Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Дека Историјата е мост што ги зближува луѓето од разни епохи докажува нејзината способност да ги поврзува луѓето и да овозможува своевидна комуникација со древните цивилизации, настаните и епохите.
Иако лоцирани на два спротивни краеви од континентот, двете земји, Шкотска и Македонија ги поврзува една карактеристична историска врска.
Кланот Гордон се стара и истакната фамилија, по потекло од Нормандија, каде се знае дека имале огромен имот.
Од најдалечното минато на нивниот род, биле дадени многу легендардни објаснувања за потеклото на Гордоните.
Најчесто сретнуваната претпоставка вели дека тие потекнуваат од еден град во Македонија, наречен Гордонија, во близина на денешна Гевгелија од каде што подоцна заминале за Галија.
Оваа информација се наоѓа во изворите за историјата на Куќата на Гордон и историјата на Нормандија.[1][2]
Сепак, најубедлив е фактот дека крвната врска меѓу нашите две земји се потврдува и преку друга карактеристично силна историска линија. Поточно, единствениот син на последниот македонски крал Персеј, кој го носел името Александар, бил сеуште дете кога после поразот од Римјаните предводени од Аемилиус Паулус во 167 п.н.е., заедно со неговиот татко бил заробен и држен во заложништво во Алба – старото галско име за Шкотска.
Во Шкотска, Александар првин ги изучил вештините на уметничка обработка на метали, претежно злато и сребро, гравирање и обликување различни украсни дизајни. Занает кој има длабоки антички корени. Притоа го изучил латинскиот јазик и станал јавен нотар.[3][4][5]
Најпознатиот шкотски историски автор меѓу 18 и 19 век, Сер Валтер Скот, во своето дело насловено „Легендата за Монтроуз“ која беше издадена во далечната 1819 година, на страна 218 запишал:
"Омилениот шкотски борбен ред донекаде наликуваше на македонската фаланга. Нивната пешадија формираше цврсто тело, вооружено со долги копја, непробојно дури и за вооружените мажи од овој век, иако добро опремени и облечени во непробојни одела."[6]
Наредната трага, која можеби само ја надополнува оваа историска врска, може да се најде во германската хроника од 1482 година, а цитиранa во збирката „Историја на делата на учените или извадени белешки од книги“[7] издадена во 1699 година во Лондон.
Во нив на страна 83 се вели:
"За ова, тој инсистира на големо во својата Трета Книга, и мисли дека е
повеќе веројатно, затоа што Приказната на Саксо, Основачот на Саксонската нација, се согласува со тоа. Тој вели дека сите автори, со исклучок на Кранциус, се согласуваат. Дека Саксонците биле некои остатоци од македонската армија, и дека пред да дојдат во Германија, тие се нарекувале Македонци, за ова тој се повикува на германски хроники, печатени во Ментц, во 1482. Летописите на Фризланд, и
други."
[2] http://bydand.orconhosting.net.nz/page3.htm
[3] Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology by Sir William Smith стр. 124
[4]Livy, xlv. 42
[5]Plutarch, Aem. Paul. 37
[6] A Legend of Montrose, by Sir Walter Scott стр. 218
[7] http://www.archive.org/details/historyofworksof01londuoft
Извор: http://macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/519-2011-04-02-03-16-54
.

[1] http://www.houseofgordon.com/HISTORY.html[2] http://bydand.orconhosting.net.nz/page3.htm