Успешно е завршено снимањето на долгометражниот игран филм „Панкот не е мртов“, по сценарио и режија на Владимир Блажевски, објави „Панк-продукција“.
Снимањето траеше седум недели, главно на локации во Скопје, но и во Куманово, Дебар и Дебарско Езеро. Проектот е поддржан од Министерството за култура преку Филмскиот фонд на Република Македонија.
Филмот е урбана љубовна приказна меѓу Митре (Јордан Симонов) и Нина (Камка Тоциновски), а жанровски припаѓа во црна комедија. Другите улоги ги играат Џевдет Јашари, Тони Михајловски, Кирил Поп Христов, Владимир Тулиев, Ратка Радмановиќ, Даниела Димитровска, Данчо Чевревски, Димитар Зози…
Директор на фотографија е Димо Попов, костимограф Илина Ангеловска, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, за шминката е задолжена Мојца Горогранц, а музиката е компонирана од Александар Пејовски. Се работи за Панк филм и објаснување на некој дејствија кој ја претставуваат Македонија во грешна слика. Во филмот учествува и навивачката група Комити Скопје!
извор: www.items.com.mk