s5230 држи по 12 дена батерија ако не играс игри и слисас музика.
 
Не знам за вас .. ама според мене најдобра батерија има Sagem .. имав my450x држеше и до 8 дена .. сега имам my750x и тој не е лош до 7 дена цепа а го зборам ! :))
 
нокиа ц1 дуал сим 14 дена кај мене со 1 час разговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom