Хрватска е се подалеку од ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Датум: 03.04.2011, 10:48

ОЦЕНКА НА ХТВ

Хрватска е се подалеку од ЕУ
981C34A948EFC24788D2DFDD13276473.jpg

Патот на Хрватска до полноправно членство во ЕУ станува се подолг и се е помалку веројатно дека претпристапните преговори на земјата со Унијата ќе завршат во јуни, како што очекува официјален Загреб, оцени државната Хрватска телевизија (ХТВ).
Според телевизијата, иако актуениот претседавач со ЕУ, Унгарија најавуваше дека преговрите за членство на Хрватска ќе завршат до крајот на нејзиното претседавање, станува се поизвесно дека разговорите ќе продолжат и за време на полското претседателство кое започнува од 1 јули.

Еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан во изјава за ХТВ вели дека Хрватска ќе стане членка на ЕУ во „следната финансиска перспектива“.
- Кога зачленувањето точно ќе се случи се уште останува отворено прашање, иако преговорите се ближат кон крајот - изјави Хан.

Во напорите на Хрватска за завршување на преговорите до јуни годинава, власта и опоаицијата „склучија приомирје“, при што опозициските партии се обврзаа дека нема да бараат предвремени избори се додека не завршат претпристапните преговори.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F9BB83BAEB314C4F9B69D830B2114B68
 
Мудар потег на Хрватска- од 1 април годинава таа ги укина визите за русите .:aplauz:
 
Да но Хрватска толку не опина за прием во ЕУ.Би рекол дека повеќе ЕУ ја сака Хрватска отколку самата Хрватска.
 
А ЕУ поради каква причина сака хрватска во униата? Каква корист има?

Хрватска има добра геостратешка положба. Има излез на море и тоа на најубавото во Европа - Јадранското. И Бугарија влезе во ЕУ само затоа што има море (и нафта) ништо повеќе :)
 
А ЕУ поради каква причина сака хрватска во униата? Каква корист има?
А од Бугарија каква корист имаше?На ЕУ и требаат такви како Хрватска ,Бугарија Македонија а не и требаат економски гиганти како Турција.
 
Хрватска има добра геостратешка положба. Има излез на море и тоа на најубавото во Европа - Јадранското. И Бугарија влезе во ЕУ само затоа што има море (и нафта) ништо повеќе :)
Молам?:kesa:

--- надополнето ---

А од Бугарија каква корист имаше?На ЕУ и требаат такви како Хрватска ,Бугарија Македонија а не и требаат економски гиганти како Турција.
Прво на ЕУ требаше поврзуване на старата членка Грциja,второ заобкржуване на Западен Балкан,цедка за емигрантите от близкиот изток, намалуване руското влиjaние на Балканот.
 
Пресудата во Хаг ја урна поддршката за ЕУ

Здружен злосторнички потфат немало во Хрватска, тврди државниот врв за правната матрица што се наметна како клучна во пресудата на генералите Готовина и Маркач, кои добија по 24, односно 18 години

hrvatska%5B15%5D.jpg

Демонстранти завчера во Загреб го искинаа знамето на ЕУ
Три дена очај, мачнина и револт во Хрватска по изрекувањето на драконските казни за Анте Готовина и за Младен Маркач. Во повеќе градови беа организирани протести за поддршка на генералите, кои за Хрватите се вистински херои, а не злосторници како што им се импутира во Хаг.

Државниот врв драматично реагираше на одлуката – во земјата немало никакво здружено злосторничко дејствување. Адвокатскиот тим на Готовина и на Маркач (а за тоа и Владата се стави на располагање) имаат задача да ја урнат во второстепената постапка оваа квалификација на Хашкиот суд.

- Оваа пресуда ме шокираше и мене - изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, веднаш по изрекувањето на казните од 24 години за Готовина, односно 18 години за Маркач.

Тој нагласи дека е уверен оти во Хрватска немало здружен злосторнички потфат, а пресудата колку и да е тешка, сепак не ја доведува во прашање легитимноста на татковинската војна и легалноста и легитимноста на ослободителните акции, вклучувајќи ја и „Бура“.

- Хрватска ги почитува и ќе ги почитува сите херои што ја бранеа и чуваа земјата - дециден е Јосиповиќ.
За премиерката Јадранка Косор правната битка на генералите Готовина и Маркач сé уште не е готова. Таа тврди дека е неприфатливо тврдењето од Хаг дека државниот врв на Хрватска на чело со претседателот Фрањо Туѓман, хрватската војска и полиција биле здружени во злосторничко дејствување против Србите.
- Владата ќе преземе сé во согласност со правните можности таа квалификација да се поништи пред второстепената комисија. Нашиот став за карактерот на операцијата „Бура“ е многу јасен. Тоа беше легитимна воена операција за ослободување на хрватската државна територија од окупација. Ние навистина не се плашиме и горди сме на нашата победа и на сите оние што овозможија денес Хрватска да биде слободна, независна и демократска држава - изјави премиерката Косор.

Но, по ваквиот тек на настаните, евроскептицизмот веќе ги зафаќа некои од Хрватите, на кои во голема мера им се повредени чувствата со одлуката на Хашкиот суд. Испитувањата што ги спроведоа две агенции, „Ипсус плус“ за Нова-ТВ и „Медијана“ за „Јутарњи лист“, покажуваат стрмоглав пад на поддршката за членство во ЕУ (35, односно само 23 отсто).

- Катастрофа. Некоректно е да се осуди човек што ја бранел земјата, а Веселин Шљиванчанин, кој напаѓаше, веќе е на слобода. Јас отсекогаш сум бил за Европа, но сега се прашувам ни треба ли таква Европа - нагласува Борис Немец, хирург од Загреб.

И хрватските политичари, политиколози, историчари, адвокати, лекари, академици, актери и граѓани имаат единствен став по одлуката за генералите. Таа е чисто политичка одлука, судењето во Хаг не било објективно, а пресудата е невтемелена и апсурдна.

- Одлуката го компромитира Меѓународниот суд затоа што не се докажани тезите за прекумерно гранатирање на Книн, како ни тезите за злосторнички потфат - смета политикологот Дамир Грубиша.
Мнозинството Хрвати остануваат разочарани, бидејќи очекувале поинаква пресуда за генералите. Се прашуваат, ако „Бура“ била злосторнички потфат, тогаш што се Вуковар и Овчара.

Сега сета надеж е насочена кон второстепената пресуда. Дека шансите се големи за уривање на тезата „заеднички злосторнички потфат“ и да се премине кон утврдување на индивидуална вина, потврдува и реномираната хрватска адвокатка Јадранка Слоковиќ. Адвокатските тимови на Готовина и на Маркач веќе се зафатија со пишување на жалбата, а државата Хрватска им се стави на располагање.

Третиот хрватски генерал Иван Чермак, веднаш по ослободителната пресуда од Хаг се врати во Хрватска со владиниот авион. Лично на аеродромот го пречека Косор, но јасно е дека радосната вест за неговото ослободување, падна во сенка на пресудите на неговите колеги Готовина и Маркач. Чермак е примен во болница, каде што му се направени повеќе медицински испитувања, но лекарите тврдат оти не се работи за нешто сериозно.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4181184725&id=11&prilog=0&setIzdanie=22260
 
Мислам дека уствари Хаг, допринесе за уште поголема дестабилизација помеѓу човечките односи помеѓу Хрватите и Србите.
 
абе таа еу веќе не е млада згодна женска па ние да трчаме по неа.
Утре ни доаѓа Лавров, со Русите му е мајката да се договориме.
 
абе таа еу веќе не е млада згодна женска па ние да трчаме по неа.
Утре ни доаѓа Лавров, со Русите му е мајката да се договориме.
Ама ние не сме ние ако не трчаме по орлојте мадина.....
 
абе таа еу веќе не е млада згодна женска па ние да трчаме по неа.
Утре ни доаѓа Лавров, со Русите му е мајката да се договориме.
Што очекуваш да ти каже утре Лавров?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom