Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Либија не е толку компактна земја како што мислиш; ова не е инвазија од надвор, ова започна како (и сеуште е) граѓанска војна која може да заврши со расцепување на земјата на источен и западен дел (и во која Западот одлучи да се стави на страната против Гадафи).Како сакам Либија да ги згази, да не им текне да се вратат уште еднаш таму! Проклети крво(нафто)цицачи! Убијци на невини луѓе! Со нивните ,,мировни мисии" цел свет хаос го направија!
Поддршка за Гадафи!!!
Боби[Мкд];4170143 напиша:![]()
Саркози му завидува на Гадафи за убавината, затоа го бомбардира сеа.
Во Италија се шпекулира дека и Германија и Турција ќе учествуваат на ова акција..
Абе види, Либија е богата земја со висок стандард(барем тоа сигурно беше пред војната)! Познавам другари што работеле таму, информатичар плаќаа 2500 фунти месечно, што е релативно добар показател на државниот стандард! Иначе вакво национално движење на сите афрички земји со многу природни и подземно богатства не ми изгледа случајно, ипак сметам дека гнидите имаат замешано прсти..........Либија не е толку компактна земја како што мислиш; ова не е инвазија од надвор, ова започна како (и сеуште е) граѓанска војна која може да заврши со расцепување на земјата на источен и западен дел (и во која Западот одлучи да се стави на страната против Гадафи).
Баш на ова мислев!!!Американски конгресмен : Ние сме во Либија поради нафтата ...
"Well, we're in Libya because of oil. And I think both Japan and the nuclear technology and Libya and this dependence that we have upon imported oil have both once again highlighted the need for the United States to have a renewable energy agenda going forward," Rep. Ed Markey (D-MA) said on MSNBC.
http://www.realclearpolitics.com/video/2011/03/21/dem_congressman_were_in_libya_because_of_oil.html
Американски конгресмен : Ние сме во Либија поради нафтата ...
"Well, we're in Libya because of oil. And I think both Japan and the nuclear technology and Libya and this dependence that we have upon imported oil have both once again highlighted the need for the United States to have a renewable energy agenda going forward," Rep. Ed Markey (D-MA) said on MSNBC.
http://www.realclearpolitics.com/video/2011/03/21/dem_congressman_were_in_libya_because_of_oil.html
Не знам дали воопшто постои уште некој што верува дека Либија е нападната за да не страдaат цивили. Мене ме нервира што се оди преку ООН. Се повторува историјата на Лигата на народите... Организација на мир е само маска. На Америте кога ќе им секне чешмата со нафра одма шират 'мир низ светот'. Камо да се најде некој нив да ги срамни со земја, кучиња ненаситни.
Иронијата ние имаме 50 војници во Ирак пратено за да и помага на америка во ширењето на мирот и демократијата
148 војници имавме ние ...
Грешка 50 милиони трошиме годишно за тие војници да бидат таму![]()
Толку нема буџет армијата ок? Тоа е спонзорирано од НАТО.
Авионот од механички проблеми се рушил како што Невидливот во Србија.
Извињавамо се али нисмо знали да је био невидљив.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=746&ArticleID=48374Боби Христов
Околу четири и пол милиони долари годишно Македонија ќе треба да плаќа во заедничките фондови на НАТО кога ќе стане членка на Алијансата, а неформалните пресметки покажуваат дека трансформацијата на Армијата според стандардите на НАТО досега чинела повеќе од половина милијарда евра.
Македонските власти денеска во Брисел ќе реферираат дека земјата го завршува последниот циклус од акцискиот план за приклучување во НАТО. Тоа практично значи заокружување на суштинските реформи во одбраната и нејзина трансформација од грамадната „народна армија“ со околу 25-илјадна војска и резервен состав од околу 50 илјади лица, во како што велат надлежните, модерна натовски устроена армија.
Со последната регрутна класа, која замина на отслужување на воениот рок во април, АРМ на крајот на годинава ќе го има новиот лик - 7.969 лица и резервен состав од 4.850 лица. Тоа ќе биде за време на транзицискиот период до членството во НАТО, а потоа таа бројка треба да се сведе на околу 1.400 лица. Преостануваат само обврските за исполнување на правичната застапеност и тоа до крајот на 2007 година за кадрите со средно и до крајот на 2013 година за кадрите со високо образование, како и трансформацијата на Воената болница и Воената академија.
Аспирациите на Македонија за членството во НАТО датираат од 1993 година кога во декември македонското собрание ја усвои одлуката за полноправно членство во Алијансата. На 15 ноември 1995 година Македонија стана 27. членка на Партнерството за мир, а една година подоцна е примена во Северноатлантскиот совет за соработка со што формално почнува процесот на реорганизација и трансформација на одбраната. Првиот годишен национален план, документ во кој се прецизираат обврските за реформите според НАТО стандардите е од 1999 година, но суштинските и конкретни реформи на одбраната и структурата на АРМ почнуваат од 2002 година и особено со програмата за трансформација на Армијата донесена во мај 2004 година. Со тоа почнува тригодишното интензивно темпо на реформи.
Колку пари се потрошени во реформскиот процес?
Во изминатите четири години буџетот на одбраната е најголем во 2002 година со околу 111 милиони евра. Но, голем дел од парите, според анализите, тогаш е одбиен за покривање на трошоците од воениот конфликт. Буџетите во следните години се околу 100 милиони евра годишно, или се заедно од 2002 до 2006 година за реформите во одбраната се потрошени над половина милијарда евра.
Проекциите за следните шест години се дека за одбраната треба да се одвојат повеќе од 800 милиони евра. Според стандардите на НАТО од парите во одбранбениот буџет 50 отсто треба да се одвојат за персонал, 30 отсто за тековна работа и одржување, а 20 отсто за опремување и модернизација. Така, лани за опрема и модернизација на војската се потрошени 16 милиони евра, годинава 20 милиони, а предвидената сума за 2012 година 29 милиони евра.
Од вкупниот буџет на одбраната за годинава од 6 милијарди и 223 милиони денари, 80,8 отсто или околу 78 милиони евра се за потребите на АРМ.
И посакуваното членство во НАТО ќе чини пари. Во двата заеднички буџети на Алијансата - воен и цивилен, Македонија ќе плаќа околу 1 милион долари годишно. На тоа треба да се додадат и трошоците за македонскиот персонал во НАТО, кој се проценува да биде околу 50 лица, а да чини околу 3,5 милиони долари.
Комплиментите за реформите во македонската одбрана никогаш не изостанале од челните луѓе на Алијанса и од земјите-членки. Најавите и пред денешната средба на министрите за надворешни работи и за одбрана Илинка Митрева и Јован Мансиевски на Брисел се дека Македонија ќе добие петка за реформите во одбрана, но и предупредување дека до полноправното членство во Алијансата останува уште многу работа во исполнувањето на политичките и економските критериуми.
Фер-избори се првиот и главниот услов. Потоа следуваат спроведувањето на судските реформи, законот за полиција, подобрувањето на економските перформанси на земјата и битката против криминалот и корупцијата. Откако не се остварија процените годинава да се добие посакуваната покана за членство, пораките од Брисел веќе подолго време се дека надежите тоа да се случи во 2008 може да се поткрепат само со резултати во политичките и економските реформи.
Бугарските тенкови расходувани, „сухоите“ приземјени
Со преструктурирањето според стандардите на Алијансата македонската Армија мораше да се ослободи од деведесетте тенка Т- 55 што во 1999 година ги доби на подарок од Бугарија. И четирите воени авиони „сухои“, купени за време на воената криза се приземјени, а неколкуте обиди за продажба завршија безуспешно. Во военото воздухопловство остануваат воените хеликоптери МИ-24 и МИ-17.
АРМ според новата структура има 919 офицери, наспроти претходните 1.646, а бројот на вработените во МО е намален од 1.200 на околу 650 лица.
Годишно по 9 милиони долари за македонските мировници
Авганистан, Ирак и Босна се дестинациите во кои македонските војници учествуваат во меѓународни воени мировни мисии.
Војници на АРМ за првпат заминаа во меѓународна воена мисија на 7 август 2002 година кога двајца офицери заминаа во составот на турскиот контингент во мисијата ИСАФ во Авганистан. На 7 март 2003 одделение на втората пешадиска бригада замина во состав на германскиот контингент во мисијата ИСАФ -3, што е практично првото учество во меѓународна воена мисија на единица на македонската армија. Досега во оваа мисија имало 8 ротации, со по 19 војници.
Учеството во мисијата „Слобода за Ирак“ со 40 војници почна од 1 јуни 2003 година, со досега шест ротации. Со 4 медицински лица Македонија е и дел од заедничкиот тим со Албанија и Хрватска во Авганистан. Се очекува во Ирак да бидат испратени нови 90 војници од механизираната пешадиска чета. Со 17 војници и два хеликоптери, Македонија ќе биде дел и од мисијата на ЕУ во Босна, АЛТЕА. Со свои војници Македонија учествува и во бригадата на Југоисточна Европа - СИБИРГ.
Опремувањето на македонските мировници во периодот 2004-2006 година чинело 15 милиони евра.
За мировните и хуманитарните мисии во 2005 година се одвоени 105 милиони денари, а за годинава учеството во мировни мисии во странство чини 298 милиони денари, или околу 6 милиони долари. За 2007 се проценува да се одвојат 400 милиони денари, а со членството во НАТО процените се дека тоа ќе чини околу 9 милиони долари годишно.