Молам само тие што знаат да одговорат, се работи за стипендии и информации

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Ја отворам темава бидејќи баш и деликатна е работава и ми требаат повеќе информации.

Станува збор за мене и сестрами ( читај имаме статус на деца без родителска грижа до 18 години ).

Следниве информации ми се потребни :

1. Дали тоа што немам државна матура полагано губам од шансите да се запишам на факултетот по Историја( мојата генерација немаше матура ).

2. Дали можам сега да ја полагам и колку пари ќе ме кошта?

3. Бидејќи и мојата сестра е матурант планира да се запише на Општа Медицина факултетот, така да двајцата ќе се запишуваме јас 23(тогаш) таа 19 имаме право на Студентски дом т.е безплатно да ги користиме нивните услуги?

4. Дали имаме на било каква и која е таа стипендија?

5. Кои се поволности ги пружаат Факултетите и Министерството за децата со статус на деца без родителска грижа до 18 години што имале?


Со Вашиот коментар не само на мене што ќе ми помогнете, туку ќе помогнете и на многу други деца кои не се информирани а имаат статус како мојот или уште полошо, деца без родители ( починати ).
 
За децата од дом знам дека добиваат 18 илјади денари месчна стипендија доколку се запишат на факултет.
 
Знам за таа но сакам баш онака се да си знам да не згрешам бидејќи една грешка и отиде се у к... ќе ги оставам братми и сестрами без пари, или некој од нив обратно.

Без разлика од каде доаѓа студентот има два статуси деца без родители и деца без родителска грижа, некои со старатели некои во дом, на крајот исти статус имаат.
 
Глеј неќам да вршам пропаганда, али Владава мислам Груевски има направено многу за децата од дом.
3000 илјади евра добиваат веднаш штом ќе го напуштат домот,добиваат оооогромна предност при вработување,бесплатни социјални станови итд итд...
Не знам како е кај тебе ситуацијата но терај ја работава до крај не можеш ништо да изгубиш.

п.с Си бил ли во дом?
 
Не сум во дом туку 3ца сме кај баба ни како старател ни беше.
И јас го имам тоа право на 180.000 денари ако решам да се иселам.
Сега барам информации дан ме заебаат што ќе полнам 23 летово па да не ми дозволат некоја стипендија.
Но бидејќи до 26 години трае сето тоа ако успеам да се запишам ваљда ќе успеам.
Убаво спомна за становите, никако да најдем информација за нив, по кој критериум се добиваат.
 
Поима немам побарај на нет.
Но не чекај активирај се.
Да сум на твое место би отишол лично и кај Груевски(откако ќе ги исцрпиш сите можни варијанти).

Инаку ова се зборови на Грујо (кој во детството се има дружено со домски деца)
-Знам дека живеете во тешка ситуација дека немате стан/грижа и буквално сте препуштени самите на себе, затоа во иднина ако станам политичар и дојдам до висока позиција ќе направам се што е во моја моќ да ви помогнам.
Уште кога стана министер им помагаше при вработување итд, итд

Знам дека ова личи патетично ко да ме плаќаат или сл. но ова го имам слушнато од домски деца.
Лично познавам две фамилии кои добија социјални станови во Ѓорче Петров по оваа основа.

п.с Кој не ми верува идеме на нотар и ставаме облог од 1000 евра.

п.п.с Скај иди до крај !
 
За првото незнам дали губиш од шансите, кога јас се запишував минатата година на економски, тие што немаа матура(а биле скрос одлични во средно) сите имаа по 80 бода рамно.

За последното доколку се запишеш на факултетот те ослободуваат од плаќање на партиципацијата без разлика дали е приватна или државна.
 
За првото незнам дали губиш од шансите, кога јас се запишував минатата година на економски, тие што немаа матура(а биле скрос одлични во средно) сите имаа по 80 бода рамно.

За последното доколку се запишеш на факултетот те ослободуваат од плаќање на партиципацијата без разлика дали е приватна или државна.
Ми се чини дека си грешка.
Јас знам само за првата да ти одговорам. Тие што немаат матура, добиваат одредени бодови од просекот, а другите бодови им се од предмети што се бараат на факултетот(3-4-5 предмети, не знам точно, пробај да најдеш конкурс, ако не најдеш јас до утре ќе побарам и ќе ти пратам). Затоа имаа некои 100 бода, а со матурата она невозможно е да имаш рамно 100 бода.
 
Ми се чини дека си грешка.
Јас знам само за првата да ти одговорам. Тие што немаат матура, добиваат одредени бодови од просекот, а другите бодови им се од предмети што се бараат на факултетот(3-4-5 предмети, не знам точно, пробај да најдеш конкурс, ако не најдеш јас до утре ќе побарам и ќе ти пратам). Затоа имаа некои 100 бода, а со матурата она невозможно е да имаш рамно 100 бода.

Te молам побарај.
 
Ако паметам добро на ФГД оние кои полагале државна матура имаа предност во запишувањето, не сум 100% сигурен ќе прашам и ке биде надополнето тука за едно 1 саат, најарно е да си прашаш на студентски од посакуваниот факултет, и прати еден е-маил на mon.gov.mk ако ништо друго бар ќе ти кажат кај да се обратиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom