- Член од
- 10 октомври 2008
- Мислења
- 1.107
- Поени од реакции
- 51
Биста на Ванчо Михајлов во велешки двор
26.02.2010 16:19
Велешанецот Драги Каров утрово ги оствари најавите и во својот двор постави биста на контроверзниот лидер на ВМРО, Ванчо Михајлов. Денеска само пробно. Вечер ќе ја извадел, а повторно ќе ја поставел в недела, за кога е закажана свеченост и нејзиното официјално откривање.
Со бистата, Каров и Бугарите во Македонија, сакаат да го одбележат делото на овој револуционер, кој се залагал за македонска држава, но се до својата смрт пред 20 години го негираше постоењето на македонска нација и јазик.
„До 45 година немаше никаде Македонци, сите се осеќаа Бугари. После 45 година дојде македонската нација. цел свет тоа го знае“, вели Драги Каров.
Исто како и за Тодор Александров пред 2 години, Каров ниту за Михајлов нема дозвола за поставување на бистата. Смета дека не му е ни потребна зошто користел приватен, а не јавен простор.
Инспектори од општината излегоа на терен, но не презедоа ништо зошто немало градежни работи.
Драги Каров
„Не е ова дивоградба. Дивоградба е, го гледате ли Велес, 90 посто се куќите дивоградби, па никому ништо“, рече Каров.
- Што ќе направите ако ви го урнат?
„Како ќе ми го урнат. Не гледам како можат да ми го урнат“, додаде Каров.
До крајот на годината Ванчо Михајлов ќе се појави и во Скопје. Неговата восочна фигура ќе биде дел од музејот на ВМРО, што го финансира Владата.
„Прво и основно објектот не е легален, прашање е која институција треба да превземе одредени чекори, во овој случај се работи за поставување само на монтажен дел или нешто што би требало да биде постамент, а не е и поставување на биста“, рече Горан Петров, градоначалник на Велес.
Извор
la-loca и darkheart..вие сте на ред!
![](http://a1.com.mk/images/prazno.gif)
![](http://a1.com.mk/images/prazno.gif)
![](http://media.a1.com.mk/media/vesti200/bista-vanco-mihajlov.jpg)
Велешанецот Драги Каров утрово ги оствари најавите и во својот двор постави биста на контроверзниот лидер на ВМРО, Ванчо Михајлов. Денеска само пробно. Вечер ќе ја извадел, а повторно ќе ја поставел в недела, за кога е закажана свеченост и нејзиното официјално откривање.
Со бистата, Каров и Бугарите во Македонија, сакаат да го одбележат делото на овој револуционер, кој се залагал за македонска држава, но се до својата смрт пред 20 години го негираше постоењето на македонска нација и јазик.
„До 45 година немаше никаде Македонци, сите се осеќаа Бугари. После 45 година дојде македонската нација. цел свет тоа го знае“, вели Драги Каров.
Исто како и за Тодор Александров пред 2 години, Каров ниту за Михајлов нема дозвола за поставување на бистата. Смета дека не му е ни потребна зошто користел приватен, а не јавен простор.
Инспектори од општината излегоа на терен, но не презедоа ништо зошто немало градежни работи.
![](http://media.a1.com.mk/media/vesti200/dragi-karov.jpg)