"Ова не е американски филм" - "This is not an american movie"

Член од
27 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Bravo za filmot:) Konecno sovremen filmski jazik vo konkretena smisla na zborot!
Scenarioto e odlicno napishano,super filmski efekti i zanrot ne e lesen za igra!
A glumcite ne se losh izbor- Senko,Ristanovski,Jovanovski, a taa Maja e super jaka,nasha glumica e?
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Кој ќе оди да гледа ќе се кае ама нема назад:)
Полошо нит сум гледал нит ќе гледам.
А да или па.....имаше нешто уметничко што ја не го разбрав???
Убаво пиша еден уназад форумџија,да ти е жал за парите што си има ги дал:(
 
T

Tetro

Гостин
Ќе одев да го гледам, ама некако ме одвративте од патот (не сакам да заспијам таму ако ми стане досаден) :) И така ќе си чекам додека не излезе на носач за домашна снимка, па дома да го гледам.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
солидно филмче
mass cliches али се трпи :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
катастрофа е приказната, има неколку скечеви кои ќе те насмејат ама тоа е се. ви филмот играат актери кои се блиски до политичката партија и тоа ме изнервира гласвна улога е актерот кој на митинзи ги најавува политичарите на вмро, исто така главни и споредни глумци се тие од владините реклами и се гледа зашто на овој филм м уе дадено 750 иљади евра за да се снима а досаден и глупав. Ама навистина кај нас без вмешаност на политика не може.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Седмиот печат

FADE OUT за филмот на Сашо Павловски

Сунчица Уневска

Најновото македонско остварување „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски е вистински феномен. Гледате нешто цели 86 минути, при тоа немајќи поим што всушност гледате. Ако ова дело требаше да алудира на гангстерски филм, тогаш нема ни „г“ од тоа, комедија не е, бидејќи не е ни малку смешен, пародија сигурно не е, затоа што тогаш треба нешто да исмева, а тоа значи нешто да прикаже или на било каков начин да дефинира и на крајот, треба да има некаква цел, идеја или поента, што овде апсолутно не е случај. „Ова не е американски филм“ можеби може да биде се', но сигурно не филм, бидејќи има основни непознавања од тоа што е филм и има проблем со базичните елементи што едно дело го прават филм.

Тогаш, стварно не треба да ни биде нејасно зошто се' повеќе и повеќе нашите филмови си ги правиме за дома. Како и би можело да одат на фестивали? Не дека на фестивалите нема лоши филмови. Напротив, има многу слаби остварувања, но тоа се филмови. Има основни правила што едно дело го прават филм и кој може да е направен вака или онака, може да има многу недостатоци, но сепак да биде филмско дело. Тоа сигурно е „минимумот“ што треба да се исполни за еден филм да оди на фестивал.

Но, кога ги гледате филмовите на нашите млади автори (тука се и поддржаните кратки, документарни...) се прашувате каде има курцшлус. Што се случува? Каде младите учат филм и кој во државава одлучува дека Сашо Павловски како дебитант, кој досега не покажал ништо, треба да добие максимум од 500 илјади евра, колку што добива и еден од нашите најдобри автори, Столе Попов? Или зошто Павловски добива двојно поголема сума пари од Владо Блажевски, кој покажал и докажал дека знае што е филм, исто како и помладиот Светозар Ристевски, но кој со свои две дела доби награди и отиде на бројни светски фестивали? Кој носи вакви одлуки и кому тие му се во интерес?

„Ова не е американски филм“ собрал многу добри македонски актери, кои за жал, не можете да сфатите како може да изгледаат толку безлично. Како и не би, кога овој филм нема во себе приказна, нема мотив, нема фокус, тој е тотално недефиниран, наивен, направен аматерски, нешто започнато, но недовршено. Во него нема гангстери, ниту нивна пародија, ниту нивна сенка, во него нема дејствие, нема течение, акција или настани. Се нешто е етерично, нејасно, недофатливо.

Навистина е неверојатно како гледате нешто пред вас, нешто што некој се обидувал да го вообличи, со сценографија, костимографија, со добрата музика на „Фолтин“, гледате ликови, навидум настани, а всушност, нема никаков правец, нема никакво значење. Славиша Каевски цело време реди цитати од филмови, кои немаат никаква функција, на ништо не асоцираат и во ништо не се вклопени. Исто како и филмот, кој нема допир со ништо, ниту со некој филм, ниту со некаква реалност.

Ова дело сигурно не е американски филм, но не е ни македонски филм, тоа не е ништо. Уште за време на снимањето американскиот актер Кај Еванс ни зборуваше дека тие во филмот си играат, дека ги исмеваат американските филмови и ликови, дека тој не случајно се вика Били Вилис. Но, во ова ужасно празно деби на Павловски, во кое една ситна банда сака да ја ограби американската амбасада, тоа го нема никаде. Жално е колку ликот на Кај Еванс е без никаква смисла. Додека кулминацијата на бесмислата следува кога на крајот ќе дознаете каде лежи „заплетот“...

FADE OUT (исчезнување на сликата), зборот што босот, кој го игра Сенко Велинов, цело време го повторува сакајќи да го смени кадарот и да си создаде свој филм, е можеби во овој бесмислен контекст и единствено успешен. Она единственото во што овој филм успева, е да исчезне и да ви побегне од раце, не успевајќи ништо од него да фатите. Навистина не би можеле да го анализираме, ниту да говориме за ликови, бидејќи ниту може да го окарактеризираме како филм, ниту можеме да зборуваме за улоги. Бидејќи, „Ова не е американски филм“ е наивен и аматерски обид, со голема поддршка од државата, да се направи филм во филм во филм, кој и не можеше да заврши поинаку освен аматерски.

Преземено од утрински весник.
 
потполно е во право текстот, и јас кажав нема приказна и ова стручно е објаснето, навистина многу ретко правиме фимови како пред дождот, тетовирање, среќна 49, Балканкан, и такви филмови изгледа излегуваат еднаш на 10 години. Трагедија но мислам дека се до мешање на политиката и во овој дел, уствари политиката сегде се меша и затоа вакви дегенски работи снимаме. Многу ми е криво што имаме добри глумци а не знаеме една приказна да направиме. исто така ми е криво што среќна нова 49 нема второ продолжение филмот убаво завршува а нели викаат како правило ако не ти се допаѓа крајот на филмот значи целиот филм не го бивало. ме интересира како пиги ќе се снајде на запад и после пак ќе се врати во макеоднија значи има материјал за второ продолжение ама не знам зашто не направат приказна.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Од кај може да се симне филмов,го има ли на замунди и томе слично?
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
го гледав вчера филмов,на почетокот ми изгледаше како нешто стварно добро и мислев дека филмов ќе го биде,но како идеше времето филмот стануваше тешко срање ТЕШКО!едниствено добро од почеток до крај беше музиката,филм без никаква смисла,цел,филм што во кој неможете да разберете во што е фината,на крајот дури и ми се приспа во тоа кино салата,немаше ниту еден аплаус.Текстот од Утрински кажува све,така да доколку сакате да го гледате почекајте пиратска верзија не давајте пари за џабе.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Кога видов кој е главна улога, одма ми се одмили. Ајл пес!
+1
го гледав вчера филмов,на почетокот ми изгледаше како нешто стварно добро и мислев дека филмов ќе го биде,но како идеше времето филмот стануваше тешко срање ТЕШКО!едниствено добро од почеток до крај беше музиката,филм без никаква смисла,цел,филм што во кој неможете да разберете во што е фината,на крајот дури и ми се приспа во тоа кино салата,немаше ниту еден аплаус.Текстот од Утрински кажува све,така да доколку сакате да го гледате почекајте пиратска верзија не давајте пари за џабе.
Како и повеќето македонски филмови. Баш штета што тргнаа пари да перат и од македонската кинематографија. Колку рече 700.000 евра? А колку стави во џеб од нив?
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Ако имате саатипол екстра и 150 денари за фрлање, гледајте го филмов. Јас отидов да го гледам од љубопитност, а девојка ми буквално заспа од шо беше тапа. Требало да има нешто оригинално во филмот, али за жал останало само како идеа со многу бедна изведба. Сакам да го пофалам секој македонски филм, ама ова беше тешко срање.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
а па кај *ур ја најдоа таа маја ли како се викаше плавушата везе нема од глумење аматер до коска,збори како да чита од нешто,ама тоа е најмал проблем кога сценариото нема никаква смисла џабе добри актери штета за музиката од фолтин стварно е врв.

--- надополнето ---

Како и повеќето македонски филмови. Баш штета што тргнаа пари да перат и од македонската кинематографија. Колку рече 700.000 евра? А колку стави во џеб од нив?
500 илјади,дечкото сакал да направи прво остварување да му биде филм,кој му дава 500 илјади на дебитант бе ова може само кај нас да се случи,а актерите мора да дојдат иако го прочитале сценариото дека е занигде,колку што знам сенко велинов е близок со владечката партија,глумеше и во од денес за утре на сител што беше,очигледно дека ова е негово време све главни улоги
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184

Наслов:
„Ова не е американски филм“ (This is not an American movie)

Режија:
Сашо Павловски

Сценарио:
Павел Јех

Главни улоги:
Сенко Велинов, Тања Мицков, Никола Ристановски, Кај Еванс, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски

Жанр:
пародија/сатира/ акција

Времетраење:
86 мин.

Година на издавање: 2011

Глобализацијата е интересен феномен. Тој создава догми на размислување, создавање, и ценење на нештата, па често имаме потешкотии со прифаќањето на се што не е во таа догма. Може да се констатира дека таму припаѓа и Холивудската кинематографија. Холивуд, спореден со европската кинематографија е како Давид спореден со Голијат. Младите филмејкери денес се свесни дека ако сакаат да успеат, мораат да играат според правилата на Холивуд. Епилог од сето тоа: филмаџиите ја губат индивидуалноста и филмската уметност потклекнува на комерцијализмот. Дали работите ќе се променат на подобро? Времето ќе покаже.

Младиот режисер Сашо Павловски во својот деби филм „Ова не е американски филм“, на свој начин го искажа незадоволството од состојбата во која се наоѓа кинематографијата . Сенко Велинов во филмот е „Шефот“, лидерот на група „ситни“ криминалци кои имаат специјални моќи. Да сопрат сцена со едно изговорено „fade out“, да прескокнат сцени, да создадат флеш- бекови, а „Шефот“ ја води и нарацијата на филмот. Тој е на умирање, а последниот грабеж со тимот (Тони Наумовски, Славиша Каевски, Тања Мицков, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митрески и Игор Ангелов) е насочен кон Американската амбасада во Скопје која е всушност, тајна филијала на ЦИА. Но, откако ќе остане без сценарист (Никола Ристановски), Шефот ќе мора да го заврши филмот и „работата“ по „сопствена режија“.

Поентата на Павловски и Јех е јасна. Со пародија и сатира на холивудските филмови да го прикаже влијанието кое тие го имаат врз нашите животи. Колкумина од нас ја употребиле реченицата „I'll be back“ или пак I'm going to make him an offer he can't refuse“ ? Сите сме заслепени од Холивуд. Но, се добива чувство дека сценариото на „This is not an American movie“ е пренатрупано и задушено со реплики од американските филмови, па полека филмот почнува да ја губи поентата. Добра замисла, но лоша реализација. Филмот постепено станува „This is an American movie“. Можеби тоа би можело да се направи посуптилно како на пример во „Airoplane!“ „Naked gun“ серијалот со Лесли Нилсен или пак „Hot shots!“ со Чарли Шин во главните улоги ( Повторно холивудски филмови за споредба) . Сепак, за поздравување е кастингот на Сенко Велинов во улогата на „шефот“, кој е навистина одличен . Актерот го има и „Тони Сопрано“ изгледот па одлично го доловува мафијашкиот лик, полн со стереотипи. Одличен е и Никола Ристановски како сценаристот, но не е доволно искористен неговиот талент во филмот. Преку ликот на сестрата на Шефот е начнато и влијанието кое го имаат сапунските серии врз македонските граѓани. Домаќинки опседнати со судбините на ликовите од турските теленовели, и соживувањето со истите.

Во склоп на премисата, режијата од Павловски е „холивудска“ па затоа често се присутни и бавните и долги кадри од лево на десно и специјалните ефекти кои ги има во речиси секој трилер. И за крај преку ликот на Били Вилис (Кај Еванс), прикажано е и „разгаленото“ однесување на површните холивудски ѕвезди и „квази- ѕвезди“. „Ова не е американски филм“ не е еден од најдобрите македонски филмови, но има доза на хумор, последен пат видена во „Бал-кан-кан“ и одлична музика од Фолтин. Комедијата за жал е најмалку застапена кај македонските режисери и со особена топлина се прифаќа секој современ филм кој припаѓа на овој жанр. Македонската публика долго чекаше современ филм, без емоционална тежина и без носталгично навраќање во историјата. Македонски филм кој глуми американски филм. Но сепак, „Ова не е Американски филм“.

Гледајте го „Ова не е американски филм“ ако ви се допаднале „Бал-Кан-Кан“ (2006), „Airplane“ (1980), „Hot Shots“ (1991), „Naked gun“(1988-1994), „Spy hard“ (1996).

Имам некое чувство дека ова ќе биде добар филм...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom